Во нашата душа е и светлината на Рајот и пеколниот пламен.
Нашата душа е налик на прекрасен небесен цвет, но цвет кој е покриен со отровни пајаци.
Нашата душа личи на преубав неракотворен храм во слава на Бога Севишниот, но по скалилата на овој храм ползат страшни змии.
Одбележувањето на кој било христијански празник е незамисливо, доколку не се извршува евхаристија. Строго гледано, како празнични денови можат да бидат определени само оние денови во кои, според богослужбените типици, се служи литургија. Неучествувањето во евхаристиското собрание го лишува христијанинот од можноста да биде полноправен учесник во празниците.
Од 57 години го носам монашкото расно, и мислам дека никогаш не сум ја занемарил мислата за спасението и не сум го сметал за нешто дадено, туку со стравопочит и солзи сум го молел Господ да се смилува над мене и да ги прости сите мои гревови, и да не ме отфрли од подножјето на нозете Негови. Мислам, дека се трудев, со сите мои сили, да не бидам...
Тоа беше една од најдобрите проповеди, кои некогаш сум ги слушнал. И сега ви велам, браќа и сестри: вие не верувате дека Христос е тука. Вие не верувате дека Тој е во вас, и не верувате дека Тој е во вашите ближни, – зашто во спротивно никогаш не би се однесувале така, како што се однесувате сега. Така што, вие, а не некои луѓе од улица, се одрекувате од Христос.
“Oпштитe дарoви сe чeтиритe стихии и сè штo бидува oд нив, какo и ситe чудни и страшни дeла Бoжји,
излoжeни вo бoжeствeнoтo писмo. А пoсeбнитe сe oниe штo Бoг му ги дал на сeкoј чoвeк пoeдинeчнo: билo бoгатствoтo заради милoсрдиe, билo сирoмаштијата заради трпeниe сo
благoдарнoст;
Во Христа не треба само да веруваме. Како прво, „само верувам“ не постои. Постои исповедание, кое поминало низ искушенија и соблазни, се зацврстило низ годините и кое на крајот прилично се разликува од првиот опит во верата – наивен и радосен. Патот на верата е пат сличен на „американското брекче“, кое во Америка го нарекуваат „руско“. Тоа е пат со огромни искачувања и вртоглави спуштања.
– Не можеме да ги спречиме христијаните да одат во црква.
– Не можеме да ги спречиме да ја читаат својата Библија и така да ја откриваат вистината.
– Не можеме да ги одвоиме од нивната вера во Спасителот.
– Кога еднаш ќе воспостават врска со својот Христос, нам моќта над нив ќе ни биде уништена.