логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 36.jpg

Проповед на Неговото Високопреподобие во Првата Недела од Чесниот Пост, изговорена во големата трпезарија

37.jpg



Го слушавме денес, мили мои, прекрасниот и длабок по содржина евангелски расказ за двајцата пријатели Филип и Натанаил од Галилеја. Ете едно вистинско пријателство засновано не на некакви земни, лични интереси, туку пријателство соединето со врската на совршенството, која е љубовта Божја (сп. Колос.3:14), и од која произлегува и меѓусебната заедничка љубов. Апостолот Филип го слушнал гласот Божји: Врви по Мене, и уловен од тој чудесен, Божествен глас, веднаш оставил сè и тргнал по Христа. Тој едноставно сфатил во себеси дека пред него стои не обичен Човек, туку Оној по Кого неговата душа горела, Оној Чиешто доаѓање го сонувал. Чувството на воодушевеност од близината на Господа Исуса Христа му влевала сигурност дека Он е Вистинскиот, Пророкуваниот, Долгоочекуваниот. И Филип нетрпеливо побрзал да Му го открие Христа на Натанаила, на својот пријател, на својот ближен, на својот брат во Господа, и со јасна увереност, со восхитеност, му рекол: „Побрзај! Доаѓај со мене! Го пронајдовме Оној за Кого пророкуваа пророците и Го очекуваа праведниците и нашите татковци! Го најдовме Исуса, синот Јосифов од Назарет, за Кого пишуваше Мојсеј во Законот, и Пророците!“ Очигледно е дека Филип и Натанаил добро ги знаеле Писмата, често ја посетувале синагогата и слушале од свештениците, а и меѓу себе си разговарале околу Божјото ветување за доаѓањето на Месијата и избавувањето Израилево, и со надеж го чекале тој прекрасен ден на посетата. Филип сега поверувал дека Месијата е Оној Кој со некоја непозната привлечна сила му рекол: Дојди и врви по Мене!  Но, иако неговите очи Го виделе Спасителот, тој не можел толку лесно да го увери Натанаил во тоа. Кај Натанаил постоел извесен сомнеж, или подобро речено, претпазливост, зашто тој добро внимавал на пророчките зборови и знаел дека Месијата треба да се роди во Витлеем Јудејски, а не во Назарет како што му соопштил неговиот пријател. Затоа и го прашува: Може ли нешто добро да излезе од Назарет? И двајцата другари сè уште не знаеле дека Господ Исус Христос не е роден во Назарет каде што израснал, туку во Витлеем. Ова Натанаилово прашање за Филипа можеби било отсечно, ладно, сурово, но навистина било многу разумно. И што направил Филип? Тој едноставно цврсто верувал дека Го нашол Спасителот и не се обидел да полемизира со Натанала, туку му одговорил многу просто: Дојди и види. „Дојди и увери се самиот, јас ништо повеќе не ти кажувам“. Не се ни обидел да ја опшие убавината на Оној што Го сретнал, Неговата величествена појава, Неговиот моќен глас, Неговиот продорен поглед, Неговата Божественост, трепетот на својата душа во Негово присуство. Знаел дека такво нешто не може да се опише со зборови, туку може само да се доживее и види. Зашто нема ништо поубаво и понеискажливо од тоа да се биде со Бога, да се општи со Него, да се види со духовни очи. Филиповото дојди и види ни укажува токму на тоа дека нашата христијанска вера не е некаква апстракција, туку е вера на опитот, вера вистинска, посведочена, вера во живиот Бог и во Словото воплотено, во она, што беше од почетокот, она што го чувме, она што со очите свои го видовме, што го разгледавме и што рацете наши го опипаа... (1Јован.1:1). Значи, ние имаме таква вера преку која го чувствуваме реалното Божјо присуство, преку која можеме да бидеме блиску до Него, да другаруваме со Него. Затоа, да се потрудиме да бидеме сите како Филип, да станеме Филипи! Најнапред да Го бараме Бога, да копнееме по Него, да учиме за Него, да Го очекуваме и да го отвориме своето срце за Неговиот глас, та кога ќе ни рече: дојди и врви по Мене, да тргнеме веднаш по Него. Зашто ние сме создадени да бидеме во заедница со Бога, која започнува уште тука, на земјата, и продолжува во вечноста. Ако го направиме тоа, тогаш  нашата душа ќе се пробуди, ќе се исполни со Божествена сила, така што и ние ќе почнеме да ги повикуваме другите на најубавото место. А каде е тоа најубаво место? Се разбира, во близината на Бога, во присуството Божјо. Во Црквата како заедница на Телото Христово, таму каде што Бог се откривал низ историјата, каде што им се откривал на старозаветните пророци и праведници уште од Адама; најпосле, каде што им се открил во тело преку Својот Единороден Син на Филип и Натанаил, на другите Апостоли, на мачениците, исповедниците, праведниците и на сите светии. Нашата вера е вера на откровението Божјо, на Вистината и Познанието, кои не од луѓе, ами од Бога се откриени, и од многубројните маченици и исповедници со многу крв потврдени: и животот се јави, и видовме, и сведочиме, и ве известуваме за вечниот живот, кој беше во Отецот и нам ни се јави (1.Јован.1:2). Преку оваа вера на Откровението човекот станува сведок Божји, зашто Го гледа и Го чувствува Бога во Неговото таинствено присуство, општи, другарува со Него. И од тоа другарување со Бога духовната состојба на човекот станува сè поубава, и неискажливо умиление ја исполнува душата, така што тука, во таа состојба, зборовите ја губат власта своја и стануваат потполно немоќни. Единствено што ни преостанува е да го повториме Филиповото: дојди и види, кое сега, преку благодатта Божја, ја добива онаа моќ на Христовото: дојди и врви по Мене! И тогаш што се случува? Натанаил станува, мојот пријател станува, мојот ближен станува, тргнува и Го наоѓа Христа, и веќе не му е важен ни Назарет ни Витлеем, туку единствено што му е важно е тоа што повеќе да Му се приближува на Христа, да пребива со Него, да се насладува со Него, да се радува со Него. Зашто неговиот живот веќе станува предвкус на Царството Божјо.

34.jpg

Ете така, мили мои, треба уште овде да Го бараме Бога за Он да ни се открие, а откако ќе Го спознаеме во Неговата убавина, да ревнуваме и другите да ги приведеме при Него. Тогаш нашиот живот ќе биде исполнет, тогаш нашите пријателства ќе бидат вистински пријателства, токму како пријателството помеѓу Натанаил и Филип. А не пријателства во гревот и во земните интереси, кои се привремени, и кои по нивниот секогаш несреќен крај, стануваат најголеми непријателства. Оти тогаш кога човекот се дружи со Бога, само тогаш е вистински пријател на сите луѓе.

33.jpg

Така, оние коишто се сомневаат како Натанаил, нека Го бараат Бога за да станат како Филип, та и тие после да им откриваат на сите колку е убаво во Црквата, во таа жива заедница на живиот Бог. И само така ќе можеме да ги победиме непријателите наши, кои, за жал, паднале во замките на непријателот на човечкиот род – ѓаволот, и војуваат, без да знаат, против Божјата вистина, против Божјата Црква. А кога војува некој против Црквата, тој војува против сите нас. Често можеме да слушнеме, па дури и од Христијани, како за некоја личност велат: „Тој и тој човек нема ништо против Христијанството, но има против Црквата“, подразбирајќи го под Црквата само нејзиниот клир: епископите, свештениците, монасите, духовенството воопшто. Но, тоа е крајно неточно и богословски неоправдано! Доколку некој има нешто против Црквата, тој всушност има нешто против мене, против тебе, против сите нас, зашто сите ние заедно, и епископите, и свештениците, и монасите, и верните, ја правиме Црквата, го сочинуваме Телото Христово. И затоа отсекогаш Црквата била чуварка на вистинското Отрковение Божјо, на присуството Божјо меѓу нас. Оттаму Црквата се јавува како најголема чуварка и на нашето семејство, како чуварка на здравото и морално општество и на вистинското богоугодно живеење. Зашто од правоверието, од правилното верување што го негува Црквата, произлегува и вистинското живеење. Светите Отци кажале ортодоксија (ὀρθοδοξία) и ортопраксија (ὀρθοπραξία): православие и праводејствие. Без правилно верување и права претстава и познание за Бога не може да се има ни вистински дејствителен живот.

28.jpg


Неслучајно Светите Отци предвиделе евангелскиот текст за Божјото откривање на луѓето да се чита на денот кога ја славиме победата на светата православна вера над сите ереси и лажни учења, а особено победата над иконоборната ерес. Зашто сите оние што хулеле на светите икони, во подлабока смисла го негирале Христовото воплотување и реалното Божјо присуство меѓу нас и во нас. Оти со самиот факт што Синот Божји прими на Себе човечко тело, човекот повторно стана икона Божја, односно Христос го обнови паднатиот образ Божји во човекот. Оваа Вистина, во време кога големи искушенија ја треселе Црквата околу тоа дали треба да се почитуваат светите икони или не, била бранета со многу жртви и мачеништва, за накрај, со Божја поткрепа, Црквата да извојува победа и почитувањето на светите икони повторно да биде востановено, како што е и до ден денешен.

Бог да ни дава сили на сите што повеќе да Го бараме Него, Прекрасниот, и да не се заплеткуваме во светските работи и интересите од овој свет. Да се трудиме да станеме вистински Божји пријатели, и тоа пријателство да го пренесуваме на другите, како што направил Филип -  да станеме сите Филипи.

Да сте живи и здрави!

 35.jpg

 Повеќе


„Да бидеме Филипи!“

7/20 март 2016 лето Господово,
Прва недела на Чесниот Пост. Недела на Православието

09.jpg

25.jpg27.jpg

ПП



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5813
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6631
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6416
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5611
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

20/04/2024 - сабота

Велигденски пости; (на масло)

Св. Георгиј Исповедник; Преподобен Нил Сорски; Св. маченик Калиопиј; Преп. Данило Перејаславски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Пастироначалниче на скитското подвижништвово степите руски непроодни,Ниле ученику Христов облагодатен,денес и во веки Бога преку тебе Го прославуваме,и твоите подвизи...

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная