логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Три зрнца за старецот
Манастир Зрзе - The Zrze Monastery·Monday, 27 June 2016


Првото...


Кога стигнав на Света Гора, од пристаништето Дафни се упативме во Кареја, а оттаму во келијата на старец Паисиј во Панагуда. Средбата со него за мене беше откровение. Кога му открив дека сакам да се замонашам, старец Паисиј ме упати кај игуменот на Григоријат, кој, според неговите зборови, има срце на татко и мајка. До тогаш, за старец Георгиј (Капсанис) имав само читано од преводите во богословските часописи. Знаев дека во неговиот манастир живеат монаси од повеќе националности, меѓу кои и од Македонија. Ова сознание, како и благословот на старец Паисиј, ме бодреа за одлуката духовно да се накалемам на григоријатското монашко стебло. Имав дваесет години, но горев од желба младоста да му ја подарам на Христос.


архимандрит Георгиј Капсанис, игумен на Григоријатскиот манастир на Света Гора

Дента кога стапнав на Света Гора беше Преображение и славеше манастирот Кутлумуш. Откако заврши празничното бдение, и трпезата, заминавме за Григоријат. Копнеев да се видам со старецот Георгиј и да му ја исповедам мојата намера дека сакам да станам монах. Во григоријатското пристаниште ме пречека отец Наум, кој внимателно се погрижи да се почувствувам како меѓу свои браќа. Го прашав кога можам да се видам со игуменот; ми одговори дека старецот е во келијата на свети Артемиј и дека попладне ќе одиме заедно за да земам благослов од него. Мојата прва средба со старецот се случи таму, надвор од манастирот, како во параболата на блудниот син. Тоа беше препознавање, соочување и прифаќање дека ми е татко и дека сум му дете. За добредојде ми понуди еден грозд. Додека јадев од плодот на лозата, неодминливо беше чувството на духовно раѓање во срцето на старецот. Од тој миг до денес никогаш не почувствував што значи да се биде сам.


Второто...


Три дена пред манастирската слава на света Анастасија Римјанка, штотуку облечен во расо со положена метанија за расофор, се најдов заедно со другите браќа на послушание. Во недостиг од простор, беше потребно да се приспособат дел од просториите за преноќување на многубројниот народ кој очекувано требаше да пристигне за празникот.

монах Климент во манастирот Григоријат, 1993 г.


Се чистеше, се местеа кревети и постели, кога неочекувано влезе старецот и на сите присутни ни соопшти дека е добро што се трудиме за луѓето, но видливо е дека покрај сиот напор, сме изумиле нешто важно што недостасува во просторијата. Сите се обидувавме да се сетиме што сме изоставиле во собата, но никому не му текнуваше. Пред заминување, старецот благо нè погледна и ни рече: Донесете и ставете икона во собава, и не заборавајте во секој човек да гледате икона Божја. Вие, а не оние камења во морето, сте деца на Живиот Бог.

Третото...


Светла седмица, старецот благослови на бдението да бидам замонашен. Бев приведен пред олтарот и започна чинот. Во делот кога се спомнува новото монашко име го слушнав името Климент. На крајот од монашењето, старецот се обрати со следниве зборови:
Со голема благодарност кон Распнатиот и Воскреснатиот Господ, вечерва го извршивме потстригот на нашиот брат, монах Климент. Кај братот гледаме дека се применува историјата на праведниот Авраам. Бог го повикал Авраам да си замине од својата татковина, од своите роднини и од својот дом, и да дојде во една туѓа земја, која што не ја познавал, и која што Бог требало да му ја даде. И верниот Авраам Го послушал Бога, дошол во туѓата земја, но, какво чудо, таа земја била ветената земја и полнотата на вистинскиот живот. Така и нашиот брат, веќе монах Климент, беше повикан од Бога, со таен глас во неговото срце, да ги остави татковината, роднините, пријателите и домот, и да дојде во земјата што ќе му ја покаже Бог, или, поточно, која што му ја покажа Бог. А таа земја е Светоименуваната Гора, Градината на Богородица; духовната ветена земја на монасите. И тука, братот Климент ја наоѓа полнотата на вистинскиот живот и на вистинската радост. Тој се лиши од природни и привремени блага, за да стекне вечни и нетрулежни. Вечерва, кога не само Воскреснатиот Господ е меѓу нас, туку и Неговата Пресвета Мајка и хорот на Апостолите и на сите Светители, ние го приведуваме нашиот брат, монах Климент, да Му се посвети на Троичниот Бог, на Распнатиот и Воскреснат Господ и на Неговата Пресвета Мајка. Го благословуваме Бога поради тоа! Се радуваме заедно со братот заради неговото посветување и Го молиме Распнатиот и Воскреснат Господ постојано да биде негов Водител, светлина, радост и мир на неговата душа; да живее, да се надева, да се бори заедно со Распнатиот и Воскреснат Господ, и заради Него. И колку повеќе минува неговиот живот, толку повеќе да се соединува со Христос и да се осветува. Ја молиме Богородица, Мајката на сите нас, на сите христијани и на сите светогорци, да го има постојано под својот цврст покрив и заштита, и Нејзиниот благослов да биде со него. Таа да има предвид дека тој не се наоѓа во природната татковина (како што свети Козма Етолски ја нарекува: телесна татковина), туку се наоѓа во духовната татковина – Света Гора. Тој ја нема утехата од родители, роднини и пријатели, но ја има Нејзината утеха и го има Нејзиниот благослов, и Таа да му го надополнува сето она човечко што му недостасува од неговиот живот, а коешто ние останатите, кои сме со грчко потекло, го имаме тука на Света Гора. Го молиме свети Климент, ученик на светите Методиј и Кирил, кој особено се почитува во областа на нашата Македонија, чијашто глава благочестиво се чува во манастирот на свети Јован Крстител во Верија, да го има под свој покрив и под свој особен благослов нашиот брат, монахот Климент. Возљубен мој отец Климент, татковски ти посакувам вечерашниве благослов и благодат што ги примаш да се одржуваат кај тебе, но и да се зголемуваат![1]   


манастирот Григоријат на Света Гора


Од мигот кога заминав од Света Гора, разделувајќи се од овој благодатен старец и григоријатското братство, постојано се молев да ми се даде уште една можност да ја целивам десницата на оној што духовно ме роди и ме замонаши.  На Духовден, минатата година, во григоријатскиот метох во Солун, пред да го однесат на Света Гора за да го погребаат неговото тело, се поклонив и за последен пат го целивав мојот старец... И тогаш, на денот на неговото упокојување, и сега, на неговиот годишен помен, го молам да се моли и за нас, неговите духовни деца кои пребиваат во манастирите во Македонија.  
епископ Климент Хераклејски
Манастир Зрзе, Духовден 2015 г.

-------------------------------------------------
[1] Дел од беседата на архимандритот Георгиј (Капсанис) изречена при монашењето на монах Климент (Григоријатски) чувана во аудио формат во архивата на манастирот Григоријат, Света Гора.   

 

Избор од фејсбук страната на: манастир Зрзе



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3227
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7719
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная