логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 10.jpg

 01.jpg

„Повикани сме да бидеме сведоци на Христовото Воскресение“

22 април/05 мај 2016 лето Господово
Вечерна на Св. Вмч. Георгиј Победоносец

02.jpg

Слово на Неговото Високопреподобие, Архимандрит Партениј, изговорено на Вечерната на празникот посветен на Св. Вмч. Георгиј Победоносец во манастирот Рајчица

09.jpg

„Мили мои, слушавме пред малку, на вечерните паримии, едно прекрасно боговдахновено писмо од Стариот Завет, едно пророштво во кое Духот Божји преку светиот пророк Исаија зборува за едно идно време. Во тоа пророштво, имено, се претскажува за времето на Новиот Завет кога Господ ќе ги повика сите луѓе да бидат сведоци на Неговата вистина: Нека се соберат сите народи заедно, нека се соединат племињата... Нека соопштат што било во почетокот; нека доведат сведоци од себеси и да се оправдаат, за да може да се чуе и да се каже: „вистина е”... Јас, Јас сум Господ, и нема Спасител освен Мене. (Иса.43:9,11) Гледате, Бог од сите нас бара да учествуваме во нашето спасение, сведочејќи за Неговата вистина, за вистината на Неговото Воскресение. Најнапред за таа единствена Вистина посведочиле старозаветните пророци и праведници, иако ја гледале само како во магла, а потоа неа во сета сила и полнота ја виделе и посведочиле и Апостолите и сите верни Христови следбеници. Еве, во оваа Светла Седмица, преку црковната химнографија на богослужбите, ние постојано си спомнуваме и се веселиме со светлина од светото Христово Воскресение. Се радуваме со радоста што Спасителот Христос ни ја подари преку Неговото сесветло Воскресение. Но, радувајќи се, ние треба да станеме сведоци пред целиот свет дека тој единствен, неискажлив настан е апсолутна вистина, дека Господ навистина воскресна. Се разбира дека во нас напати, можеби, ќе се појавува и сомнеж, како што се појавил кај Апостолот Тома. Знаеме добро од евангелското сведоштво, дека вечерта, во истиот ден на Воскресението Господово, кога Апостолите биле собрани во горната одаја, а вратите, пак, заклучени поради страв од Јудејците, Господ влегол преку затворените врати и се појавил среде учениците, давајќи им го Својот мир (сп.Јн.20:19). Меѓутоа, тогаш Апостолот Тома, по Божја промисла не бил со нив. И кога Апостолите му кажале на Тома: „Господ се појави меѓу нас, Го допревме, Го почувствуваме, Го видовме“ – тој не им поверувал, туку рекол: Дури не ги видам раните од клинците на рацете Негови, и не го ставам прстот свој во раните од клинците, и не ја ставам раката своја во ребрата Негови, нема да поверувам (Јн.20:25). После осум дена, воскреснатиот Господ го удостоил неверниот Апостол да ги допре и почувствува раните Негови, а Тома навистина го направил тоа во името на сите нас, уварувајќи нè во вистинитоста на Воскресението. Затоа Господ и му рекол: Тома, ти поверува, оти Ме виде; блажени се оние, кои не виделе, а поверувале! (Јн.20:29)

Сепак, би биле неправедни доколку кажеме дека не Го гледаме Господа, зашто ние, всушност, Го гледаме на еден духовен начин, во нашите срца; на секоја Литургија се причестуваме со Него, се допираме до Него, се соединуваме со Него; постојано ја чувствуваме Неговата љубов, ја гледаме Неговата вистина. Потребно е само да станеме сведоци за неа, како што и Апостолите, откако со своите очи ја виделе и допреле Вистината, бестрашно ја посведочиле, давајќи ги своите животи за неа. Зашто повеќе ништо не можело да ги оддели од неа, според зборовите на самиот Свети Апостол Павле: Кој ќе нè одвои од љубовта Божја; тага ли, невоља ли, или гонење, глад ли, или голотија, опасност ли или меч? Како што е напишано: „Заради Тебе секогаш нè убиваат; нè сметаат како овци за клање”. Но во сето ова победуваме преку Оној, Кој нè возљуби. Оти сигурно знам дека ни смртта, ни животот, ни ангелите, ни властите, ни силите, ни сегашнината, ни иднината, ни височината, ни длабочината, ниту, пак, некоја друга твар ќе може да нè оддели од љубовта Божја во Христа Исуса, нашиот Господ (Рим.8:35-39). Апостолот Павле не останал само на своите зборови, туку дејствително, со смрт Го посведочил живиот Бог. Тој завршил така што неговата глава била отсечена од Римјаните со меч. А и сите други Апостоли загинале за верата во Распнатиот и Воскреснатиот Господ Исус Христос.

Слушајќи ги вечерва стихирите посветени на Св. Георгиј, за прв пат во оваа најрадосна седмица слушнавме нешто тажно, слушнавме за измачувања и страдања. Но, за миг се сетив на оние утешителни и охрабрувачки зборови што ги кажал Христос во Неговиот разговор со учениците при разделбата: Уште малку и светот веќе нема да Ме гледа; а вие ќе Ме гледате, зашто Јас живеам и вие ќе живеете (Јн.14:19); и уште: Во светот ќе имате маки; само не бојте се, зашто Јас го победив светот (Јн.16:33) Апостолите ги усвоиле овие зборови во своите срца и станале бестрашни. Исто така и Св. Георгиј, чијшто спомен денес нè собра овде на молитва, станал бестрашен сведок на Вистината. Затоа денес светите отци го положиле тоа четиво од Стариот Завет, за да ни покажат дека Св. Георгиј е еден од многубројните сведоци за Воскресението Христово. Тој имал многу висок чин во римската војска – бил воен трибун. Особено бил славен и му бил омилен на царот Диоклецијан затоа што му носел многу победи. Единствениот негов грев бил тоа што тој верувал во Распнатиот и Воскреснатиот Господ и Спасител на светот, нешто што за Римјаните било противдржавно. И токму поради тоа бил подложен на страшни измачувања. Читаме од житието што сè не претрпел тој од мачителите, но ни малку не се уплашил од ништо, туку останал до крај со Христа. Затоа најпосле и бил свирепо убиен. Но, гледајте, еве, веќе илјада и седумстотини години духот на Св. Георгиј е присутен насекаде по целиот свет. Тој живее, како што Христос живее, и прави безбројни чудеса. Така ќе живееме и ние, доколку останеме верни сведоци на Господа. Бидете Ми сведоци... за да знаете и да Ми верувате, да разберете дека сум тоа Јас: пред Мене немаше Бог, и по Мене нема да има (Иса.43:10). Во секое поколение Господ издигнува такви сведоци за да можат луѓето да ја познаат Вистината. Ете, гледате, сите овие Светии што се насликани на иконите од иконостасот и на ѕидовите од храмот низ историјата биле исти такви светли сведоци на Воскресението Христово, сведоци на љубовта што Бог ја покажа кон нас, луѓето. А триумф на таа љубов е Неговото Распнување и Неговото Воскресение. Со тоа ни дарува живот вечен. Но, за да бидеме учесници во тој живот, од нас се бара нашата слободна волја, нашата синергија во Божјото спасително дело, а тоа е да сведочиме за Неговата вистина. А како ќе сведочиме? Творејќи добри дела, светлејќи за сите преку нашите добродетели, а не само со зборови. Зашто ако зборовите ги преточиме во дела, ако она што го слушаме од Евангелието, од устата Господова, го спроведуваме во нашиот живот, тогаш навистина ќе бидеме верни сведоци. Тогаш сите ќе кажат: вистина е, Бог е со нив и тие со Него! Верувајте, нема човек кој не ја сака Вистината и кој не сака вечно да живее. Тоа е природен стремеж на секоја личност. Но, ние Христијаните, за жал, веројатно не сме доволно добри сведоци. Можеби нашиот восхит од убавината на Христовата вера трае само додека сме овде, во храмот, а кога ќе излеземе надвор, веројатно престануваме да бидеме добри сведоци. Но, реков, во секое поколение Бог бара и издигнува Свои вистински сведоци. Впрочем, сите ние што се крстивме во Неговото име - повеќето од нас како деца - веќе сме повикани да бидеме сведоци Христови. Монасите, пак, особено се повикани да бидат сведоци Негови, бидејќи тие ставиле на себе апостолска облека. Ве замолувам сите искрено да се молите да издржат до крај во подвигот што го избрале за свое спасение, но и за спасение на мнозина, зашто тие се современи сведоци, тие се апостолите на ова време. Ако сега, можеби, и немаме такво мачеништво во нашата земја какво што има на Исток, каде има Христијани кои и по цена на својата глава сведочат за Христа, сведочат со крв, сепак, постојат сведоци што непрестајно сведочат со духовна крв. Такви се посветените монаси. Зашто во нивните ќелии, во нивната невидлива духовна борба, тие секојдневно се соочуваат со прашањето: „Ќе останеш ли до крај? Или, можеби, сакаш да појдеш во светот? Таму има многу убави и примамливи нешта...“ Се разбира дека тие нешта се лажни, но да знаете колку тешко е тоа мачеништво на совеста што монахот постојано го претрпува и останува со Бога! Тој со самиот свој живот сведочи за Бога. Сè додека е во расото, на подвиг во послушание, тој е сведок за Христовото Воксресение.

На сите Вас Ви посакувам да бидете светли сведоци на Христовото Воскресение. Единствено така ќе се радувате бесконечно и ќе бидете носители на вистинската радост. А на монасите им посакувам да бидат такви ревносни сведоци, како што бил Св. Вмч. Георгиј, силни и храбри, па, ако од нив се побара, и до смрт да сведочиме заедно за Христа, за да имаме живот, зашто Он ја победи смртта“. Амин!

03.jpg

04.jpg

05.jpg

06.jpg

07.jpg

08.jpg

 11.jpg

 12.jpg

Извор: Бигорски манастир



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3143
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7622
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная