логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Глава 8

ПОСЛЕДНОТО ГОНЕЊЕ
НА ОТЕЦ ЛЕОНИД И НА НЕГОВИТЕ ДУХОВНИ ЧЕДА, КОИ СЕ ПОДВИЗУВАЛЕ ВО БЕЛЕВСКИОТ МАНАСТИР

Последното гонење на отец Леонид траело цели две години - од 1839 г. до 1841 г. Тоа било многу мачно за него, бидејќи ја засегало не само неговата личност, туку и некои од неговите најверни духовни чеда. Бог го дозволил тоа гонење како последно претсмртно испитување за старецот, кому веќе му претстоело да замине на оној свет. Тој требало да ја испие горчливата чаша на маките до крај.


Работата се состоела во следното. Многу девојки, жедни за монашки живот, се обраќале кон отец Леонид со молба да им го даде својот совет во таа насока. Тој ги примал со љубов и им објаснувал, дека вистинското монаштво се состои не само во исполнување на разните надворешни подвизи - пост, молитва, правење на поклони, посетување на црковни служби и исполнување на секојдневните послушанија - туку, првенствено во откажување од својата волја, во очистување на срцето од страстите преку редовно откривање пред опитен духовен раководител на вгнездените во срцето гревовни мисли, чувства и желби, како и преку постојано себесмирување. На некои од нив, кои пројавувале силна желба да одат по тој, имено, тесен и вистински монашки пат, тој им давал совет да пристапат во Белевскиот женски манастир и целосно да се предадат на духовното водство на една многу напредната во духовниот живот монахиња по име Антија, која сама го изминала активно патот на монашкото себеодрекување, под опитното раководство на старецот Леонид.
Монахињата Антија, со текот на времето навистина се покажала како благодатна старица и во духовниот живот поучувала многу од Белевските монахињи. Игуманијата Епафродита била разумна и духовна монахиња. Откако ги видела добрите резултати од дејноста на монахињата Антија, таа целосно содејствувала со неа и им укажувала претпочитување на оние сестри, кои редовно ги откривале своите помисли. Гаволот го исползувал ова, за да ги освои немарните монахињи, кои живееле своеволно. Една таква недуховна сестра се предала на злоба и завист, започнала да ја клевети пред свештеникот на обителта отец Г., дека, божемно, монахињата Антија ги привлекува кон себе сестрите, распространува среде нив некакво „ново учење," ги исповедува како свештеник и од името на отец Леонид им чита разрешителни молитви, и разни други измислици. Таа сестра не знаела дека духовното раководство, применувано над сестрите од монахиња Антија,  не ја претставувало тајната
 
Исповед, ниту било сврзано со простувањето на гревови, кое може да се извршува само од архијереите и свештениците, туку било само ислушување на гревовните помисли и давање на совети за борба со нив. Тоа духовно раководство не било некакво „новововедение." Тоа постоело уште во првите христијански времиња, за што сведочат древните монашки раководства за духовниот живот. Доволно е да ги посочиме книгите, кои и денес се почитувани од духовните луѓе: Патерикон (за машките манастири) и Митерикон (за женските манастири), кои содржат правила за духовен живот.
Меѓутоа, за сожалување бил манастирскиот духовник отец Г. кој бргу се приклучил кон клеветата против монахињата Антија. Тој одамна бил незадоволен од неа, затоа што таа за духовни совети се обраќала не кон него, туку кон старецот Леонид. Чувствувајќи се од тоа навреден и пренебрегнат, тој сметал, дека, како манастирски исповедник тој единствено има право и обврска да им биде духовен старец на Белевските сестри. На игуманијата Епафродита тој и соопштил за откриената „нова ерес" и започнал насекаде да распространува разни хули против старец Леонид.
Кога клеветите стигнале до ушите на баќушката, тој смирено и трпеливо го поднел тој удар. Но, неговиот најблизок духовен собрат и сеоддан син отец Макариј напишал опширно писмо до отец Г., во кое се грижел не толку да го изобличи, колку да му ги појасни работите и да му помогне да излезе од својата јавна заблуда. Писмото е проникнато од духот на кроткост и загриженост за душата на отец Г. Во него отец Макариј ја штити честа на отец Леонид, истакнувајќи го неговиот праведен живот и заштитувајќи ги неговите православни убедувања, познати и на членовите на Светиот Синод и на сите, кои одблизу го познаваат. Тоа писмо не го дало саканиот резултат. Гласовите за „ереста" на отец Леонид, на монахињата Антија и на послушаницата Н. стигнале до ушите на преосветениот Тулски епископ Дамаскин. Тој ја повикал во градот Тула монахињата Антија и ја предал на игуманијата Клавдија (од Тулскиот Успенски манастир) со порака таа да и влијае да се откаже од својата „ерес." Клавдија, сакајќи да му угоди на владиката, од кого се плашела, ја земала во својата ќелија монахињата Антија и, откако ја поставила пред иконите, започнала упорно да ја убедува да се откаже од своите заблуди. Таа и ветувала дека ќе и издејствува од архиерејот целосно простување. Антија, верна во се на светото Православие, не гледала во себеси никаква ерес и кротко одговорила, дека таа како човек е грешна, но дека не е еретичка и замолила да и се објасни во што точно ја обвинуваат и какво самопризнание за ерес очекуваат од неа да направи. Откако не знаела што да одговори на ова, игуменијата презела друга тактика - почнала да го опсипува со хули старецот Леонид, кого, никогаш не го видела, ниту познавала. И на крајот изјавила, дека тој е масон и дека вовлекол наивни души во својата ерес. Монахињата Антија чистосрдечно изјавила:
- Јас не знам што значи масон, но знам едно - дека невино хулениот старец Леонид е познат како монах, опитен во духовниот живот, и дека тој не учел само на правилен монашки живот, според писмата на св.
Боговдахновени отци, кои живееле во свето монаштво.


Игуменијата Клавдија ја прекинала со прашање:
- Ви даваше ли тој да ги читате неговите книги?
- Да, - одговорила Антија - Јас и сега ја читам, согласно неговиот совет, книгата на Аваа Доротеј, која, по мислење на старецот, е азбука на монашкиот живот.
Игуменијата за прв пат слушнала за името на св. авва Доротеј. Неговите знаменити слова никогаш не дошле во нејзините раце. За да го доведе неполезното и мачно убедување до некаков крај, таа извикала:
- Ете, гледаш ли, тој е масон! Масон е тој! Вие, мила, сте паднале во ерес и, ако не се покаете, ќе загинете! Сигурно ќе загинете! А и тука, уште во овој живот, ќе бидете строго казнета!
Разлутената игуменија Клавдија на Преосветениот Дамаскин монахињата Антија му ја претставила како упорна еретичка. Потоа, биле спроведени сослушувања и на други сестри наклонети на монахињата Антија од Белевскиот манастир (вкупно 13 на број). Сите тие признале, дека оделе при мајка Антија да ги откриваат своите гревовни помисли и да се советуваат со неа како да се борат со своите страсти, но, никогаш не биле еретички и не сакаат да бидат такви.


По ова неуспешно сослушување, кое не дало никаков резултат, преосветениот Дамаскин и наредил на игуманијата Епафродита да му изготви писмен извештај за слученото во нејзината обител. Добросрдечната, но плашлива игуменија била вчудоневидена. Каков извештај да седне да пишува? - Да ги обвинува ли за ерес најдобрите сестри во обителта што и поверена? Тоа за неа било невозможно! Таа била длабоко убедена во нивната невиност. Но, таа не смеела, покрај сета крената врева, да ги претстави и како апсолутно невини. Зашто, тоа би значело да даде повод да биде обвинета за сочувство кон „еретичките" и следствено - да биде објавена и таа за „еретичка." Таа избрала еден среден пат. Во својот извештај од 24 ноември 1840 г. таа напишала, дека во обвинетите сестри не нашла никаква ерес, а дека забележала кај монахињата Антија само своеволие.
Во она време проповедите на Авва Доротеј уште не биле преведени и распространети на руски јазик. Подоцна, тоа го извршил оптинскиот старец јеросхимонах Макариј, како што ќе видиме во неговото житие. Монахињата Антија ја добила од старецот Леонид таа книга веројатно во словенско старопечатено издание, кое не било достапно за сите.
Поминале два месеца во напрегнато очекување на архијерејската резолуција по повод испратениот извештај. За тоа време, добрата старица Антија и преданите сестри преживеале многу маки. Но, прекрасните старци Леонид и Макариј, калени во искушенијата, им помагале на страдалните немоќни монахињи. Тие биле длабоко убедени во триумфот на вистината и ги убедувале невино страдалните да истрпат, очекувајќи Бог да ги спаси од малодушност и од бури (Пс. 54, 8). Во тој дух тие им пишувале писма и ги поттикнувале да не паѓаат со духот, а да одат по правилниот монашки пат, по кој тргнале.
Најпосле, во февруари 1841 г. е добиена долгоочекуваната резолуција во врска со извештајот на игуменија Епафродита. Согласно со таа резолуција, на непокорната монахиња Антија требало да и се симне схимата и да биде истерана од манастирот. Се наредувало и истерување на послушничките што ги придобила. Игуманијата се казнувала - за нејзиниот слаб надзор во манастирот и за неисполнување на раководството - со закана да не носи мантија две седмици.


Таа резолуција не била исполнета во целата нејзина строгост. По огнената молба на игуменијата не сите сестри, раководени од м. Антија биле изгонети од манастирот, а само „највиновната" од сите - монахињата Антија и нејзината сеоданата послушница Н.


Фамата за настаните во Белевскиот манастир се раширила насекаде и предизвикала нови ограничувања за отец Леонид, кого, недобронамерните го претставувале како некаков опасен нарушувач на монашките правила и упорен непокорник. На игуменот отец Мојсеј му било заповедано да го премести старецот во друга ќелија, за така да биде подалеку од манастирските врати и од народот.
Сите свои преместувања отец Леонид ги пречекувал спокојно и без секаква раздразнетост. Секогаш, кога му објавувале, дека е заповедано да биде преселен во друга ќелија, старецот ја земал во раце иконата на Владимирската Божја Мајка и громко почнувал да пее: „Достојно ест јако воистину блажити Тја Богородицу" и заминувал во новата ќелија. Откако ја оставал иконата и се помолувал, тој седнувал и како ништо да не се случило, го продолжувал своето дело - плетење на појаси и примање на браќата. А, неговите блиски ученици му го пренесувале багажот во неговото ново живеалиште. Со ова, историјата се завршувала некако просто и лесно.


При последното преместување на старецот, епархиското раководство повторно му забранило да прима посетители од светот. Но, таа забрана немала долготрајна вредност.
Отец Леонид бил веќе болен. Наспроти тоа, го принудувале секој ден да оди на црковните служби. Меѓутоа, со ова, неговите противници неволно за него приредувале триумфални поворки. Народот, дојден во манастирот, со нетрпение очекувал да го види. При неговото појавување мнозина паѓале на земјата, други го бакнувале крајот на неговата облека, а трети, громко ја изразувале својата сострадалност кон него. Движејќи се меѓу две страни од народ, отец Леонид за половина час го изминува краткото растојание од својата ќелија до црквата. Сите сакале од него да добијат благослов. Тој обично застанувал на десната певница, а околу него се натрупувала огромна толпа народ.


Во меѓувреме, се распространил глас, дека отец Леонид ќе биде испратен на заточение далеку во Соловецкиот манастир. Други тврделе, дека тој ќе биде однесен во болницата на Боровскиот манастир, каде што, над него ќе се применува строг надзор, и каде тој не ќе може со никого да се гледа. Учениците на праведниот старец чувствувале ужас при тие зломислени непотврдени кажувања. Плашејќи се за болниот старец, кој бил веќе на 72-годишна возраст, тие не помалку се плашеле и за себеси: кој ќе ги раководи по патот на спасението?! Тие предложиле на старецот да се заштити и да му напише на познатиот учен и влијателен архимандрит (подоцна епископ) Игнатиј Брјанчанинов, тогашен игумен на св. Сергиев манастир покрај Петербург - тој да се застапи за него пред членовите на Св. Синод, а најмногу пред сепознатиот и мудар Московски митрополит Филарет. Меѓутоа, отец Леонид откажал да го стори тоа. Тој имал непоколеблива вера, дека Божјата Промисла, Која е над секого од нас, не заштитува, и дека Господ не дозволува никогаш до нас искушенија, повеќе од нашите сили (1.Кор. 10, 13). А можеби Бог го удостоил да му открие, дека во Оптинската св. обител ќе биде неговиот гроб. Така или инаку, отец Леонид спокојно продолжувал да си плете појаси и бројаници и примајќи ги оние кои доаѓале при него. Тогаш неговиот сакан отец Макариј од името на сите се решил да го убеди отец Леонид да се припази од грозната опасност ако не заради себеси, тогаш барем заради своите ученици.
- Што ќе стане со нас, баќушка, ако Ве одведат во Боровск? - рекол тој.
- Нема да ме одведат таму - одговорил баќушката. - Јас ќе умрам тука.
 
- Но, баќушка, ние ја немаме Вашата вера. Смилете се над нас и дозволете ми јас да напишам писмо до отец Игнатиј. Вие само ќе го потпишете, Ве молиме!
По долги убедувања отец Леонид, најпосле се согласил.
- Добро, напиши што сакаш - му рекол тој на отец Макариј - јас ќе се потпишам, без да го читам.
Отец Макариј го составил писмото во духот на трпението на отец Леонид, откако лесно ја истакнал неговата сеоданост на Божјата волја и на крајот го истакнал неспокојството на учениците, како и нивната потреба од раководство. Писмото било испратено и добиено. Архимандрит Игнатиј го прочитал на Митрополит Филарет. Последниот ги ислушал објасненијата на отец Игнатиј и веднаш му напишал на Калушкиот архиереј: „Нема основа да се претпоставува, дека отец Леонид е еретик."
Последиците од таа кратка, но авторитетна резолуција биле благотворни. Злите јазици замолкнале. Лошите бранови се смириле. Калушкиот епископ Николај омекнал. Еднаш, при средба со отец Леонид, тој му рекол:
- До кога, старче, ќе се занимаваш со народот? Не е ли веќе време да се одмориш?
Отворениот и праведен старец отвратил со стих од псалмите:
- Ќе Му пеамна мојотБог, додека лостојам! (Нс. 145, 2).
Тој одговор му се допаднал на преосветениот епископ и тој му препуштил на старецот да си живее по поранешното... Така правдата победила, и вистината торжествувала. Од целата таа историја се добила само една голема поука, како треба да трпиме при маки. Старецот бил тврдо убеден во Божјата помош. Во најтешките гонења против него и неговите ученици тој му напишал на еден свој близок, кој бил неспокоен за неговата судбина: „Јас не гледам такви маки, кои се неподносливи. Ако, пак, некогаш ме снајдат маки, јас ја добивам Божјата помош за да ги поднесам. Не е можно сосема да се ослободиме од нив, штом Господ Исус Христос ни ги оставил како наследство... Во царството Божјо треба да влеземе преку многу маки (Д. ап. 14, 22). Затоа, без сами да ги бараме маките, треба да се покоруваме на Божјата волја и какви маки Бог ќе ни испрати, треба да ги примаме со благодарност."


Со такви високи православно-христијански чувства старецот ги поднел сите непријатности, кога тие се однесувале до него самиот. Но, тој не можел да не жали за своите духовни ќерки, кои страдале невино. Нивната судбина живо го интересирала и тој сострадално се однесувал кон нив. Така, тој, како татко следел што ќе биде понатаму со монахињата Антија и со нејзината послушничка.
Откако биле изгонети од Белевскиот манастир, двете духовни ќерки на отец Леонид не знаеле каде глави да потслонат, оти, каде и да се појавувале, насекаде ги пресретнувале со недоверба и недружељубивост. Откако пристигнала во Воронеж, м. Антија посакала да се приклучи, макар и за кратко време, во тамошниот женски манастир. Откако запрела една монахиња, таа ја запрашала:
- Беше ли тука послушаницата Н.?


Монахињата се уплашила, се обѕрнала да види, дали нема некој во близина и плашливо одговорила:
- Беше и помина тука кај нас неколку дена. Но, ние се плашиме да зборуваме за тоа, за да не паднеме сами во тешкотија. За неа се говори, дека е опасна еретичка. А, го слушаме уште и тоа, дека во Белевскиот манастир имало некоја Антија, која ја испратиле на заточение во Сибир.
Откако слушнала за себеси такво мислење, м. Антија брзо се оддалечила од Воронеж и пак го продолжила својот скитнички живот. Гонета од сегде, таа се решила нелегално да го посети отец Леонид во Оптинската пустина. Во тоа време старецот бил будно следен дали не прима посетители. Но, откако дознал за нејзиното пристигнување, решително рекол: „Макар и меч да надвисне над мојата глава, треба да ја примам Антија!" Тој ја примил и дивно ја утешил.
Во тоа време останатите сестри и послушанички во Белевскиот манастир, над кои не се применила резолуцијата на владиката Дамаскин во сета нејзина строгост, живееле како исплашени птици, но, истовремено, биле наполно еднодушни: радостите и маките им биле општи. Ако една добиела некаква утеха од негде, сите се радувале на тоа. Тие не знаеле што е завист, зашто љубовта во Христа ги сплотувала. Особено силно ги поткрепувала татковската грижа на отец Леонид за нив. Тој продолжувал да им ги испраќа своите усни и писмени совети, утешувајќи ги, тој им велел: „Потрпете заради Господа и вашата тага ќе се претвори во радост! Верувам, дека Белевската обител, колку сега се посрамила, толку отпосле ќе се прослави. И уште верувам, дека Белевскиот манастир ќе постане мој и дека таму ќе има моја игуменија."


Се се остварило и тоа многу бргу. За белевските изгнанички се застапил благочестивиот Киевски митрополит Филарет, кон кого сам отец Леонид се обратил писмено како кон стар познаник, просејќи заштита не за себеси, а за бедните монахињи, подметнати на толкави страдања, единствено затоа, дека сакале да се ползуваат од неговите духовни поуки и да водат монашки живот според упатствата на св. Отци. Киевскиот митрополит напишал добро образложено писмо до Тулскиот епископ Дамаскин во заштита на старецот и оклеветените монахињи. И Московскиот митрополит Филарет од, своја страна, пишувал во тој дух до Преосветениот Дамаскин во заштита на прогонетите. Тулскиот владика скоро се убедил, дека бил вовлечен во заблуда од неразумната ревност на отец Г. Како резултат на сето ова, двете изгнанички, со благословот на владиката, биле повторно примени во Белевскиот манастир за неопислива радост на месните монахињи. Тоа се случило на 4 октомври 1841 г. Радосната вест стигнала брзо до ушите на веќе смртно болниот старец Леонид, кој бил силно возбуден од добрата новост и со благодарност кон Бога за завршното прекинување на гонењето, во мир му го предал својот дух на Бога на 11 октомври 1841 година.


Неколку години потоа, во 1848 г. монахињата Павлина, една од ревносните послушанички на старецот Леонид и на мајка Антија, постанала игуменија на Белевскиот манастир. Така, се остварило пророштвото на баќушката: „Белевскиот манастир ќе стане мој и во него ќе има моја игуменија." Самата м. Антија, пострижена во мантија, при своето постригнување го добила името Магдалина и била назначена за благајничка и секретарка на истата обител. До самиот крај таа била ревносна помошничка на игуменијата, особено што се однесува до раководството на монахињите во нивниот духовен живот. Како опитна старица, обучена од отец Леонид, таа ги смирувала непријателите и непокорните, утешувала малодушните, успокојувала слабите и учела на трпение болните (сп. 1.Сол. 5, 14). Игуменијата Павлина ја почитувала како своја мајка. Сето ова ја наградило старицата за многуте претрпени големи маки. Белевската свето сестринство почнала да процветува и да дава добри плодови.


Преосветениот Дамаскин коренито го променил својот однос кон гонетите од него монахињи. Тој, сега ги опсипувал со своето доверие и татковско внимание. Така, не само што го избришал во срцата нивни споменот за причинетите им маки, но ја заслужил и нивната љубов и благодарност за покажаното покровителство на добрите иницијативи и за живото содејствие на старицата Магдалина во нејзината нелесна духовна дејност.
Послушаницата Н., пак, која заедно со монахињата Антија била порано изгонета од Белевскиот манастир, примила монаштво под името Макарија во 1862 г. и станала игуманија на Каширската св. сестринство, каде што насадувала вистински духовен живот, согласно заветите на незаборавниот отец Леонид.
А, отец Г. ја видел својата вина и, макар што не се каел пред сите за своите поранешни погрешни постапки, тајно многупати барал прошка од . Антија - Магдалина.
По таков начин, причинетите од ѓаволот пакости Бог ги претворил во спасителни добрини, по молитвите и долготрпението на секогаш спомнуваниот голем старец Леонид.

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (1)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (2)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (3)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (4)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (5)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (6)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (7)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (8)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (9)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (10)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (11)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (12)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (13)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (14)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (15)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (16)

 Optinski.starci.jpg

Издавач: ЃаконијА  2004

Главен и одговорен уредник: Митрополит Брегалнички г. Агатангел

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3168
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7642
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

04/12/2024 - среда

Божикен пост (на риба)

Воведение на Пресвета Богородица- Пречиста
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. патријарх Калист Цариградски  и неговиот сотрудник Игнатиј 22 ноември / 5 декември 2024

Тропар на св. патријарх Калист Цариградски и неговиот сотрудник Игнатиј 22 ноември / 5 декември 2024

О вие мажи обручени за љубовта Божја,о вие тихуватели кои го запознавте гласот на срцето,Калисте и Игнатие отци наши преподобни,молете...

Тропар на воведение на Пресвета Богородица 21 ноември / 4 декември (04.12.2024)

Тропар на воведение на Пресвета Богородица 21 ноември / 4 декември (04.12.2024)

 Денес е почетокот на Божјата милости на проповедта за спасение на луѓето.Во храмот Божји јасно Дева се јавуваи Христа на...

Тропар на св. Христов Григориј Декаполит 20 ноември / 3 декември 2024

Тропар на св. Христов Григориј Декаполит 20 ноември / 3 декември 2024

Пример си бил на воздржание,со Божествен Дух сите просветувајќи ги,правоверно животот завршувајќи го,со учењето светот го просветли,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная