Многумина мислат дека Бог создал само едно небо, но Тој создал не едно, туку две. Многумина мислат дека Тој создал само една земја, но тој создал две. Но да почнеме од почеток...
Пред Бог да го создаде овој свет, кој го знаеме и во кој живееме, Он го создал духовниот свет, светот на ангелите. Пред создавањето на светот, кој го познаваме, се случил бунтот на Деница против Бог.
Малубројните, а богато надарени осаменици го пронаоѓаат патот до целта, до бесмртнита убавина. Другите одат по широкиот, „исшкрабан“ пат од уметноста и нејзините техники, односно преку надворешното: канони, ритуали, надворешна побожност – тоа е патот за „многуповиканите“.
Улогата на христијаните во светот е да ја прочистуваат атмосферата на земјата и да ја шират атмосферата на Царството Божјо. Од човекот кој го носи Божјото Царство во себе зрачат светли мисли, полни со љубов кон човекот, сочувствителност, Божји мисли.
Пустинските монаси привремено го напуштале тихувањето и доаѓале во светот за да го исповедаат Православието и да ги утврдат Православните во вистинската вера. Така свети Антониј Велики дојде во Александрија за да ја објави својата спротивставеност кон догмите на Аријанците.. Монасите одбивале да се причестат со декларираните еретици. Преподобните отци наши Сава Осветен и Теодосиј Општежителник...
Во нашата душа е и светлината на Рајот и пеколниот пламен.
Нашата душа е налик на прекрасен небесен цвет, но цвет кој е покриен со отровни пајаци.
Нашата душа личи на преубав неракотворен храм во слава на Бога Севишниот, но по скалилата на овој храм ползат страшни змии.
Одбележувањето на кој било христијански празник е незамисливо, доколку не се извршува евхаристија. Строго гледано, како празнични денови можат да бидат определени само оние денови во кои, според богослужбените типици, се служи литургија. Неучествувањето во евхаристиското собрание го лишува христијанинот од можноста да биде полноправен учесник во празниците.
Од 57 години го носам монашкото расно, и мислам дека никогаш не сум ја занемарил мислата за спасението и не сум го сметал за нешто дадено, туку со стравопочит и солзи сум го молел Господ да се смилува над мене и да ги прости сите мои гревови, и да не ме отфрли од подножјето на нозете Негови. Мислам, дека се трудев, со сите мои сили, да не бидам...
Тоа беше една од најдобрите проповеди, кои некогаш сум ги слушнал. И сега ви велам, браќа и сестри: вие не верувате дека Христос е тука. Вие не верувате дека Тој е во вас, и не верувате дека Тој е во вашите ближни, – зашто во спротивно никогаш не би се однесувале така, како што се однесувате сега. Така што, вие, а не некои луѓе од улица, се одрекувате од Христос.
“Oпштитe дарoви сe чeтиритe стихии и сè штo бидува oд нив, какo и ситe чудни и страшни дeла Бoжји,
излoжeни вo бoжeствeнoтo писмo. А пoсeбнитe сe oниe штo Бoг му ги дал на сeкoј чoвeк пoeдинeчнo: билo бoгатствoтo заради милoсрдиe, билo сирoмаштијата заради трпeниe сo
благoдарнoст;