логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Optinski.starci.jpg

Глава 3

ЖИВОТОТ НА ОТЕЦ МАКАРИЈ
ПО СМРТТА НА СТАРЕЦОТ ЛЕОНИД (1841 - 1860 Г.)


Како што спомнавме, отец Макариј станал началник на скитот при Оптинското братство на 1 декември 1839 година. Од тој ден тој не престанал да се грижи за надворешното и внатрешното благоустројство на скитот. Цели 20 години тој го управувал и подобрувал со паричната помош на мнозина благодетели, кои од благодарност кон отец Макариј што ги поучувал душеспасително, се сметале среќни да покажат љубов кон него, и да пројават нагласено усрдие за подобрување на животните услови, во кои живееле тој и браќата. Скитот не само што се благоустроил, но бил и материјално обезбеден во својата издршка до таков степен, што имало вишоци, кои отец Макариј ги давал за издршката на манастирот. На крајот од својот живот старецот Макариј ја доживеал големата радост да го види скитот осигурен и за идните времиња. Еден богат почитувач на старецот - И. И. Подугарски, умирајќи во 1858 г. заветил голема сума за купување на доволно земја, од која можел да се издржува скитот.


Со помош на добротвори во скитот била изградена братска трпезарија, нов главен влез со камена камбанарија над него, а зградите со ќелиите биле обновени и поправени. Црквата била, исто така, многу украсена и започнала да привлекува внимание со својата убавина и благолепие. Ризницата била доведена во поредок и се збогатила со многу нови златошиени одежди и црковни облеки. Отец Макариј особено се грижел за торжественоста на службите и за убавото пеење.


Уште од млади години отец Макариј пројавувал голема љубов кон природата и особено кон цвеќето. Отсекувајќи ја од себеси таа невина склоност, тој, во едно време престанал да се грижи за цвеќето. Но, откако слушнал укори за тоа, повторно пред својата ќелија посадил цвеќе. Неговиот пример ги заразил и другите, така што, скитот скоро заприлегал на цветен рај. Во него имало и овошна градина од чии што плодови се ползувале браќата. А, вишокот се давал на поклониците. Скитот си имал и пчелни кошници.


Но, особено внимание отец Макариј обраќал на запазувањето на шумата, која го опкружувала скитот и ја обезбедувала скитската тишина. Тој, шумата ја нарекувал „жива ограда" на монашките жители. По неговите зборови, „човек добива во шумата спокој и душевна полза... Секако, треба да ги пазиме - рекол тој - шумите, кои ги опкружуваат пустинските заедници, така што, преку нивното уништување името пустина би се претворило во празен збор."
Во 1849 г. силна бура турнала многувековни дрвја. Жалејќи за случената несреќа, старецот вложил голема грижа да се расчистат опустошените места и да се пошумат со иглолисни дрвја, што и го направиле младите послушаници под раководството на еден од скитските браќа.
Со содејството на Московскиот митрополит Филарет, кој не го криел својот благопожелен однос кон отец Макариј, скитот бил официјално утврден од високото духовно началство и го добил правото да го зголемува бројот на браќата кои сакале да се населат во него.
Добро запознат со манастирскиот устав, старецот го подобрил црковниот ред, службите, читањето и пеењето. Тој не допуштал грешки и пропусти во таа област. Згрешат ли певците или канонархот, старецот ќе ги поправи. А, по службата ќе посочи кое како би требало да се исполни - и сето ова тој го вршел со љубов, кротко, тивко и разумно.


Неговата голема заслуга била создавањето на библиотека во скитот и собирањето на многу книги и на светоотечка литература, доколку во она време таква постоела. Отец Макариј умеел да им посочи на браќата соодветно духовно четиво, што одговарало на нивната духовна состојба. Во скитот биле отворени разни работилници, каде што монасите работеле во своето слободно време од служба и молитва.


Поради своето пелтечење, како и поради слабото здравје и особено поради крајното смирение старецот Макариј се откажал од самостојно свештенослужение. Понекогаш земал учество во соборните служби. На Велики Четврток среде црквата самиот ја пеел песната: „Чертог Твој вижду, Спасе мој, украшении и одежди не имам да вниду вон..." Но, како што пеел тој - Зборот „вижду" во неговата уста имал божем буквално значење, така што пеењето го изразувало она, што го гледале неговите ду-ховни очи. Старешкиот глас треперел од бранување, солзи се тркалале по бледите образи и срцата на служителите се исполнувале со умилност. Неволно секој си мислел: „Ти ли, земен ангелу и небесен човеку, облечен во одеждата на смирението викаш кон Господа: „одежди не имам да вниду вон!?"


Срдечниот однос на монасите од скитот кон старецот Макариј се пројавувал најмногу во тоа, што секој со готовност му ја откривал својата совест, откако му ги исповедувале, речиси, секојдневно не само делата и постапките, но и најскриените свои помисли. А старецот ги учел како да се борат со духовите на злобата (Ефес. 6, 12). Дверите на неговото срце, не само на неговата ќелија, биле отворени секогаш, дури и ноќе. Неговиот ќелијник сведочи, дека за 20-те години, за кои му прислужувал, никогаш не го видел својот старец разгневен на кого и да било од браќата, оти го обеспокојувале во невреме, или затоа што му пречеле да дремне малку и да си почине.


Старецот секогаш бил со браќата и во црква, и во трпезаријата. Тој самиот секојдневно ги распределувал послушанијата, ги разрешувал никнатите недоумици и секого го вразумувал и поучувал со љубов. На младите им налагал во слободното време да ја читаат книгата на авва Доротеј, која тој ја нарекувал „Монашки буквар", а на понапреднатите им определувал четива од другите св. отци. Никој не требало да стои празен. Читањето се сменувало со ракоделие. Старецот ја напомнувал свето-отечката мисла, дека оној што работи се бори со еден бес, а безделникот -со многу бесови. Затоа, едни се занимавале со стругарство, други - со подврзување на книги, трети - со правење на лажици, или препишување на светоотечки списи. На усрдните им давале награди: крпички, бројаници, некоја книга и др. Сите тие награди високо се ценеле од наградените. А нивните производи старецот ги подарувал на многуте свои посетители.


Старецот ги воспитувал сите да живеат во мир, љубов и еднодушност. Тој често ги повторувал зборовите на Спасителот: По тоа ќе ве познаат сите дека сте Мои ученици, ако имате љубов помеѓу себе (Јн. 13, 35). Особено го препорачувал смирението и самоукорот, откако ги учел да ги поднесуваат немоќите на ближните (Рим. 15, 1; Гал. 6, 2), тврдо да поднесуваат секакви маки, укори, непријатности и со благодарност да ги пречекуваат немоќите што им се случуваат, болести и разни други стра-дања, допуштени од Бога за спасението на душата.


Тој бил за сите се (1.Кор. 9, 22) и умеел да ги води сите кон крајната христијанска цел - спасението на душата (1. Петр. 1, 9), достигано по разни начини во зависност од различните карактери, способности и уморасположби. Кон немоќните и оние што се каеле бил снисходлив, а кон горделивите и многусловните - строг. Умеел да утешува со љубов, да зарадува едни со поглед, втори - со некакво мало внимание, во трети да ја пресече фалбата, да ги поттикне мрзливите кон труд, но без да ги укорува и без да им се гневи, да ги поткрепи безволните и да ги воздржи избрзаните, кои пројавуваат ревност не по разум (Рим. 10, 2). Тајната на неговото прекрасно влијание се криела во неговата голема љубов кон сите. Само едно не сакал старецот - желбата на некои да постапуваат по своја волја, да се самооправдуваат и да многусловат. Таквите тој ги оставил да прават што сакаат, та да ги казни самото нивно своеволие.


Отец Макариј го поседувал дарот на прозорливост, но го криел, бидејќи бил бескрајно смирен. На многумина од браќата, кои доаѓале кај него божем за благослов, а всушност сакале да ја исполнат својата волја, старецот велел: „Прави како знаеш! Но, гледај да не ти се случи тоа и тоа..." И настаните ја докажувале необичната прозорливост на старецот со точното остварување на неговото предвидување. На таквите послушаници, кои пристапувале со лукаво срце кон старецот, тој им велел: „Ете, тебе те стигна казна за тоа, дека ти се приклони налево. Ах, братко, размисли, на мене ли е неопходно твоето откривање на помислите? Непријателот страшно го мрази тој пат кон спасението како верен и најкраток... Ете зошто тој се труди на секој начин да те отргне од него. И покрај тоа што сум грешен, неразумен и слаб душевно и телесно, јас не се откажувам да го препорачувам она, што Бог го дава на мојот помрачен ум, и да бидам орудие на Неговата милостива Промисла, макар и да сум недостоен. Ако ти ги примаш моите зборови со вера, ќе придобиеш полза и преку мене грешниот. Ако, пак, немаш вера, тогаш, дури и праведник да ти говори, нема да имаш полза!"


Вразумените со таквите зборови излегувале од ќелијата на старецот, едни смирени, други - во восхитено расположение, и сите - преисполнети со радост и духовна полза.


Отец Макариј се однесувал со голема љубов и кон мирјаните, кои го посетувале, очекувајќи од него да добијат мудар совет. Уште додека бил жив старецот Леонид, отец Макариј примал на исповед како монаси, така и мирјани. Тој раководел мнозина во духовниот живот и ги потпишувал заедно со старецот Леонид испраќаните писма - одговори. На смртниот одар отец Леонид јасно го посочил отец Макариј како свој наследник. Затоа, оние кои се допрашувале до отец Леонид, по неговата смрт започнале без колебање да се обраќаат кон отец Макариј, гледајќи ги во него истите дарби, кои ги поседувал старецот Леонид - истиот дух, истата љубов.

 

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (1)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (2)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (3)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (4)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (5)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (6)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (7)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (8)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (9)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (10)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (11)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (12)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (13)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (14)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (15)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (16)

 

 Optinski.starci.jpg

Издавач: ЃаконијА  2004

Главен и одговорен уредник: Митрополит Брегалнички г. Агатангел



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3168
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7642
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

04/12/2024 - среда

Божикен пост (на риба)

Воведение на Пресвета Богородица- Пречиста
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. патријарх Калист Цариградски  и неговиот сотрудник Игнатиј 22 ноември / 5 декември 2024

Тропар на св. патријарх Калист Цариградски и неговиот сотрудник Игнатиј 22 ноември / 5 декември 2024

О вие мажи обручени за љубовта Божја,о вие тихуватели кои го запознавте гласот на срцето,Калисте и Игнатие отци наши преподобни,молете...

Тропар на воведение на Пресвета Богородица 21 ноември / 4 декември (04.12.2024)

Тропар на воведение на Пресвета Богородица 21 ноември / 4 декември (04.12.2024)

 Денес е почетокот на Божјата милости на проповедта за спасение на луѓето.Во храмот Божји јасно Дева се јавуваи Христа на...

Тропар на св. Христов Григориј Декаполит 20 ноември / 3 декември 2024

Тропар на св. Христов Григориј Декаполит 20 ноември / 3 декември 2024

Пример си бил на воздржание,со Божествен Дух сите просветувајќи ги,правоверно животот завршувајќи го,со учењето светот го просветли,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная