логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

139089.p

„…Во текот на ноќта блажениот Андреј имал видение. Му се сторило како да се наоѓа на голем плоштад. Од едната страна на плоштадот стоела толпа црни демони, а на другата страна – свети мажи во бела облека. Меѓу двете страни се водела борба. Демоните, имајќи на своја страна еден црн исполин, со гордост им предлагале на светите мажи да претстават од своја страна таков борец, кој ќе има сила да се бори со нивниот исполин, илјаданачалник на нивниот легион. Црните демони се фалеле со својата сила, но белоризците не им одговарале ништо. Блажениот Андреј стоел таму и гледал, сакајќи да дознае кој ќе се реши да влезе во борба со страшниот противник. И во тој миг, тој здогледал прекрасно момче кое слегувало од висините во рацете носејќи три венци: едниот исплетен и украсен од чисто злато и скапоцени камења, другиот со голем и блескав бисер, а третиот, најубавиот, бил направен од бели несвенливи цветови од Божјиот рај. Убавината на венците била толку чудесна, што таа не можела со човечкиот ум да се појми или со јазикот човечки да се опише.

Кога го видел ова, Андреј посакал да има барем еден од трите венци, затоа тој му пристапил на момчето и му рекол:

– Заради Христа, кажи ми, ги продаваш ли овие венци? Јас самиот не можам да ги купам, но ќе одам и ќе му кажам на мојот господар и тој ќе ти плати за венците колку што ќе посакаш.

Лицето на венценосецот заблескало и тој рекол:

– Верувај ми, возљубен, дури и да ми го донесеш златото од целиот свет, јас не би ти продал ни тебе, ниту на на било кој друг, ни едно цветче од овие венци, зашто тие се направени од небесните Христови ризници, а не од украсите на суетниот свет. Со нив се овенчуваат оние коишто ги победуваат црните демони. Ако сакаш да ги добиеш, и тоа не само еден, туку сите три, влези во борба со црниот исполин и штом го победиш ќе ги добиеш од мене трите прекрасни венци.

Кога го чул ова блажениот Андреј, се исполнил со решителност и му рекол на момчето:

– Верувај ми, ќе направам сè што ќе ми кажеш, само научи ме на неговите итрини.

Момчето рекло:

– Зарем не знаеш во што се состои нивната слабост? Демоните се страшни и грозни наизглед и истовремено се многу слаби. Не се плаши од неговиот огромен раст и страшниот поглед; тој е слаб како гнила трева.

Укрепувајќи го Андреја со овие зборови, прекрасното момче започнало да го учи како да се бори. Тој му рекол:

– Кога демонот ќе те фати и ќе започне да се бори со тебе, не се плаши, осени се со крсниот знак и зграпчи го и ќе ја осетиш Божјата помош.

Тогаш блажениот зачекорил на средината од плоштадот и му повикал на исполинот:

– Излези да се бориш!

Страшниот исполин, како црн Голијат, заплашувачки се устремил кон Андреја и малку недостасувало да го порази. Но блажениот, поучен од момчето, со силата на чесниот крст Господов го грабнал демонот и го треснал од земја. Мажите светлорисци многу се израдувале на Андреевата победа, а демоните посрамени исчезнале. Според ветувањето, светлоликото момче го овенчало блажениот Андреј со трите небесни венци и целивајќи го му рекол:

– Оди си со мир! Отсега натаму ти ќе бидеш наш пријател и брат. Прими го на себе подвигот на добродетелите…“

Оваа епизода од житието на свети Андреј Јуродиви, освен со својата чудесна едноставност во нарацијата, фасцинира и со комлексниот етичко-аскетски слој, кој е модулиран во неа. Имено, целокупниот духовен живот на човекот е една непрестајна борба со своите слабости, едно непрестајно соочување со апсурдот, кој е стар колку и Адамовиот пад: …А што правам, не знам; бидејќи не го вршам она, што сакам, туку она, што го мразам, тоа го правам. Ако, пак, го правам она, што не го сакам, тогаш се согласувам со Законот дека е добар. И така, јас веќе не го правам тоа, туку гревот, што живее во мене. Јас знам дека во мене, односно во моето тело, не живее доброто; бидејќи желба за добро во мене има, но да го правам тоа, не наоѓам сили. Оти не доброто, кое го сакам, го правам, туку злото, што не го сакам, го вршам. А штом го вршам она, што не го сакам, не го вршам веќе јас, но гревот, кој живее во мене. И така, во себе си наоѓам таков закон дека, кога сакам да го правам доброто, злото ми се наметнува. Бидејќи, со својот внатрешен човек наоѓам наслада во законот Божји, но во органите свои гледам друг закон, кој војува против законот на мојот ум и ме прави заробеник на гревовниот закон, кој е во моите органи. Беден човек сум! Кој ќе ме избави од телото на оваа смрт? (Рим 7,15-24) Незгасливата борба меѓу законот на телото и законот на умот (на логосот) во човекот ја зацврстува свеста и етосот на постојана духовна напрегнатост. Разумната ревност, со која тој се држи во будност, наликува на дисциплината и трудот на вешт спортист или музички виртуоз, кој сите свои енергетски потенцијали и преокупации ги вложува во решеноста постојано да се победува себеси, да се надминува себеси.

