логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Optinski.starci.jpg

Г л а в а 10

ПРАШАЊА НА УЧЕНИЦИ И ОДГОВОРИ НА СТАРЕЦОТ ЛЕОНИД

Прашања на младиот послушник Павел Петрович Тамбовцев кон старецот

1. Како да постапувам, кога, наоѓајќи се среде браќата, не можам да се воздржам од многусловие и кога некого навредувам со своите зборови?

О д г о в о р: Треба да го помниш тоа што св. Црква го произнесува пред Бога: Постави, Господи, стража пред устата моја и врата на усните мои! (Пс. 140, 3).

2. Како да постапувам, кога Гледам кај другите волно изразување на мислите и се соблазнувам? Или, кога гледам, дека ти, отче не постапуваш со старечка кроткост во општењето со другите?

О д г о в о р: Така ти се чини поради твојата небудност и неразумност. Не треба да ги осудуваш другите, зашто не знаеш со каква цел тие го вршат тоа, а исто така, што имам јас во предвид, кога постапувам така... Погрижи се да бдееш повеќе врз себеси, а не да ги критикуваш туѓите дела... Ти си дошол во училиштето на пожртвуваноста, за да го исполниш она што ти се порачува, а не да судиш како постапуваат другите.

3. Јас не Гледам љубов кај браќата и не наоѓам соговорници за истражување на некои прашања кои ме интересираат во Светото Писмо?

О д г о в о р: Не е вистина дека тие немаат љубов... Ако пак, ти не гледаш љубов кај нив, тоа е затоа што ти самиот немаш во себеси љубов. Најнапред, ти самиот покажи вистинска љубов и тогаш ќе видиш, дека и во нив има љубов... Притоа, ние имаме заповед од Бога да чистосрдечно ги љубиме ближните, а да бараме од нив љубов, тоа никаде не е кажано. Што се однесува пак до тоа, дека тие не можат или не се дрзнуваат да разговараат со тебе за Светото Писмо, ти не треба настојчиво да го бараш тоа од нив. Во нив има смирение и простота. Тоа Божествено својство не ги испитува Божјите патишта, туку со вера се покорува и се задоволува со тоа што верата му го открива. Бог нема да го прашува послушникот зошто не богословел, туку зошто не внимавал над себе. Бог нема да ги лиши од спасение простите по срце. Ако Му е угодно, Он ќе им ги открие тајните на Својата Промисла. А разумот, просветлен од Божествената светлина сообразно на верата, стои повисоко од секое учење, оти разумот го открил учењето, а не учењето разумот.

4. Зошто, по моето петгодишно престојување во тукашното пустинско братство, јас чувствувам дека, и покрај мојата Грижа да се спасам, сум станал полош?

О д г о в о р: Само малкумина за толку кратко време се вивнале во духовното небо со крилјата на верата и добродетелта и ги почувствувале во себе вистинските признаци и остварувањето на надежта и на идната слава... Некои за целиот свој живот на земјата не го почувствувале тоа... заради провидението на Бога, нашио небесен Покровител, Кој секогаш подобро од нас промислува за нас. Ние сме како неразумни деца кои не умеат да проникнат во промислата на Бога - Седржителот и затоа често-пати Го молиме за такви нешта, кои, сами по себе се добри и спасителни, но поради нашата неопитност можат да бидат употребени од нас за наша целосна погибел. Затоа, сеобилниот со љубов Отецна светлшата (Јаков 1, 17) ги крие од некои благочестиви луѓе оние дарби, кои се полезни за едни, а други ги водат кон погибел... Макар и да не ги отфрла молитвите на Своите избраници, Бог не секогаш ги исполнува нивните желби. Притоа, единствената цел Му е се да устрои најдобро, согласно со Својот Божествен план. Оние кои живеат без будност над себе, никогаш не се удостојуваат со чувствена посета на благодатта. Ако пак, заради Божјата благост се удостојуваат, тоа се случува пред нивната смрт. А, да гледаш дека не напредуваш, тоа уште не значи дека навистина немаш успех. Таквите чувства во срцето можат да го насадат смирението. Кога пак, ти вистински осознаваш дека си лишен од духовни плодови, со сите сили потруди се да го подгреваш својот стремеж кон Бога... Штом не сме успеале во добродетелите, не останува друго средство за спасението, освен смиреономудрието. Високоумието и при постоењето на добродетели е богопротивно. А, кротката и смирена мисла нема да биде заборавена од Бога.

5. Одовде произлегува тоа, дека јас ја загубив верата и набожноста кон Вашите совети? Вашите совети веќе не дејствуваат во моето срце. Се ми изгледа тешко за исполнување!

Одговор:Тисија загубил твојата вера заради своето сомневање, а побожноста - заради својата дрскост. Недејственоста пак, на моите совети се објаснува со тоа што ти ме слушаш со љубопитство, така што сметаш дека јас преминувам од предмет на предмет и ги решавам твоите прашања со прости изрази. Остави ја љубопитноста! Биди умерен, без дрскост! Верувај дека преку другите Самиот Бог те раководи! Не умувај горделиво! Држи се со простота за послушанието и тогаш сосем нешто друго ќе чувствуваш во својата душа! Ако ја немаш благоразумната простота, придобиј ја преку недоверба кон себеси, со спомнување на својата првична намера, со која си дошол во манастир. Спомнувај си ги оние одушевувања, оние душевни расположенија што си ги чувствувал во самиот почеток, кога Бог го посетил твоето срце... За вистинскиот послушник, со Божјата помош, нема ништо неостварливо. Вистинската саможртвеност секогаш ќе го чувствува спасителниот јарем како лесен (Мт. 11, 30). Искушенијата не ги надминуваат Божјите дарби. Оној кој сака да се спаси, се може со силата и името на Исуса Христа, Кој го крепи (Филип. 4, 13). Тоа е таква света вистина, дека секој што има жива вера, никогаш не ќе се посомнева во неа. За маловерникот дури и прашинката е како планина. А, за оној што верува и преместувањето на планините на искушенијата е лесно и можно (Марко 11, 23).

6. Како да ја победувам смеата?

О д г о в о р: Ако неочекувано и неволно се засмееш, обвинувај се себеси, помнејќи ги сведоштвата на светите отци, дека ништо толку не ја раскинува врската на добродетелите и Евангелската љубов, како смеата и шегувањето.
Како што нечистите мисли лишуваат од присуство на благодатта, така предавањето на себеси на непристојна смеа... го оддалечува Ангелот Чувар на душата. Добродетелите се напразни кога се поврзани со некакви пороци. Така се разрушува оградата на напредувањето (во доброто). Спасителот определил вечен плач за оние кои се предаваат на смеењето: Тешко вамшто сега се смеете!" (Лука 6, 25).

7. Како да се избавам од необично силните чувства на сладострастие не само во присуството на женски пол, но и при спомнувањето за него?

О д г о в о р: Во присуство на жени треба да го пазиш умот и своите чувства и особено да не говориш ништо излишно. Погрижи се да се оддалечиш побрзо од таму. А, при спомнувањето на жени воздржи ја својата мисла. Тука е полезно воздржанието или поточно, благоразумната умереност. Но, над се, треба да Го молиш Семоќниот Господ да те избави од нападите на таа најлута страст, зашто човек сам никогаш не може да ја искорени. Меѓутоа, со нашата добра волја Премилостивиот Бог ги угасува поривите на тој пламен.

8. Кога помислите на сладострастието насилнички Го вовлекуваат по себе мојот ум, како да се избавам од нивниот напад?

О д г о в о р: Оди со твојот ум во адот и со посредство на Светото Писмо загледај се во плотоугодниците! Зар и ти ќе посакаш навек да погинеш, само за да ја испиташ времената сладост на гревот? Помни, дека си смртен! - Смирено моли Го Бога, Победителот на страстите, да ги одбие оние стрели на телото, тој непријател на душата, кој нескротливо се бунтува против законот на умот и духот (спореди Рим. 7, 23). Зашто, без Севишниот ние не можеме да направиме ни најмало добро (Јован 15, 5).

 

Друго:

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (1)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (2)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (3)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (4)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (5)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (6)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (7)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (8)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (9)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (10)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (11)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (12)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (13)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (14)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (15)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (16)

 

 Optinski.starci.jpg

Издавач: ЃаконијА  2004

Главен и одговорен уредник: Митрополит Брегалнички г. Агатангел 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…
Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 4516
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 4291
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 3795
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Педесетница

Митрополит Струмички Наум: Педесетница

При толкувањето на евангелието за жената Самарјанка ви реков: „Водата што Богочовекот Христос ни ја дава, и која имајќи ја никогаш нема да ожедниме, е благодатта на Светиот Дух во...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

Митрополит Струмички Наум: Светилникот на нашето време (11.01.2021)

Митрополит Струмички Наум: Светилникот на нашето време (11.01.2021)

Се сеќавам, кога понекогаш ќе ми беше многу тешко и кога ќе отидев кај него на исповед, ќе ме сослушаше и без да ми даде никаков совет, само ќе одмавнеше...

Митрополит Струмички Наум: Вознесение или превознесување? (01.06.2022)

Митрополит Струмички Наум: Вознесение или превознесување? (01.06.2022)

Ако Он не се жртвуваше на Крстот за нас и наше спасение, и ние не ќе можевме во Големиот Вход од Светата Литургија да се принесеме самите себе и целиот...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

Патријарх српски Порфирије: Беседа, Загреб, 21.05.2023 г.

Патријарх српски Порфирије: Беседа, Загреб, 21.05.2023 г.

Ми смо створени за вечност. Створени смо да, имајући свако посебан дар, лични, специфичан печат, своју непоновљивост, будемо једно у Господу, будемо једно у Христу, а то јединство се најреалније...

БЕСЕДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

БЕСЕДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

Бoг му дал мoќ и на нарoдoт да гo знаe вистинскиoт пат, и прeку сoвeста, и прeку прoпoвeдта на Бoжјoтo слoвo, та нарoдoт нe трeба слeпo да ги слeди свoитe...

Патријарх Порфирије: Сваки човек само је у том избору – да ли је Христов или није Христов

Патријарх Порфирије: Сваки човек само је у том избору – да ли је Христов или није Христов

 Нико ни једампут није се ни сетио да Јеванђеље Христово, да вера Његова, да Христос сам треба да буде на првом месту и да разне невоље и искушења која пролазимо...

« »