логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

 
Искушенијата треба да ги примиме со благодарност и без роптање

Добро говореше авва Пимен дека особините на монахот се откриваат додека трајат искушенијата, бидејќи монахот кој вистински служи на Бога, како што вели мудриот Сирах приготви ја душата своја за искушение (Сир. 2, 1) за никаде да не се слушне за она му се случува, верувајќи дека ништо не се збиднува без Божја промисла. А сето она што е по промисла Божја е добро и е од корист за нашата душа. Се што прави Бог, го прави за наше добро, бидејќи нѐ љуби и е милостив кон нас. А ние сме должни, како што вели апостолот да Му благодариме (Ефес. 5, 20; Сол. 5, 18) на Господа за Неговата добрина, никогаш да не се јадосуваме и да не очајуваме поради она што ни се случува, туку да го примиме без роптање, со надеж во Бога, уверени дека Бог за нас прави се по Неговата благост, љубејќи нѐ.

     Човек кој има пријател, за кој е уверен дека го љуби, што и да претрпи од него, дури и нешто болно, мислејќи дека пријателот тоа го прави од љубов, не верува дека пријателот сакал да го повреди. Колку е потребно таквата љубов да Му ја препишеме на Бога, Кој нас не создаде и приведе од небитие во битие, кој заради нас се вооплоти и заради нас умре, и се што прави, го прави од љубов, за наше добро. За пријателот човекот си мисли: тој прави се од љубов, ме штеди, но нема секогаш разум да го устрои сето она што е корисно во односот со мене. Поради тоа може да се случи несакајќи да ме повреди. Меѓутоа ова не можеме да го кажеме за Бога бидејќи Он е извор на мудроста и знае како сѐ да устрои. За Него се е возможно.
    Треба да знаеме дека Бог ја сака и ја штеди Својата творба, дека Он е извор на мудроста, дека знае како да ги устрои работите и дека се Му служи на Неговата волја. Он прави се за наше добро. И затоа треба се да примаме со благодарност, па дури и тоа да е болно искуство за нас. Се сѐ случува по праведен суд. А Бог, кој е толку милостив нема да го презре и најмалото наше страдање.

    Но често се случува некој да се сомнева говорејќи во себе: „како може да биде од корист ако некој згреши поради неволјата?“ Ние сите грешиме бидејќи не сме трпеливи, не сакаме да поднесема малку жалост. Бог не допушта врз нас ниту едно искушение кое ја преминува нашата сила, како што рекол апостолот: верен е Бог, Кој нема да дозволи да бидете искушани повеќе од силата ваша (1 Кор. 10, 13). Но ние немаме трпение, не сакаме да трпиме, да ги прифатиме околностите со смирение и поради тоа само се оптеретуваме. Што повеќе се трудиме да ги одбегнеме искушенијата, тие се повеќе не стигнуваат, стануваме малодушни и не можеме да се избавиме.
    Ако некој се наоѓа во вода, на море, и знае да плива, кога ќе надојде бран тој знае да нурне се додека не помине бранот и продолжува со пливањето неповреден. Ако се обиде да се спротивстави на бранот тој ќе го фрли или понесе со себе на големо растојание. И ако продолжи да плива и надојде друг бран и проба да се спротивстави и тој го турне, тогаш залудно се заморува без никаква корист. Но ако, како што реков, тој нурне додека бранот не помине и продолжи да плива неповреден, тој ќе помине без штета и ќе го изврши своето дело. Исто е со искушенијата - оној кој ги поднесува со трпение и смирение, поминува неповреден, но ако стане малодушен, ако се смутува и ги обвинува сите, тој сам на себе си отежнува. Тој само ги засилува искушенијата, а од нив не добива никаква корист.

     Искушенијата донесуваат голема корист на оние кои ги поднесуваат без роптање. Дури и ако страста ни досадува, не треба да се вознемируваме. Ако имаме неволји, не треба да се вознемируваме поради нив, бидејќи вознемирувањето е резултат на гордост и незнаење, бидејќи не ја разбираме нашата духовна состојба и не го исполнуваме нашето послушание како што велат отците на Црквата: „ние не напредуваме бидејќи не ја познаваме нашата мера, немаме трпение за започнатото дело и што сакаме да стекнеме добри особини без бол.“ Поради што се чуди страстен човек кога го мачат страстите? Зошто се ожалостува кога ги прави? Имаш страст и се нажалуваш? „Зошто ми смета“ си вели. Подобро да претрпиш подвизувајќи се и молејќи се на Бог. Невозможно е страстите да не создаваат неволји на оној кој ги извршува. „Нивните садови се во тебе“, има речено авва Сисој. „Дај им ги нивните заложби и тие ќе заминат“. Садовите ги нарекува причина. Поради тоа што сме ги засакале и исполнувале, не е возможно да не бидеме заробени од страсните помисли кои нас, без наша желба, кои не тераат да ја исполнуваат страста. Ние своеволно се имаме предадено во нивни раце.

     Слично зборува пророкот за Ефрем, кој го победил својот соперник, т. е. својата совест и го погазил судот (Ос. 5, 11). Тој го барал Египет, но на сила бил одведен во Асирија. Под „Египет“ отците ја подразбираат волјата на телото, која нас не влече кон телесното смирение, а умот влегува во сладострастие. А „Асирците“ се страшните помисли кои го раздразнуваат и помрачуваат умот и го исполнуваат со нечисти идоли, присилно, без негова волја, го доведуваат до грев на дело. Оној, кој доброволно се предава на телесно сладострастие, принудно и против своја волја е воведен во Асирија да работи за Навохудоносор. Пророкот го знаел тоа и со бол рекол: Не одете во Египет (Ерем. 42,19). Смирете се малку, свијте го вашиот грб, работете за царот вавилонски и седете во земјата на вашите татковци. И повторно ги храбри велејќи: не бојте се од вавилонскиот цар, од кого се плашите, бидејќи и Јас сум со вас, за да ве спасувам и да ве избавувам од неговата рака (Ерем. 42, 11). Потоа престажува и за жалоста која ќе дојде на нив, ако не се обрнат кон Бога: Ако, пак, речете: „не сакаме да живееме во оваа земја“ и не го послушате гласот на Господа, вашиот Бог, велејќи: „не, туку ќе отидеме во земјата египетска, каде што нема да видиме војна и нема да чуеме трубен глас, и нема да гладуваме, таму ќе живееме“, тогаш чујте го сега словото Господово: Ако влезете во Египет, ќе станете за проклетство и ужас, за поруга и за укор (Ерем. 49, 13-14, 18). Слегоа во Египет и своеволно му служеа на фараонот. Потоа на сила се одведени во Асирија, каде што беа принудени да им служат на Асирците.

    Обрнете внимание на она што се зборува. Човекот е слободен пред да направи нешто според страстите, дури ако има и помисли. Тој е сеуште во својот град имајки го Бог за помошник. Ако се смири пред Бога и го поднесе бремето на жалоста и искушението со благодарност и ако има макар најмал и незнаен подвиг Божјата помош ќе го крене. А доколку побегне од трудот и падне во телесно сладострастие, ќе биде насилно и принудно одведен во земјата каде против своја волја ќе им служи на Асирците.

     Понатаму пророкот говори: молете се на Господа за Навахудоносора, бидејќи во неговиот живот е вашето спасение (Вар. 1, 11). „Навахудоносор“ значи дека никој не треба да негодува поради жалоста и искушенијата кои се случиле, ниту да ги одбегнува, туку да ги поднесе со смирение и како оној кој заслужил да страда. Човекот треба самиот да се смета за недостоен за избавување од тешкотиите. Се повеќе треба да се смета за достоен да поднесува продолжено искушение кое трае и зајакнува против него. Без разлика дали ја согледува својата вина, или моментално не ја гледа, тој треба да верува дека кај Бог ништо не се случува без суд и правда. Така рекол оној брат кој жалел и плачел што Бог му го зел искушението: „Господи зарем не сум достоен барем малку да се ожалостам?“ Пишано е, дека ученикот на големиот старец имал борба со блудните помисли. Гледајќи го како се напрега, старецот му рекол: „Сакаш ли да го помолам Бог да ти ја олесни борбата?“ Ученикот рекол. „Вистина е дека се мачам авво, но ги гледам и плодовите на трудот во себе си. Подобро помоли го Бог да ми даде трпение.“ Еве какви се оние кои навистина сакаат да се спасат. Тоа значи со смирение да се поднесе бремето и да се молиме за животот на Навуходоносор. Поради тоа зборува и пророкот: бидејќи во неговиот живот е вашето спасение. Реченото „ги гледам и плодовите на трудот во себе си“ е слично со горенаведеното. Тоа го потврдува и старецот кој му рекол: „Денес видов дека си напреднал и си ме надминал.“

     Оној кој се подвизува против гревот и почнува да се бори против страшните помисли на разумот, се држи до смирението, скрушеноста и подвигот, по пат на мачен подвиг, малку по малку да се чисти и да дојде до својата природна состојба. Како што веќе рековме, човекот поради незнаење и гордост се возмутува кога го оптеретува страста. Најпрвин треба смирено да ја спознае својата мера и да истрае молејќи се, се додека Бог не му укаже милост. Навистина, доколку не сме искушувани и не ја видиме жалоста од страстите, нема да се бориме, ниту пак, некогаш ќе се очистиме од нив. И во псалмот се вели: Кога грешниците никнуваат како трева, и кренат глава оние што вршат беззаконие, тоа е за да бидат истребени засекогаш (Псал. 91, 7). Грешниците кои никнуваат како трева се страсните помисли. Бидејќи тревата е слаба и нема сила. Понатаму, кога страстните помисли никнуваат во душата, се креваат и се појавуваат оние кои вршат беззаконие, т. е. страстите, за да бидат истребени во вечни векови. Страстите се истребуваат кај оние кои се подвизуваат.

     Погледнете ја постапноста на зборовите. Најпрвин никнуваат страстните помисли, потоа се креваат страстите и на крај се истребуваат. Сево ова важи за оние кои се подвизуваат. Ние, пак, кои правиме гревови и си ги задоволуваме страстите, не знаеме кога никнуваат нашите помисли, ниту пак, кога се подигаат страстите за да се бориме со нив. Ние сме сеуште долу, во Египет и правиме тули за фараонот. Кој ќе ни дозволи да дојдеме макар и да ја почувствуваме горчината на своето робство, за да се смириме и да се потрудиме да бидеме помилувани?

     Синовите израилеви му служеле на фараонот да прават тули. Тие пак, што ги прават тулите се наведнати надолу и гледаат во земјата. И душата совладана од ѓаволот која прави гревови не размислува на духовното. Таа секогаш мисли на она што е земно. Тие од тулите имаат изградено три града. Рит, Рамез и Он (или Илиополис). Тоа се: сластољубието, среброљубието и славољубието од кои произлегуваат сите гревови.

     Бог го пратил Мојсеј да ги изведе од Египет и од ропството фараоново, а фараонот ги обременува со уште потешка работа говорејќи им: Седите без работа, не работите, па затоа велите: „Да Му принесеме жртва на нашиот Бог.“ (2 Мој. 5, 17). Слично постапува и ѓаволот: кога ќе види дека Господ сака да ја помилува душата со Својот збор или преку некој од слугите Свои и да ја олесни од страстите, тој уште повеќе ја оптеретува душата со страсти и уште посилно ја напаѓа. Знаејќи го тоа, отците го укрепуваат човекот со своите поуки и не му даваат да се уплаши. Еден вели: „Падна, стани! И ако пак паднеш стани!“ Друг вели: „Силата на оние кои сакаат да стекнат добродетели се состои во тоа што после паѓањето ја избегнуваат малодушноста и посторно да се погрижат за себе.“ И секој од нив, едноставно, на различни начини, еден вака, друг онака, подава рака на оние кои се подвизуваат и кои се ожалостени од непријателите. Тие тоа го темелат на боженственото Писмо кое вели: зар паднатите не стануваат, и оние што скршнале од патот не се враќаат? (Ерем. 8, 4); Вратете се, синови одметници; Јас ќе го излекувам вашето непокорство (Ерем. 3, 22) вели Господ.

    Кога раката Божја беше над него и над неговите слуги и кога сакаше да ги ослободи, фараонот му рече на Мојсеј: Одете, заблагодарете Му на Господа, вашиот Бог; само овците ваши и воловите ваши нека останат (2 Мој. 10, 24). Тоа го означуваат помислите и разумот со кој сакал фараонот да владее, надевајќи се со нив повторно да ги повлече синовите израилеви. А Мојсеј му вели: Не, ами ти треба да нѐ снабдиш со приноси и жртви сепаленици, што ќе ги принесеме на Господа, нашиот Бог. Затоа и добитокот наш нека оди со нас, да не остане ни копито (2 Мој. 10, 25-26). Бидејќи Мојсеј ги изведе синовите Израилеви од Египет и ги пренесе низ Црвеното Море, Бог, на патот до 70 палмови дрва и 12 извори за вода, најпрвин ги носи во Мера. Овде народот се нажалил бидејќи немале што да јадат и да пијат бидејќи тамошната вода била горчлива. И преку Мера ги довел до местото каде имало 70 палми и 12 водни извори.

   Така е и со душата. Престанувајќи да прави гревови и препливувајќи го морето на помилсите, таа најпрвин треба да се труди и да се подвизува во многуте неволји за да влезе во својот покој. Низ многуте неволји влегуваме во царството Божјо. Неволјите ја будат Божјата милост кон душата, како што ветровите носат дожд. Дождот кој долго паѓа, ја оштетува нежната билка и го уништува нејзиниот плод, а ветровите постепено ја сушат и засилуваат. Тоа се случува и со душата. Удобноста, безгрижноста и спокојот ја раслабуваат и расејуваат, а искушенијата ја утврдуваат и соединуваат со Бога, како што вели пророкот: Господи, бидејќи во беда Те бараа (Иса. 26, 16). Така, како што рековме, не треба да се нажалуваме од искушенијата, туку да истраеме, да благодариме и секогаш да се молиме на Бога со смирение во немоќта ни даде милост и да нѐ избави од сите искушенија поради Својата слава. Амин.

превод: ѓакон Димитар Арсовски
објавено во: „Троичник“ бр. 42

Извор: ОГЛЕДАЛО



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3143
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7622
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная