логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Optinski.starci.jpg

Глава 9

ПОСЛЕДНИТЕ СЕДМИЦИ ОД ЗЕМНИОТ ЖИВОТ НА СТАРЕЦОТ ЛЕОНИД И НЕГОВОТО БЛАЖЕНО ПРЕМИНУВАЊЕ ВО ВЕЧНОСТА

Во почетокот на септември 1841 г., малку повеќе од месец пред смртта на отец Леонид, во Оптинската пустина пристигнал еден постриженик од Света Гора Атонска, по име Партениј. Во својата прекрасна книга Сказанія о странствіи инока Партенія (Москва, 1856 г., дел 1, стр. 275-280), тој многу живо ја опишува својата средба со старецот Леонид. Ке ја пренесеме подробно заради нејзината особена поучност:
„По моето пристигнување во Оптинската пустина - раскажува монахот Партениј - јас со нетрпение сакав да отидам при отец Леонид. Откако се распрашав за неговата ќелија, веднаш тргнав натаму. Но, штом влегов во ходникот, почувствував страв - било од радост, дека ќе се удостојам да видам таков голем старец, било од немир како јас недостојниот ќе се јавам пред него. Долго стоев во ходникот, без да се осмелам да ја отворам вратата. Потоа излезе неговиот ученик и јас го запрашав.
- Може ли да влезам при старецот?
- Може - ми одговори тој.
И јас влегов... Но, таму уште повеќе се исплашив и растреперив. Зашто, речиси, целата ќелија беше полна со луѓе од различни сталежи -господа, трговци и селани. Сите стоеја на колена со страв и трепет како пред страшен судија и секој очекуваше одговор и совети. И јас зад сите паднав на колена.
Старецот седеше на својот кревет и плетеше појас. Тоа беше неговата секојдневна работа - да плете појаси и да им ги раздава на посетителите за благослов. По малку, старецот извика:
- А ти, атонски оче, зошто падна на колена?
Јас се исплашив од тоа, што тој никогаш не беше ме видел, ниту пак, ме знаеше, дотолку повеќе што јас бев во обична проста облека, а ме нарече атонски отец.
Јас одговорив:
- Прости ми заради Бога, оче свети! Јас се покорив на обичајот. Гледам дека сите стојат на колена и јас паднав на колена.
А тој рече:
- Тие луѓе се светски, притоа, виновни се. Нека коленичат. А ти си монах и тоа атонски. Стани и дојди при мене!
Јас станав и отидов при него. Тој ме благослови, ме покани да седнам до него на креветот и почна да ме распрашува за Света Гора Атонска и за осамениот монашки живот, за манастирските општежитија и за другите атонски устави и обичаи. А самиот, без прекин, продолжуваше да го плете појасот во своите раце.
Јас му раскажав се подробно. Тој плачеше од радост и Го прославуваше Господа Бога, дека има уште многу верни луѓе, кои го оставиле светот и секоја животна грижа, за да Му служат со вера и љубов... После почна да ги испраќа луѓето, откако секому му ги лекуваше душевните и телесни болести - телесните - со молитва, а душевните - со татковска љубов, со кротки зборови и душеполезни поуки. Некои пак, со строг укор ги изгонуваше од својата ќелија.
Меѓу другите, пред него стоеше на колена и еден господин кој беше дошол за да се поклони во света обител и да го посети големиот старец.
- А ти, што сакаш да добиеш од мене? - го праша старецот. Тој одговори со солзи во очите:
- Сакам, оче, од Вас да добијам душеполезен совет! Старецот го запраша:
- А го исполни ли она, што порано ти го бев порачал?
- Не, оче свети - одговори тој - не можам да го исполнам! Старецот му рече:
- Зошто тогаш, откако не си го исполнил првото, си дошол да
бараш второ?
Потоа, строго им рече на своите ученици:
- Изгонете го од ќелијата!
И тие го истераа. Јас и сите кои бевме таму се исплашивме од таа строга постапка и казна. Но, самиот старец, без најмалку паника, повторно започна со кротост да разговара со останатите и да ги испраќа луѓето.
Еден од учениците му рече:
- Оче свети, на подот има една златна монета.
А тој рече:
-Подај мија!
Тие му ја дадоа. Старецот рече:
- Тој господин намерно ја испуштил од својата рака. И добро сторил. Зашто таа му е потребна на атонскиот монах за пат.
И ми го даде златникот. Потоа, јас го запрашав старецот:
- Оче свети, зошто толку строго постапивте со господинот?
А тој одговори:
- Овој човек е Божји слуга и сака да се спаси. Но, паднал во една страст - пуши тутун. Пред извесно време тој дојде при мене и ме праша за ова. Јас му реков да се откаже од тутунот и му дадов заповед веќе да не пуши никогаш и додека не се одвикне, да не се јавува при мене! А тој, без да ја исполни првата заповед, доаѓа за втора. Гледаш ли, возљубен атонски оче, колку е тешко да се искоренуваат страстите од човекот!
Додека ние разговаравме, три жени кај него воведоа една умоболна. Тие трите плачеа. Го замолија старецот да направи молитва за неа. Тој си го стави епитрахилот, го положи на главата на болната крајот на епитрахилот и своите раце и откако прочита молитва, ја прекрсти трипати главата на болната и заповеда да ја одведат во гостинската соба.
Сето ова тој го извршуваше седнат. А седеше, зашто не можеше веќе да станува. Беше болен и ги живееше своите последни денови.
По ова, доаѓаа кај него неговите ученици, манастирските браќа, и му ја откриваа својата совест и духовните рани. А тој, сите ги исцелуваше и им даваше совети. Потоа почна да им кажува дека се приближува неговиот крај и им рече:
- До кога вие, чеда мои, се уште ќе се бавите да станете мудри како змии и незлобни како гулаби (спореди Мт. 10, 16)? До кога ќе изнемоштувате? До кога ќе се учите? Време е веќе сами да бидете мудри учители, а вие уште секојдневно изнемоштувате и паѓате. Како ќе живеете без мене? Јас ги живеам последните денови и треба да ве оставам, за да го платам долгот на својата природа и да отидам при мојот Господ!
Учениците, слушајќи го ова, горко плачеа. Најпосле, тој сите не испрати, исто и мене.
Другиот ден, јас пак отидов кај него. Тој ме прими со љубов и долго разговараше со мене. Потоа дојдоа вчерашните три жени. И болната беше со нив, но веќе потполно здрава. Тие дојдоа да му благодарат на старецот. Откако го видов ова, јас се восхитив и му реков на старецот:
- Оче свети, како имате смелост да вршите такви дела? Вие можете да го загубите целиот труд и сите подвизи заради човечка слава.
А тој во одговор ми рече:
- Атонски оче, јас го извршив ова не со своја власт; тоа се случи заради верата на дојдените. Тоа што дејствуваше, беше благодатта на Светиот Дух, која ми е дадена при ракополагањето. Јас пак, грешен човек сум!
Кога го слушнав ова, јас многу се поучив од неговото благо расудување, вера и смирение.
Потоа, пак дојде вчерашниот господин и со солзи просеше прошка од старецот. Тој му прости, но му нареди да го исполнува она што му го беше заповедал порано. И пак не испрати сите...
Јас поминав во Оптинската пустина цела седмица. По еден месец, откако си заминав, старецот Леонид го завршил својот живот и се прибрал при Господа."

