логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 Optinski.starci.jpg

Глава 3

СТАРЕЧКИТЕ ПОДВИЗИ НА ОТЕЦ ЛЕОНИД ВО ОПТИНА

Со пристигнувањето во Оптина, отец Леонид бил сместен во една ќелија што била посебно подготвена за него, до манастирскиот пчеларник. А, шесте негови ученици биле згрижени во скитот. Манастирското раководство брзо разбрало каков вреден наставник Божјото Провидение му испратило на обновеното Оптинско свето братство во лицето на отец Леонид и затоа без колебање му го доверило речиси целото манастирско братство на новодојдениот подвижник и на неговото духовно раководство. Збогатениот со благодатна мудрост старец Леонид, бргу се пројавил со своето искуство да ги лекува болните од гревот, за што и игуменот и манастирските браќа му ја посведочиле својата љубов и почит. Во светото Оптинско братство и надвор од него почнало се почесто да се слуша името на новиот старец. Тој немал потреба од човечка објава. Делата го прославувале. Така тој, искрен и скромен монах кој усрдно се стремел со целата своја душа кон Бога и кон спасението, над се поставувајќи го исполнувањето на Божјата света волја, постанал, по Божја Промисла, раководител на човечките заболени души и служител на ближните стра далници. Бог го повикал непознатиот јеросхимонах Леонид кон неизмерно големиот подвиг - служење на човештвото.

Optinski.starci.jpgЗаради неговите премудри совети пред неговата врата почнале да се собираат не само монаси од блиските манастири, туку и разни луѓе од соседните градови и села: дворјани, трговци, занаетчии и многу прости луѓе од двата пола. Сите биле примани од старецот со срдечно сочувство и љубов. Оние кои пред него ги откривале своите душевни болести и рани, си заминувале утешени и излекувани. Болните тука наоѓале исцеление. Дури и бесни добивале олеснување, откако старецот ќе ги прочитал над нив соодветните молитви од Требникот и ги помазувал со елеј од незгасливото кандило, кое горело пред Владимирската икона на Божјата Мајка, подарок од схимонах Теодор. Никој од дојдените со вера при старецот не си заминувал од него без духовна полза.

Со секоја година се намножувал бројот на оние кои доаѓале за совет кај отец Леонид. Од тоа Оптинското свето братство имало и духовна и материјална полза. Доходите се умножувале, а братството станувало се помногубројно. Самиот игумен отец Мојсеј многу се радувал, бидејќи Бог му испратил таков прекрасен помошник, дотолку повеќе, што самиот тој, зафатен со внатрешното и надворешно устројство на довереното братство, немал доволно време и можност за духовното раководење на браќата.

Фигурата на отец Леонид, како што го опишуваат очевидци, била величествена. Тој носел бел подрасник, одозгора прикриен со полумантија. Косата, веќе побелена, паѓала на бранови врз неговите раменици и оставала силен впечаток. Со своето стапување во Оптина, тој врз духовниот живот на тоа братство ставил некаков исклучителен, сеобразен, благодатен печат. Прост, искрен и непосреден човек, тој бил крајно чувствителен и умеел да го соединува во себеси живиот темперамент со една невообичаена љубов кон страдалните луѓе, за кои бил подготвен да биде дури и распнат на крст и за кои често проливал обилни солзи. Повеќето од манастирските браќа, уште со неговото доаѓање, почувствувале каков вистински монах е тој и го примиле со целата своја душа, сплотувајќи се околу него како едно духовно семејство.

Очевидци раскажуваат, каква необична слика претставувала неговата ќелија во првите години на неговото старештвување: сите монаси коленичеле околу него, а тој разговарал со нив, ги слушал нивните исповеди и ги напојувал со мудроста на својот животен опит. (Види: В. П. Быпков, Тихие приюты..., стр. 145, 151-152).

Како што вистинската светлина не може да се скрие во темнината, туку самата се јавува, така и старецот Леонид го озарувал целиот манастир со зраците на благодатната светлина, блескајќи од него нашироко. Тој се однесувал топло кон простиот народ и искрено сострадувал со сите страдалници. Зборовите и советите на старецот ги поразувале дојдените со својата проникливост и неземна мудрост. А, неговите молитви секогаш давале благодатен плод.

Вратата на отец Леонид не се затворала за никого. На тој начин старецот Леонид поставил почеток на старештвување и среде мирјаните.

Внатрешниот благодатен живот на отец Леонид бил скриен за другите. Како разумен собирач на небесни богатства тој пред никого не се фалел со ништо и не ги покажувал своите духовни богатства и насобраните свои добродетели, за да не биде ограбен од ѓаволот - поттикнувач кон погубното славољубие. Дејствувајќи претпазливо при општењето со ближните, старецот честопати ги замешувал своите мудри слова и совети со шеги, понекогаш навидум неумесни, но за него и неговото смирение крајно неопходни, зашто тие ги терале другите за него да мислат дека и тој е обичен човек како сите, макар што искажувал толку возвишени и необични мудрости. Тој се изразувал така простонародно и достапно и толку кратко и јасно, што секој со задоволство го слушал. Неговите зборови паѓале право во срцето и го произведувале потребниот ефект: еден утешувале, друг изведувале од гревовното бесчувство, а трет ослободувале од веригите на очајот. Неговите старечки подвизи ги надминувале човечките сили, ама и неговата вера во Божјата помош далеку ја натфрлувала секоја вообичаена човечка вера.

Некои би запрашале: „Зарем немаат потреба и праведниците како луѓе да се помолат за себеси, да отпочинат, да ги соберат мислите и да се подготват за нови подвизи?" - Кај отец Леонид необичното било тоа, што ислушувајќи ги секојдневно големите човечки несреќи, во кои земал живо учество, тој сочувствено и длабоко воздивнувал, проливал горки солзи на сострадание и целиот се чувствувал растресен од туѓата несреќа. Тогаш, обраќајќи умилен поглед кон Господ Исус Христос и кон Неговата пречиста Мајка, тој се помолувал Тие да им помогнат на страдалните, и тоа ја заменувало неговата лична молитва. А во минутите, посветени за краток одмор, рацете му плетеле бројаници или појаси, наменети за раздавање на поклониците, а неговата уста тивко и непрестајно ја шепотела Исусовата молитва.

По зборовите на очевидецот јеромонах Антониј, од рано утро до доцна вечер ќелијата на старецот била полна со луѓе, дојдени да ги лекуваат своите душевни и телесни болки. „Тоа потсетуваше - вели тој - на најдобрите времиња на христијанството. Во бела облека, во куса мантија, старецот се истакнуваше во кругот на своите ученици, кои клечеа пред него на колена. По младите лица им се испишуваа разни чувства. Еден беше дошол да исповеда некаков грев, за кој некој друг, незапознаен со послушанието, би помислил, дека тоа не е грев. Друг со солзи и страв си признаваше, дека ненамерно го натажил својот брат. На лицето на трет се гледаше срам, бидејќи не може да избега од нечистите мисли, од кои би сакал да се скрие на крајот на светот... Тука се гледаше вистинското послушание, подготвено да ги целива нозете на старецот. Таму пак, се забележуваше слаб, отфрлен од светот немоќен младич, кој не се одделуваше од нозете на старецот, слично на дете од доилка. Меѓу другите се истакнуваше побелената глава на еден војник, кој некогаш зел учество во Татковинската војна (1812 г.), а сега дошол тука, да се бори против невидливите непријатели под раководството на таков искусен водач... Гледајќи ја таа слика, толку поучна, човек неволно си ги спомнува зборовите на св. Исаак Сирин: „Собранието на смирените Му е пријатно на Бога како собрание на серафими."

„Навечер монасите се собираа на вечерното ќелијно правило -читање на вечерните молитви, две глави од Апостолот и една глава од Евангелието. Сите собрани изгледаа како едно семејство. Дојдените од летната полска работа (прибирање на сено и др.) седеа на подот и се одмораа. Тукушто се беа поткрепиле со материјална храна, а сега примаат духовна храна. Оној што читаше, требаше да чита бавно, без театрална сентименталност и без да се фали со својот глас. Од време на време, старецот го запираше со своите појаснувања и забелешки... Евангелието го читаше самиот старец со висок глас, со молдавски манир, кој по предание беше преземен од големата лавра на старецот Пајсиј."

Тоа вечерно читање беше единствениот слободен час на отец Леонид. За другото време, со исклучок на краткиот одмор - и тоа не во некои определени часови, туку кога немало посетители - старецот бил постојано зафатен со раздавање духовна помош на своите ближни.

Старецот не можел долго да зборува со своите многубројни посетители, оти немало време за тоа. Но, тој сите ги помазувал со елеј од кандилцето кое горело пред иконата на Св. Богородица со Божествениот Младенец и на сите преку тоа ја предавал Божјата благодат. Над оние со бесови, пак, ги читал Заколнувачките молитви од Требникот, како што веќе спомнавме. Тој се осмелувал да го прави тоа, зашто имал власт од Бога и надареност. Меѓутоа, треба да додадеме дека, заради своето големо смирение тој никогаш не ги припишувал на себеси чудата што се случувале, туку секогаш ги оддавал на Бога и на Пречистата Дева Богородица.

Благодатниот старец од себе зрачел љубов и мир, кои се предавани и на другите. Оние што имале контакт со него започнувале да чувствуваат спокој и радост во своите растреперени души. Некои оделе кај отец Леонид со страшни, мачни и наметливи мисли. Но, по краткиот разговор со него и по добивањето на соодветниот благослов, тие мисли испарувале и исчезнувале, како и да не биле. За мнозина, особено за простиот и неук народ, старецот Леонид бил жива книга. Тој преку својот пример учел како човек треба да живее, да се смирува, да простува, да трпи и за се да Му благодари на Создателот. Така, тој многумина пробудил за духовен живот и за ревносно трудољубие во делото на спасението.

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (1)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (2)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (3)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (4)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (5)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (6)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (7)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (8)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (9)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (10)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (11)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (12)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (13)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (14)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (15)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (16)

 Optinski.starci.jpg

Издавач: ЃаконијА

2004

Главен и одговорен уредник: Митрополит Брегалнички г. Агатангел

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3168
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7642
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

04/12/2024 - среда

Божикен пост (на риба)

Воведение на Пресвета Богородица- Пречиста
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. патријарх Калист Цариградски  и неговиот сотрудник Игнатиј 22 ноември / 5 декември 2024

Тропар на св. патријарх Калист Цариградски и неговиот сотрудник Игнатиј 22 ноември / 5 декември 2024

О вие мажи обручени за љубовта Божја,о вие тихуватели кои го запознавте гласот на срцето,Калисте и Игнатие отци наши преподобни,молете...

Тропар на воведение на Пресвета Богородица 21 ноември / 4 декември (04.12.2024)

Тропар на воведение на Пресвета Богородица 21 ноември / 4 декември (04.12.2024)

 Денес е почетокот на Божјата милости на проповедта за спасение на луѓето.Во храмот Божји јасно Дева се јавуваи Христа на...

Тропар на св. Христов Григориј Декаполит 20 ноември / 3 декември 2024

Тропар на св. Христов Григориј Декаполит 20 ноември / 3 декември 2024

Пример си бил на воздржание,со Божествен Дух сите просветувајќи ги,правоверно животот завршувајќи го,со учењето светот го просветли,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная