Митрополит Струмички Наум - ЖЕНАТА САМАРЈАНКА (13.05.2017)
Водата која Богочовекот Христос ни ја дава, и која имајќи ја никогаш нема да ожедниме, е благодатта на Светиот Дух во нашето срце, која ја добиваме при Светото Крштение. Срцето најнапред треба доволно да се очисти од нечистотијата на страстите, од наслагите на гревот и од влијанието на демонот, па потоа благодатта протекува од него.


Своите погледи Кекавмен ги презентира врз база на сопственото искуство, „без да ги систематизира во согласност со некое определено учење.“ Евангелските завети и личното искуство се двата основни ориентири во сите негови размислувања. А, пак, целта му е давање поуки како да се заслужи и спасение на душата и како да се стекне матерјално добро, меѓутоа да не биде во противречност со Евангелето и не паѓајќи во грев.
Предавниците се секогаш фарисејското свештенство, распнувачите и убијците се секогаш световната држава, а Богочовекот Христос се Неговите верни (Црквата) кои правилно растат по степените на духовниот развој. Нема ништо ново во овој свет.Затоа и постојано ви повторувам: во глобалниот театар на илузијата во којшто живееме многу страни немаме, или ќе бидеме со Христос или со другата страна – световната,
Овој празник, како што вели еден современ епископ на Црквата, е полнота од образи и парадокси. Во него се мешаат, радоста и тагата, свеченоста и едноставноста, небесното и земното, вечното и минливото, љубовта и суетата, верата и суеверието. Тагата заради страдањето и крстот, а радоста заради воскресението и победата над смртта. Искрената вера во чистите срца на повторно родените во Христа и
Човекот е повикан да собира наследство што ќе има вредност не овде земјата, ами во Царството небесно, кое Самиот Христос, со Својата крстна жртва и Воскресението, повторно го отвори за секого што сака да влезе во него. Затоа и вели: Не собирајте богатства на земјата, каде што ги јаде молецот и ‘рѓата, и каде што крадците ги поткопуваат и крадат; но собирајте си богатства на небото, каде што ни молец, ниту ‘рѓа ги јаде, и каде што крадци не ги поткопуваат, ниту крадат; зашто, каде што е богатството ваше, таму ќе биде и срцето ваше (Матеј 6,19-21).


Родителите тоа го прават на разни начини. Понекогаш претерано штитејќи ги и чувајќи ги од и незгодите во животот. Понекогаш претерано ги казнуваат и гушат, што кај децата создава равнодушност, и повреденост во однос на возрасните и нивниот возрасен свет. Но најчесто тоа го прават живеејќи, во присуство на децата, обичен одраснат неодговорен живот.






Според тоа, со таква просветеност на умот не може да се создаде благосостојба на земјата. Точно е дека образованието, науката воопшто, е нешто неопходно. Но за таа наука да биде полезна и соодветна во подобрувањето на животот, треба да се надополни со моралната просвета. А тоа може да го стори само верата.
Со прсти, дење и ноќе, монахињите допираат камен: студен е, како што е студен и манастирскиот двор, додека низ него одекнуваат грубите удари на чеканот што го дроби студенилото камено, за мозаик. Студен камен? Зар не е и тоа привид, зашто во сè што е дело на рецете Негови мора да спие Божјиот оган?


























