логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

СТЕФАН,
Архиепископ охридски и македонски


КЕКАВМЕН  - „СОВЕТИ И РАСКАЗИ“

Книгава „Совети и раскази“ од Кекавмен е пишуван во втората половина на  XI век, поконкретно од 1075 до 1078 година. Таа не е обично историско дело, туку претставува извор за историјата на македонскиот и балканските народи и простори во X и XI - от век.

Полни седум века, пред смртта на царот Василиј II (1025), немало такви немири во Империјата, какви што се случувале во периодот од 50 години, по неговата смрт, сѐ до доаѓањето на Алексиј I Комнен (1081 г.). Тоа е период полн со метежи, буни, востанија и промени. Според сведоштвата на авторот, само за 50 години се смениле 11 цареви. Тоа е периодот кога живеел и творел Кекавмен. Во таква средина и околности се формирале мислата, погледите, карактерот и духовните пориви на авторот. Неговото внимание го привлекува еден широк дијапазон од најразновидна проблематика: државата, црквата, службите, војската, војните, востанијата, домаќинството, религијата, приватниот живот, семејните односи, проблемите на моралот и обичаите. Со еден збор, го интересирало нивото на културата во неговата епоха -  и кон сите тие области тој има свои погледи. Накратко, тој е сликар на епохата за која станува збор и тоа во сите сфери од животот.

Не мала заслуга на трудот е во изложувањето на внатрешниот живот во државата – нејзината економија, животот во градовите, етничкиот состав на населението, организацијата на централната и провинциската власт, состојбата во армијата и флотата, даночниот систем, титулите, политичките и идејните борби итн. Кога зборува за фактите и за деталите од животот, како да зборува за нешто менливо и минливо, како за појави од секојдневната стварност. Неговото внимание не е насочено на фактите, туку на научните заклучоци што произлегуваат од нив. Се разбира, изборот на фактите како да е пристрасен, меѓутоа самите примери од животот, соодветно со целите на трудот, се точни и нагледни. Во спротивно, и заклучоците кои произлегуваат од нив, не би биле убедливи за читателот -современик.

Авторот го слика животот, пред сѐ, во провинцијата, меѓутоа тој не му останува должен и на централниот бирократски апарат во Империјата. Негови теми се финансискиот систем во целост, должностите на населението и даноците и посебно давањето на последните под закуп, што било мошне честа појава. Просто е невозмжно да се наброи до какви сѐ сознанија ќе дојде истражувачот од трудот на Кекавмен – покрај најпознатите, како што се моралот, битот на населението, нормите, воспитанието, религијата, суеверијата и т. н. Всушност, трудот на Кекавмен ни отвора прозорец низ кој можеме целосно да го видиме внатрешниот човек кај населението од XI век. Чинам дека тоа е единстениот познат извор од епохата, чиј автор потекнува од провинциската воена аристократија, меѓу која го носи и приматот, а кој може да се споредува со делата на авторите кои потекнуваат од чиновничкиот сталеж на престолнината. Тоа се големите хроничари на епохата: Joван Скилица, неговиот продолжувач Кедрен, Михаил Аталијат, Михаил Псел, Јован Зонара, Јован Мавропод и др. Нивните трудови се наоѓаат во основата на историјата на Византија. Меѓутоа, повеќето од тие автори живееле во престолнината, во градот на музите и најчесто биле членови на Сенатот. Единствениот „грев“ на Кекавмен е што тој живее во провинција, со што паднал во сенка. Токму затоа и податоците што тој ги дава, не се доволно ниту обработени, ниту применети во византологијата.

Своите погледи Кекавмен ги презентира врз база на сопственото искуство, „без да ги систематизира во согласност со некое определено учење.“ Евангелските завети и личното искуство се двата основни ориентири во сите негови размислувања. А, пак, целта му е давање поуки како да се заслужи и спасение на душата и како да се стекне матерјално добро, меѓутоа да не биде во противречност со Евангелето и не паѓајќи во грев. Сепак, нему одлично му се познати трудовите на светите:Григориј Назијанзин, Јован Дамаскин, Николај Мирликиски, Василиј Велики, Касијан и др. Потполно е под влијание на св. Симеон Нови Богослов. Одлично ги познавал и Стариот и Новиот Завет, а најмногу ја цитира книгата на Исус Син Сирахов. Читањето на Библијата го смета за неопходно, не само за спасение на душата, туку и за стекнување на возвишени етички идеали и развој на мислата.

Од родното место, или пак кај што авторот бил на служба – Лариса, трудот „Совети и раскази“ е однесен во Трапезунт, на јужниот брег на Црното Море. Оттука ракописот е пренесен и се нашол во грузискиот манастир на Света Гора – Ивирон, од каде, пак, е откупен и пренесен во Москва и се чува во Синодалната /патријаршиска/ библиотека, која сега е дел од Државниот историски музеј. Во историсата наука  Ракописот е познат под. Бр. 436., меѓутоа во библиотеката е регистриран и се чува под бр. 298.

Материјалот е поместен во шест дела: 1. Совети за службата, 2. Стратегикон, 3. Домострој, 4. Бунт против василевсот, 5. Совети до василевсот и 6. Совети до топархот.

Во првиот дел, веднаш на самиот почеток, Кекавмен настапува со најполезни совети. Како да се однесуваме кон сиромашните и навредените, што посебно се однесува за богатите, кои треба да бидат милостиви кон нив. Зборува за правичноста во судството, а посебно се обраќа и им дели совети на судиите во провинциите.  Ни зборува за контролирање на јазикот и негово воздржување. Дава поуки за должностите на образованите луѓе.

Во вториот дел „Стратегикон“, мислата на авторот се вивнува до највисок подем. Самиот полковник, внук на двајца полковници, на сите прашања од воената проблематика дава најцелисходни одговори. По татко бил Ерменец, а неговиот дедо бил командант во византиската војска. По мајка, тој бил Македонец и негов дедо бил Димитар Полемарх, полковник во војските на Самоил – македонски. По државјанство Кекавмен бил Ромеј. Во војните на Самоил со Византија двајцата дедовци – полковници војуваат еден против друг. Од својата мајка и дедото Полемарх, авторот Кекавмен го знаел и македонскиот јазик. Тој сведочи и за постоењето на словенската народност тврдејќи дека, кога во 1041 година градот Димитријада бил освоен од Петар Делјан, неговите жители се декларирале како Словени. Кекавмен признава и одобрува само одбранбена војна, никако освојувачка. Тој е теоретичар на една одбрабена тактика, тактика на вешта дипломатија ,на војничко искуство, кога воените судири претставуваат крајно средство за спас на татковиата. Тој смета дека јакнењето на воените сили на Империјата не треба да бидат за проширување на нејзините граници, туку само за одбрана на постоечките. Иако е традиционалист, Кекавмен ги признава и новитетите. Имено, тој е за смела примена на новите методи на војување. Препорачува да се учи од древните „стратегикони“, да се почитуваат древните вештини, меѓутоа од друга страна, без двоумење препорачува да се раскине со старите традиции, ако новите услови бараат и нова тактика. Полковникот Кекавмен одлично знаел дека победата не се добива од бројот на војниците, туку од умеењето како да се водат воените операции и од обученоста на војската. Војската, вели тој, „ е слава на василевсот и сила на дворецот. Без војската не може да опстане Империјата...“ Флотата е „слава на Ромеја“, и ако таа биде доведена во состојба на неупотребливост, на царот му се заканува пад. За воените потреби василевсот не смее да жали пари.

Од „ Стратегиконот“ дознаваме за сите врсти орудија и справите со кои се војувало во XI-от век. Добиваме сосема јасна слика за изградбата на крепостите /тврдините/, за изградбата на нивните одбранбени ѕидини, како и подземни ровови, а не изостануваат и приказите за нивната одбрана. Тука е и спротивното, каков е начинот на нивното освојување. Мошне мудри совети дава Кекавмен за лоцирањето на логорот и негово обезбедување. Дава инструкции за извидувањето, посебно кога треба да се открие движењето на непријателот. Полковникот зборува и за начинот како треба да се дочека непријателот, кога истиот тргнал во инвазија. Меѓутоа, исто така, зборува и за подготовките во војската пред поход во битка и нејзиниот одмор пред тоа. Не пропушта да се осврне и на психолошката состојба на војската, посебно по претрпен пораз, да проговори за стравот и смелоста итн. Мошне голема улога при влегувањето во битка одигрува и лукавството на што полковникот Кекавмен опстојно се осврнува. На командантите, кога се во битка Кекавмен им советува. „Во сѐ надевај се на Бога, моли Му се со сета душа и во својата и во туѓа земја, ноќе и дење, и Тој ќе те заштити и ќе ти помогне во борбата со непријателот. Но, и самиот работи ја својата работа, биди усрден и не паѓај со духот. Меѓутоа, ако нешто и постигнеш, секако тоа е дар Божји, бидејќи без Бога не може ни врапче да се фати.“

Третиот дел, Кекавменовиот „Домострој“ е најважниот и најинтересен дел во трудот и најмногу го привлекувал вниманието на истражувачите. Тука  „Советите“ на авторот достигнуваат врвен подем. Тие се однесуваат на сите области од секојдневниот живот, советувајќи како да се организира сопственото домаќинство, сопственото земјоделско производство, како да се одгледува добитокот, како да се чуваат производите, како внимателно да се трошат стекнатите средства итн. За Кекавмен, семејството е основната ќелија за опстанок на општеството и тој нему му посветува големо внимание. Тој е мошне загрижен и дава упатства како да се чуваат и воспитуваат децата, каков треба да е односот со роднините, со браќата и сестрите. Кекавмен на повеќе од 30 места зборува за вистинското пријателство. – Подобро е да немаш никакви пријатели, ако ги немаш вистинските, ќе рече авторот на „Совети и раскази“. Кекавмен советува строго да се контролира јазикот, односно да се внимава што се зборува. Посебно треба да се внимава во односот со претпоставените, но внимателно да се чува и своето достоинство. Советува, како во најразлични околности да се чуваме од опасности. Според Кекавмен, своите тајни не треба да се доверуваат никому, бидејќи тоа може да има тешки последици. Препорачува да се читаат книги и ја истакнува ползата од читањето. Дава совети дека и во најтраурните денови, за нашите починати, не смееме да жалиме премногу, што е во согласност со христијанските сфаќања. Кекавмен, како да ги моли и кани сите луѓе да бидат исполнети со љубов, а со љубов е исполнет и дише и овој негов труд.

Молитвата, вечерната, полуношницата, утрената, литургијата, мора да бидат дел од нашиот живот. Милостина, според своите можности давај секому. Ако, пак, дадеш милостина на непознат, знај дека тоа бил самиот Христос и благодари му. Затоа, кога се чита трудот на Кекавмен, се стекнува впечаток дека сѐ е толку обично и едноставно, како што е едноставен и смирен и неговиот автор. Меѓутоа, неговата величина е во тоа, што изнесените во него морални /етички/ аспекти и норми важеле, важат и ќе важат дури постои светот. Токму затоа, авторот Кекавмен е наречен „канонизиран моралист /етичар/ на Православната црква“.

Во четвртиот дел Кекавмен упатува совети до населението, како да се однесува доколку дојде до бунт против царството. Мошне е интересно што на ова место Кекавмен поместил текст и за борбите на Самоил македонски за освојување на Лариса. Самоил ја освоил Лариса по пат на опсада, која траела повеќе од три години, така што населението во градот потполно го изгладнел и истоштил. Тој опис е мошне пластичен и драгоцен бидејќи потекнува речиси од еден современик на настанот.

Во петтиот и шестиот дел на својот труд, Кекавмен не се стеснува да им дели совети на императорите и месните управители.

На крајот, топло го препорачуваме овој труд, зашто во многу може да ни биде од полза и во ова наше време и за оваа наша генерација. Впрочем, мудрите и моралните поуки и совети немаат време на траење, тие се засекогаш, за насекаде и за секого. На преведувачот и приредувачот на книгава им посакуваме добро здравје и уште вакви прилики.

Христос воскресе!

 

Подготви: Александар Божиновски, Скопска епархија

Друго:



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3120
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7590
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

13/11/2024 - среда

Светите апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј и Аристовул; Светиот маченик Епимах; Светиот маченик Никола Хиоски; Преподобните Спиридон и Никодим;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Тропар на светата Христова великомаченица преп. Анастасија Римјанка 29 октомври / 11 ноември 2024

Тропар на светата Христова великомаченица преп. Анастасија Римјанка 29 октомври / 11 ноември 2024

Света девојко Анастасио,ние кои те прославуваме,срцата кон Небесата  ги подигнуваме,со солзи духовни радосно твоето име го повикуваме,моли се за нас...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная