Божјата благодат и силата на Светиот Дух со Кој се осветува водата, особено се чувствува на денот на Просвештението, кога правиме спомен на Крштението Господово од раката на Св. Јован Претеча. Со чинот на осветувањето на богојавленската вода и полагањето на крстот во водите, се символизира ослободувањето од гревот што Христос му го донесе на родот човечки. Во тој миг се случува осветување на сите води и секој што ќе се допре или пие од таа осветена и облагодатена вода, го чувствува Божјиот благослов, се исполнува со голема сила
Полагање на крстот во реката Радика
Приказна за двата чувари

А, белиот ангел уште лета околу куќата. Зашто многу ги љуби децата. Дури успеа да се прикраде и на магичната кутија за замрзнување на децата да ѝ додаде едно свое копче. Па ако некое дете случајно го притисне, ќе се одмрзне и ќе може повторно да се крсти, да трча, да работи, да љуби, да Му пее на Бога, со молитва да летне до самото небо!






Прашањата за можноста за богопознание и за неговите патишта има прилично значајно место во делата на свети Григориј Палама. Потребно е, сепак, веднаш да се забележи дека исходна точка на сето негово учење е утврдената од него потполна недостижност на Бога за разумот и Негова неискажливост со зборови. Таа мисла за непостижноста на Бога за разумот кај свети Григориј Палама е поврзана со сето негово учење за природата на Божеството,
На 14ти јануари 2019 година, во денот кога МПЦ-ОА молитвено го празнуваше споменот на Обрезанието по тело на Господ наш Исус Христос,и Молебен по повод Новото лето Господово 2019, во храмот на св.пророк Илија, во Скопје, беше отслужена Литургија на светиот Василиј Велики, на која чиноначалствуваше поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, г.г. Стефан,во сослужение на свештенството
– Се извинувам, но кога ме викнаа да ја водам аукцијата, ми кажаа за тајната наредба на сопственикот на колекцијата, но се до сега јас не можев да ја соопштам последната волја на сопственикот. Само сликата “Син“ требаше да биде ставена на аукција. Оној кој ќе ја купи оваа слика, тој треба да го добие во наследство целиот имот и целата колекцијата на сликите.
Утрото ме стигна – 



– Дрвото било обично, и плодовите биле вкусни за јадење, но нарушувајќи ја забраната на Бог, првите луѓе по своја волја го избрале злото, наместо доброто, затоа што секое зло почнува од непослушание, а од послушанието се излегува на добро. Врапчето, денес, беше за вас исто како плодот од дрвото на разликување на доброто и злото, и вие, исто како Адам и Ева, не послушавте. Тестот на Адам и Ева се покажа и над вашите сили.
Секој христијанин на светото крштавање добива ангел-чувар, кој невидливо го штити од секое лошо и го учи на секое добро, кој ги запишува сите добри дела што ги направил тој човек. Од друга страна, ангелот на злото во текот на целиот живот ги следи злите човечки дела и ги запишува во својата книга. Тој ги запишува сите гревови за кои, како што виде, ги испитуваат луѓето, кои минуваат низ
Има ли Христос „детски радости“? Има, и Он не ги заснова нив со помош на милиони, туку со Својата радост, која ни ја предава со Телото Свое, Крвта Своја и Духот Свој. Кои се тие „детски радости“? Едната од нив е основна – Црквата. Црквата среде грижите од овој свет е место на кое децата навистина можат да Го познаат Бога и да ја имаат природната атмосфера на Рајот. Тука е привлечен домот, Рајот, богослужението, тајните,
07 јануари 2019
Рождеството Христово, светата Црква, најсвечено го празнува како еден од најважните настани во историјата на човештвото. Затоа што, ако Христос не се воплотеше и родеше, немаше да биде реално и нашето спасение. Раѓањето Христово му дава смисла на животот човечки. Христос се роди како човек и му овозможи на човекот да се роди повторно (преку крштението),
Со луѓето често се случува следново: ако некој е лишен од нешто, за него е навредливо да гледа како другите го имаат истото. „Она што немам и другите да го немаат“. Непријатно е да се осознаеш себеси лишен и понижен. Изобилието на другиот ранува и ожалостува и ретко кој умее да им ја „простува“ на другите нивната даровитост… Навредата и недоброжелателноста лесно се превратуваат во завист и злоба…


