rsz_istrajnost

Но, колку што во смисла на подвигот духовниот живот наликува на спортски трениг или музикално увежбување, тој во една суштинска смисла дијаметрално се разликува од нив. Целта на спортскиот атлет или музичкиот виртуоз е да постигне одредена вештина, одредено совршенство во телесните движења или во манипулацијата со музичкиот инструмент; за разлика од нив целта на духовниот атлет не е да постигне нешто, туку да истрае на патот на богоподобието. Тој нема потреба да се докажува или да се испробува во извесно совршенство надвор од себе. Духовниот атлет, а тоа е секој човек што се грижи за своето спасение, е истовремено и виртуоз и инструмент и причина на подвигот. Целта е љубовната прегратка со Бога во вечноста. Постои опасноста, понекогаш, заведен од логиката на духовниот Вавилон, логиката на постигнувањето, современиот подвижник, на средствата на својата духовна борба да започне да гледа како на цел за себе. Тогаш, одвраќајќи се од изворниот пат на богољубието, тој непрестајната молитва, умртвеноста на телесните страсти или потполното смирување на срдечниот гнев ги претвора во некаков кумир, заборавајќи ја вистинската цел на својот духовен труд. Тој тогаш наликува на маратонец, кој трча во погрешен правец, со секој чекор сè повеќе оддалечувајќи се од целта.

Духовната борба е вистински маратон. Долготраен и макотрпен. Во него човекот треба постојано да се моли, непрестајно да ги победува телесните страсти и гневот во срцето и уште безброј други нешта, но во тој маратонски подвиг тој не треба ништо да постигне. Тој треба единствено да истрае. Истрајноста во макотрпната борба со логиката на својата падната природа е богоизворниот метод на нашето спасение. Натпреварувачкиот дух на славољубието и трката за материјален профит, вавилонскиот маратон на нашето секојдневие, го тераат човекот овие бесловесни маратони лекомислено да ги пресликува и во својот духовен живот. Но ако се обидеме да ја оправдаме за момент ваквата тенденција и да ја доведеме до нејзината крајна инстанца, ако ја прифатиме методологијата на постигнувањето во својот живот и се потрудиме во што пократок временски рок и со што поефектни техники да достигнеме некоја духовна добродетел, тогаш тоа неминовно ќе нè доведе до прашањето: Што потоа? Која е смислата човекот да живее понатаму, ако веќе го „постигнал“ она, во однос на што го конципирал својот животен подвиг? Не е ли тоа еден многу суптилен вид на идолопоклонство?

Небесната награда од животната епизода на свети Андреј не е запечатување, не е крај, туку почеток на духовниот подвиг. Овенчувајќи се со трите рајски венци, трите совршени добродетели, блажениот доби благослов од Богомладенецот за највисокиот од сите човечки подвизи, подвигот на јуродивоста заради Христа. Природата, пак, на самата награда покажува дека таа не е од овој век и нема да ја добиеме тука, за време на земниот живот. Ако се трудиме во духовниот живот за да постигнеме нешто, тогаш тоа значи дека си ја бараме наградата уште тука, што поскоро. Но, венците на сегашните постигнувања се минливи, тие свенуваат и гнијат. Со нив исчезнува и сиот макотрпен подвиг, ако е цел самиот за себе. Вистинскиот подвиг и вистинскиот самопрегор, колку и да се тешки и макотрпни, сепак се непрекинат израз на нашата љубов кон Оној, Кој се предаде на распнување и смрт од љубов кон нас. Во тоа взаемно принесување и проникнување, истрајноста, неомеѓена ни со физичката смрт, е природниот начин на нашето постоење и дејствување. Со своето воскресение и вознесение, нашиот Спасител нè повика да Го следиме сè до последниот здив, до последниот атом сила, волја и желба, па и понатаму, во есхатонот, истрајувајќи на патот на богоподобието, до бесконечното и благодатно обожување според мерата Христова.

Митрополит Методиј Златанов

Извор: Мистагогија



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5811
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6628
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6413
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5609
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

19/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

+Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит; (Акатист); (второ бдение);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Пастироначалниче на скитското подвижништвово степите руски непроодни,Ниле ученику Христов облагодатен,денес и во веки Бога преку тебе Го прославуваме,и твоите подвизи...

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная