Го проживеав денешниот ден – имаше ли некој полза од тоа?

Секоја ноќ си го поставувам тоа просто прашање: го проживеав денешниот ден – а некој имаше полза од тоа? Ете сум јас, познат актер, рокер – можам со вас да разговарам така, по жица да одите. Но зарем ќе ми биде подобро од тоа? Или вам? Едно од имињата на ѓаволот е „оној кој разделува“. Внатрешниот ѓавол ми вика: во право си старче, построј ги сите!









Не можам да го имитирам. Долго одекнуваше тој глас, беше еден крик: „Не сакам! Не сакам!“ Ѓаволот не сака да се покае. Секогаш кога ти велиш: „Не сакам да се променам, не сакам да си ја признам грешката, не сакам, бре, жити детето, остави ме на мира! Сакам да пијам, сакам да пушам, сакам да грешам, да развратувам, сакам, ми се допаѓа, убаво ми е, остави ме!“ – тоа е веќе алармантно.































