Наблус е град во Палестина, расположен на западниот брег на реката Јордан. Градот кој порано се викал Наин, во денешно време има население двапати повеќе од Куманово и во него многу често се случуваат воени конфликти меѓу Палестинците и Израелците.
Во Наин, каде што се наоѓа гробницата на патријархот Јосиф, градот каде што се наоѓа бунарот на патријархот Јаков – покрај кој Христос разговарал со Самарјанката, во тој град, браќа и сестри, се случил и настанот опишан во денешното евангелие.
Од едната страна доаѓала погребна поворка, а од другата страна доаѓал Христос – следен од многуброен народ.Погребната поворка носела покојник – единствен син на мајка вдовица. По смртта на нејзиниот маж, синот останал нејзината единствена потпора. А сега, на носилка ја носеле за да ја спуштаат в гроб единствената утеха на овдовената жена, која веќе пропаѓала во тага.Но, додека таа со очајно ридање се движела покрај одарот, неочекувано слушнала како некој одлучно и вели: „Не плачи!“ Тоа не биле зборови на човек кој изразува сочувство со наведната глава, човек кој и самиот трепери од страв пред смртта. Блиските тешко дека можеле и да помислат да кажат такво нешто.resurrection-nain.tissot.jpgПрвите три денови од жалењето по умрениот за Јудејците од времето на Исус биле денови на плач. За време на првата седмица нажалениот не работел никаква работа, дури не се ни миел, а времето го минувал во потполно жалење. Потоа следувале уште 30 денови во полесно тагување.„Не плачи!“ – тие зборови биле искажани повеќе како заповед, отколку како совет. Тоа се зборови, не од обичен човек, туку од Богочовекот Христос – Спасителот. Оној што дошол во светот за да ја победи смртта не се разминал молкум со безнадежноста и беспомошноста на човекот. Исус Христос ја положил својата рака на ковчегот и рекол: „Момче, тебе ти велам, стани!“Толку е потребно за Животворецот да го оживее безживотното тело. Само збор од Господа е доволен за да се обнови сојузот меѓу душата и телото и „мртовецот стана и седна и почна да зборува.“Кај Градските порти на градот Наин поворка на смртта се соочила со поворка на животот и животот ја победил смртта, зашто Началникот на животот ја покажал својата животворна сила! Неизмерна била радоста на мајката, а присутните извикувале: „Бог го посети својот народ!“Конечно, браќа и сестри , знаеме дека умреле и мајката и синот кој што еднаш бил вратен од канџите на смртта. Смртта до денес привидно триумфира над животот и како да се потсмева над нашите надежи за вечен живот. Но, нашата сигурност во конечната победа што ќе ја донесе Воскреснатиот Господ и ќе го востанови вечното Царство Небесно е плод на нашата вера во Божјото ветување дека Адот нема да ја надвладее Црквата како земја на живите (Мт 16:18). Нашата вера е вера во „Бог кој не е Бог на мртвите, туку Бог на живите, зашто за него сите се живи“ (Лк. 20:38).Повик од Спасителот до очајната жена: „Не плачи!“ – е повик што Спасителот го упатува кон секој човек. Целиот земски живот на Господ Исус Христос, целиот искупителен подвиг – од Раѓањето Христово до смртта на Крстот – бил тој повик, исполнет со божествена сила и љубов: „Не плачи!“ Синот Божји беше испратен и стана Син Човечки за да го прекине тој безнадежен ȏд кон гробот. Поради Христа и поради верата во неговото Воскресение не жалиме за умрените како на вечна разделба. Св. Апостол Павле нè советува: „Ви кажувам браќа, за умрените да не жалите како оние што немаат надеж!“ Значи, човечки е да се жали и длабоко да се жали, но безбожно е да препуштиме тагата да нè одведе во болест и да нè разори нас самите и да ја уништа нашата вера и надежта на идниот век. Истиот апостол зборува за „тага според Бога“ која води во покајание за спасение и „световна тага“ која произведува смрт.Световната тага во крајна линија е самосожалување. Од нас се бара да не дозволиме тагата да не одведе во самосожалување.(Пред неколку години ненадејно умре еден мој пријател и бев присутен меѓу членовите на неговото семејство во првите моменти на трагичниот настан. Меѓу плачот и лелеците ги слушнав зборвите: „Зошто мораше ова мене да ми се случи?“ Си помислив: „Чекај сега, вели; „мене да ми се случи“? Него го жали или себе се жали?“)Да го избегнеме себичното самосожалување со цврста вера дека без божја волја не се случува ништо (Мт. 10:29) и дека „единствениот Творец човекољубиво уредува сè и на сите им дава сè што е полезно“ (Стихира од Парастос).Во тешките моменти што се неизбежни за секого од нас, повикани сме да се надминеме себеси со вечна љубов кон ближните, со љубов што не престанува, туку се преточува во молитва и продолжува и тогаш кога човек заминува од овој свет.Да го чуеме, браќа и сестри, повикот од Господа: „Не плачи!“ и да го прифатиме со увереност дека сите ние овде привремено се разделуваме едни од други и дека сите ние одиме кон Бога, кон вечноста.Ако пак дознавме заради што не треба да плачеме, да знаеме и дека единствено заради што треба да плачеме е она што го попречува нашиот пат кон Царството Небесно, а тоа е – гревот. Најстрашното во овој живот не е смртта, туку – гревот, кој од луѓето прави живи мртовци.Сите ние знаеме дека порано или подоцна – ќе умреме. Но, Бог е посилен од смртта. Самиот Господ прими смрт и со тоа се приопшти на страдањето и смртта на секој човек, без исклучок. Во неговото Воскресение засветлија првите зраци на оној безвечерен Ден кој ќе нема крај. Ние сме должни да одиме по патот кој за нас го изоди самиот Спасител, за да го достигнеме Царството Небесно. Амин.
Беседата е прочитана на Света Литургија во соборниот храм Свети Никола, во Куманово.