* * *

Една древна поговорка вели: „Крајот го краси делото." Ова особено важи за земниот крај на човечкиот живот. Има случаи, кога некои живеат благочестиво, но на крајот стануваат развратни и загинуваат. Има и обратни случаи - кога некои нечестиви пред својата смрт длабоко се покајуваат и се спасуваат. Старецот Леонид не припаѓа ниту кон првите, ниту кон вторите. Тој целиот живот го живеел во благочестие, се подвизувал како добар Христов војник (2.Тим. 2, 3) и на крајот умрел во смирено покајание, со кое ни оставил прекрасен пример - како треба и ние да живееме и да умираме, за да бидеме навистина Господови (Рим. 14, 8).
Старецот Леонид веќе се приближувал кон крајот на својот многу тежок живот со тврда вера во Бога и со крепка надеж на Него. По секоја веројатност, одозгора му било известено дека Севишниот наскоро ќе го повика кај Себе. Меѓутоа, ова тој никому не го доверувал. Но, не можел и да ја крие за сите јасната вистина, дека си заминува од овој свет. Во летото 1841 г. тој ја посетил својата сакана Тихоновска пустина, која процветувала и духовно и материјално под неговите татковски грижи. Под негово упатство таму беа почнале да градат нова трпезарија. Говорејќи за започнатото дело, тој им рекол на браќата кои го опкружувале:
- Јас нема да ја видам новата трпезарија завршена.


Игуменот возвратил:
- Можеби Господ ќе ги продолжи Вашите дни и Вие ќе не зарадувате со уште други посети.
Старецот пак потврдил:
- Не. Едвај ќе ја дочекам зимата. Тука веќе нема да дојдам.
Ова старецот го повторувал и пред други.
На еден свој познат гостин тој во летото 1841 г. му кажал:
- Ако сакаш, поживеј кај нас до ноември, за да ме погребеш!
Но, гостинот не се решил да остане. Подоцна, кога до него стигнала веста за смртта на отец Леонид, тој со восхит сфатил дека тие пророчки зборови на старецот се оствариле.
 
Уште од почетокот на септември здравјето на старецот видливо почнало да се влошува. Во продолжение на пет седмици тој тешко страдал, чувствувал многу силна болка во стомакот, каде што се појавила голема тврда грутка - веројатно рак. Оние што се грижеле за него сакале да повикаат лекар, но тој не се согласил и не сакал да прима никакви лекарства. До 15 септември уште можел да излегува од својата соба, а на сеноќните бденија спроти празниците Рождество на Пресвета Богородица и Воздвижение на чесниот Крст Господов, кои служби се извршувале за него во неговата ќелија, тој, придржуван од браќата, самиот кадел и ги пеел величанијата. На 15 септември над него било извршено Елеосветение. Од тој ден, старецот започнал особено често да напоменува за својот близок земен крај. Тој почнал да се простува со браќата кои доаѓале кај него и ги благословувал. Притоа, на секого му подарувал по нешто - кому книга, кому иконичка, и никого не оставал без да му укаже некакво внимание. На 28 септември се причестил и посакал да му го прочитаат канонот „на изход души." Браќата кои го опкружувале се исплашиле. Им било многу тажно, претставувајќи си го своето осиромашување. Тие почнале со плач да го молат да не ги остава. Тој просолзил и рекол:
- Чеда мои, ако најдам смелост пред Господа, ќе ве земам сите при себеси. Ве доверувам на Господа. Он ќе ви помогне да го преминете житејското боиште. Вие, само прибегнувајте кон Него. Он ќе ве запази од сите искушенија. А колку до тоа, откако го прочитавте канонот „на изход души," не плашете се. Можеби ќе го прочитате уште шест или седум пати.
И навистина, од 28 септември до 11 октомври, кога старецот умрел, канонот по првото негово прочитување бил прочитан уште 7 пати. За тоа време болниот не примал никаква храна. Пиел само по малку вода. Единствено го поткрепувало примањето на Светите Тело и Крв Господови, со кои тој се причестувал, речиси, секојдневно.
Од 6 октомври па натаму, старецот не бил веќе во состојба да станува од својот кревет. Болките му се засилувале секој ден. Лежејќи на својот смртен одар, тој викал кон Бога со умолителен глас: „Господи! Ти ги гледаш моите страдања. Немам повеќе сили да трпам. Прими ја во мир мојата душа." Така, исто и кон Божјата Мајка тој се обраќал често за помош. А, на браќата кои го посетувале им велел: „Помолете се, Господ да ги прекрати моите страдања!"
А потоа, и покорувајќи се на Божјата волја и предавајќи се на Божјата Промисла, тој шепотел молитвено: „Господи! Да биде Твојата волја! Што ти е угодно, тоа направи!"
Настапил последниот ден од неговиот живот - сабота 11 октомври. Утрото болниот бил причестен со св. Христови Тајни. Истиот ден во Оптина пристигнал тогаш познатиот подвижник и јуродив ради Христа Василиј Петрович Брагузин. Тој живеел на повеќе од 180 км растојание од Оптинското св. братство. Бог му го открил блискиот крај на големиот Оптински старец, со кого тој бил одамна во благодатно духовно општење. Брагузин веднаш дошол да се прости со отец Леонид. Кога влегол во неговата ќелија, јуродивиот му рекол:
- Дошло време да се преоблечеш.
Со тоа, тој сакал да се разбере, дека набрзо душата ќе излезе од телото, кое веќе заприличело на изветвена облека.
- Василиј Петрович - тивко се обратил старецот кон него - помоли
се Господ да ме избави од вечната смрт! - Бездруго ќе те избави! -
одговорил Брагузин на смирената прозба на големиот подвижник.
Околу 10 часот отец Леонид почнал да се крсти со зборовите: „Слава Му на Бога!" - многупати повторувајќи ги тие зборови, тој одеднаш замолчел и потоа рекол:
- Сега над мене ќе се јави Божјата милост!
Поминал околу еден час, по кој, тој започнал да се весели со духот и да се радува. Макар што продолжувал да трпи ужасни телесни страдања, тој не можел да го скрие восхитот што бликал во неговото срце и се одразил на неговото лице кое се повеќе и повеќе почнувало да свети...


Надвор камбаните започнале да бијат за воскресната вечерна служба. Тој неделен ден, кој започнувал од сабота вечерта, бил посветен на Светите Отци од Седмиот Вселенски Собор. Бог благоволил да ја земе на небесата душата на Својот верен слуга токму во навечерието на тој празник, за да ги изобличи сите негови непријатели, кои го нарекувале „еретик." Старецот на умирање неколку пати извикал: „Слава Му на Бога! Слава Му на Бога! Слава Ти Господи!" Некои од неговите ученици возбудено почнале да му задаваат разни прашања, сакајќи за последен пат да ја ползуваат неговата благодатна мудрост. Тој им ги давал, макар и со последни усилби, своите одговори, исполнети со голема духовна полза. Потоа, простувајќи се со сите, тој ги испратил, откако оставил при себеси само еден ученик. Поминало извесно време во длабоко молчење. Ученикот забележал дека дишењето на старецот станувало се поретко. Од смртниот одар тој за последен пат испратил брз поглед кон иконата на Божјата Мајка. Ученикот, исплашен, ги повикал излезените. Старецот лежел тивко. Откако ги опфатил со поглед учениците кои го опкружувале, тој ја поткренал својата десна рака, се прекрстил, ги благословил сите и повторно погледнал кон образот на Богомајката, измолувајќи го за своите драги ученици Нејзиното застапништво. По сето ова, тој ги затворил очите и тивко го предал на Бога духот. Било 19 ч. и 30 мин. - сабота навечер. Сабота значи почивка, спокој. Старецот Леонид преминал вистински во вечниот рајски спокој, по тука преживеаните многу земни маки и болести. Над него се оствариле зборовите од Писмото: „Оти, кој ќе влезе во Неговиот спокој, тој ќе се одмора од делата свои, како и Бог од Своите (Евр.4, 10)...
Облечен во својата голема схима, старецот бил положен во скромен ковчег и внесен во соборната црква. Телото му лежело три дни во храмот, но не испуштало никаков непријатен мирис на смртник кој се распаѓа. Притоа, се случило нешто необично: се покажало дека покојникот не е студен. Одеждите на него се стоплиле и дури долната штица на ковчегот се згреала. Рацете му биле меки како на жив човек и сјаеле со некаква особена белина. А додека боледувал, старецот имал студени раце и тело. На мнозина од своите блиски тој им велел: „Ако ја добијам Божјата милост, моето тело ќе се загрее и ќе биде топло." Тоа се случило!
Веста за блажената смрт на праведниот старец се пренела со молскавична брзина по околните села и градови. Отсекаде започнал да надоаѓа народ. До погребот на старецот, црквата постојано се полнела со народ. Сите сакале да му дадат последно целивање на милиот баќушка.
На 13 октомври оптинскиот игумен, архимандритот отец Мојсеј заедно со сите јеромонаси и јероѓакони го извршиле Опелото во присуство на многу богомолитвеници, кои со незадржлив плач се простувале со својот духовен наставник. За време на Опелото, како што сведочат многумина очевидци, јуродивиот Василиј Петрович Брагузин торжествувал со дух, а при последното свое простување со старецот многу плачел.
Телото на отец Леонид било погребано близу Воведенската црква, спроти олтарот на свети Николај Мирликијски Чудотворец. Гробот бил украсен со убав, висок споменик од леано железо, на кој се читале сле-дните надгробни зборови:
Кој од луѓето ќе живее, а смрт да не види? (Ис. 88, 48). Но блажени се мртвите, кои отсега умираат во Господа! Да - вели Духот - нека се одморат од својот труд(Откр. 14, 13).
„Овој споменик го покрива телото на починатиот со мир во Господа Е р о с х и м о н а х  Л Е О Н И Д (ЛЕВ), кој 46 години во монаштвото го носеше благиот Христов јарем (Мт. 11, 30). Тој е од Карачевските граѓани, по фамилија Наголкин.
Заспа во смртен сон со надеж на воскресението и на вечниот живот. Остави спомен за себе во срцата на многумина кои беа добиле од него утеха во своите маки.
Почина на 11 октомври 1841 г. на 72-годишна возраст.
Усрдноста и љубовта кон него му го подигнаа овој споменик!"

* * *

Осиромашените духовни чеда на отец Леонид чувствувале голема тага поради лишувањето од таков благодатен раководител. Неговиот иден заменик отец Макариј ја споделувал таа општа тага, зашто и тој го сметал прекрасниот отец Леонид за свој старец и наставник. Изливајќи ги чувствата на сите, тој ги изразил во едно свое писмо, каде што читаме: „Го нема веќе помеѓу нас нашиот сакан баќушка отец Леонид! Влажната мајка - земја го скри од нас неговото тело, а душата му отиде во Божјите раце... Вие сигурно ќе потажите за нашето општо осиротување, но, заедно со ова и ќе се утешите за неговиот спокој, кој, тој, по Божјото милосрдие задолжително ќе го најде... и сигурно ќе се застапува за нас грешните, кои уште сме во таа долина на маките, обземени од душевните и телесните страсти."


Во друго свое писмо отец Макариј пишувал: „О, какви вести добивам од женските манастири! Во каква тага биле по добивањето на соопштението за неговата смрт! Плач и тажење и бескрајни лелеци! Во Севскиот манастир наредиле непрекинато да се чита Псалтирот до 40-от ден и мислеле дека само неколку поблиски на старецот ќе се отповикаат да читаат. Наместо тоа, сите се натпреварувале да се вклучат во оние што жеднееле да го почитуваат неговиот спомен со Божествени славословија и молитви за него. Таму доброволно читаат Псалтир околу 200 души! Тверската игуменија пишува дека постојано плаче, затоа што била спречена да замине кај старецот и дека се лишила од можноста да го види и да го добие неговиот благослов. И таа во своето сестринство организирала помени за него и нарачала такви и во некои цркви. Од Борисовскиот пак, манастир, М. Т. пишува, дека веста за смртта на баќушката до краен степен ги нажалило сите кои го сакале. Единствено надежта дека тој ќе го наследи вечното блаженство, ги утешувала. Таа надеж го растерувала мракот на тагата."
Во 1842 г. Киевскиот митрополит Филарет, патем ја посетил Оптина. Тој високо го ценел блажениот старец Леонид и му оддал почит на неговиот спомен со срдечна заупокојна молитва над неговиот гроб.
Во 1843 г. Калушкиот епископ Николај, бидејќи бил во Оптина, отслужил Панихида, а потоа направил и литија на гробот на старецот. Во разговор со игуменот отец Мојсеј и со браќата, тој откриено ја изразил својата длабока жалост, дека не го ценел старецот за време на неговиот живот, ами попуштил на клеветите на негова адреса, со што направил грешка пред неговата светла личност. Сега, тој ја дал идејата да се соберат сите сведоштва за животот на покојникот и да биде издаден неговиот животопис.


Така, Бог се грижел за очистување на светлиот спомен на верниот и смирен Свој служител од сите клевети што подоцна беа фрлани врз него. Времето придонело за уште поголемо прославување на Божјиот угодник. Зашто, достоинството на секој наставник и правилноста на неговите совети се познаваат од нивните плодови. А, учењето на отец Леонид и неговото духовно раководење, како на одделни лица, така и на цели манастири, давало прекрасни плодови. Од ова сите се убедувале дека големиот старец Леонид не проповедал никаква ерес и не правел никакво противцрковно новововедение преку востановувањето на древната манастирска пракса, која се состоела во откривање на помислите и давање совети за борба со нив. Напротив, тој бил прав, откако со својата старечка дејност придонесувал за усовршувањето на оние кои му се доверувале и бидејќи во се ја барал не својата полза, туку ползата на ближниот (1. Кор. 10, 24).


На трудот и грижите на старецот Леонид се должело благоустројството и процветот на три машки свети братства во Калушката епархија и на пет женски манастири во други епархии, каде што за игумении биле назначени негови духовни ќерки.


А, кој може да го изброи големиот број на приватни лица, кои преку татковската грижа на баќушката Леонид го нашле вистинскиот пат кон спасението!
Гласовите на противници на отец Леонид одамна замолкнале. А името на првиот оптински старец станало познато по цела православна Русија и по другите православни земји, каде што со пријатен глас се произнесува и до денес од сите почитувачи на монаштвото и на духовниот живот. Над него, навистина, се оствариле зборовите на премудриот Исус, синот Сирахов, за праведниците: Во мир се погребани нивните тела, а нивнита имиња во поколенијата ќе живеат; за нивната мудрост народите ќе раскажува т и Цркв та ќе ги прославува ! (Сир. 44, 13-14).

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (1)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (2)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (3)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (4)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (5)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (6)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (7)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (8)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (9)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (10)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (11)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (12)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (13)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (14)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (15)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (16)

 

 Optinski.starci.jpg

Издавач: ЃаконијА  2004

Главен и одговорен уредник: Митрополит Брегалнички г. Агатангел



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3168
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7642
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

04/12/2024 - среда

Божикен пост (на риба)

Воведение на Пресвета Богородица- Пречиста
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. патријарх Калист Цариградски  и неговиот сотрудник Игнатиј 22 ноември / 5 декември 2024

Тропар на св. патријарх Калист Цариградски и неговиот сотрудник Игнатиј 22 ноември / 5 декември 2024

О вие мажи обручени за љубовта Божја,о вие тихуватели кои го запознавте гласот на срцето,Калисте и Игнатие отци наши преподобни,молете...

Тропар на воведение на Пресвета Богородица 21 ноември / 4 декември (04.12.2024)

Тропар на воведение на Пресвета Богородица 21 ноември / 4 декември (04.12.2024)

 Денес е почетокот на Божјата милости на проповедта за спасение на луѓето.Во храмот Божји јасно Дева се јавуваи Христа на...

Тропар на св. Христов Григориј Декаполит 20 ноември / 3 декември 2024

Тропар на св. Христов Григориј Декаполит 20 ноември / 3 декември 2024

Пример си бил на воздржание,со Божествен Дух сите просветувајќи ги,правоверно животот завршувајќи го,со учењето светот го просветли,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная