логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

  i

25/03/2016   Поуки - совети

1) Господи, во јароста Своја не изобличувај ме![1]  Знам Господи, каков ужас и трепет ќе ме стигне, кога пред лицето на вселената, на Страшниот Твој Суд ќе ги отвориш сите гревови направени од мене: „Помислувајќи на многуте гревови направени од мене, окајаниот јас треперам од страшниот ден на судот…“ Знам… треперам… и не се осмелувам, Господи, да барам совршено простување на многуте мои гревови; зашто јас згрешив пред Тебе, безмерно го оскрбив Твоето свето име пред лицето на сите луѓе. Не се покорував на твоите заповеди; во зло го прокоцкав Твоето богатство; наследството, што си ми го дал, го  потрошив на беззаконија; го разрушив храмот Твој – моето тело; душата моја – образот Твој – го осквернив, го погубив; времето кое ми беше дадено, го поминав со Твоите непријатели; од заповедите Твои ниедна не запазив; облеката, со која ме облече ја извалкав; светилникот, кој Ти ми го подготви, задремав и го угаснав. Но, Господи, во јароста Твоја не изобличувај ме! Само тоа го барам од Тебе, Единствениот Милосрден. Само Ти вистински ги знаеш сите мои тајни гревови, но не изобличувај ме, не ги објавувај гревовите мои пред сите ангели и луѓе, пред целата вселена, за мој срам и понижување…

2) Помилуј ме Господи, зашто немоќен сум!  Немоќно е телото мое, немоќна е душата, немоќен е умот, немоќни се помислите: ослабе крепоста моја, осиромашеа во суета деновите мои (Пс. 77, 33), го гледам крајот кој ми се приближува. Но, Господи, подај ми рака мене, кој тонам во длабочината на сластите: отвори ми мене, кој недостојно тропам, и не заклучувај ги за мене вратите на милосрдието Твое. Зашто, ако Ти ги заклучиш, кој ќе ги отвори? Ако ти не побрзаш, кој ќе ни помогне? Никој, освен Тебе, вистинскиот Бог. Подари ми време за живот и време за покајание, победи го скаменетото мое срце и оствари го исправувањето мое! Зашто, ако Ти тоа не го направиш, сè што правам јас, ќе биде слабо, а не цврсто; што и да пробам, сè ќе биде бессилно и неправилно; кон што и да пристапам, сè ќе биде бесполезно и несовршено. Не забавувај Господи, но скоро дојди и спаси го Твоето создание! Ти Сам рече Господи: без Мене не можете да направите ништо (Јн. 15, 5). Пресретни го обраќањето на мојата душа во времето на мојот живот. Се спротивставуваат и напаѓаат помислите, природата, злите намери и особено лукавите обичаи. Помилуј ме Боже, зашто немоќен сум: непријателот ме обессилил, ме направил слаб и скршен: а слабиот и скршен не може сам да си помогне; затоа, помилуј ме Боже, зашто немоќен сум!

[1] Оттука, па натаму, стиховите се земени од 6-от Псалм. (заб.прев.)


(Извадок од книгата во подготовка: „Гревот и средствата за духовна борба со него“)

Извор: Преспанско- пелагониска епархија



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…
Јуни 25, 2024
HRISTOS.nafora

За нафората

Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и употребена за свештеничка работа.Овој леб,како избоден со копје и осветен со божествени зборови,им се дава на верниците кои не се причестиле наместо Страшните дарови,т.е.Светата…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 2685
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7136
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6969
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Најново од духовност

Православен календар

 

16/07/2024 - вторник

Св. маченик Јакинт; Свети Анатолиј, патријарх Цариградски; Преп. Александар; Св. Исаија Отшелник;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов архиепископ Андреј Критски (17.07.2024)

Тропар на светиот Христов архиепископ Андреј Критски (17.07.2024)

Од немоста изведен на служба Господова,благодарност срцето подигна кон Небесата,о Андрее Христов славеју на небото и на земјата,усто медоточна секогаш...

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Мачениче Христов, свети Јакинте,земната храна со небесната си ја заменил,на Бога послужувајќи, срцето твое дел на Светиот Дух постана,тебе кого...

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 2 јули /15 јули 2024

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 2 јули /15 јули 2024

Богородице Приснодево, заштито на луѓето,ризата и појасот на Твоето пречисто телоси го дарила на твојот град како моќна ограда,останувајќи нетлена...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная