Чудата на Пресвета Богородица (X дел)
Бидејќи се уште ненавикнат на монашки труд, свети Сава не го оставал на тешка работа со другите, кои работеле до деветтиот час, а потоа оделе в црква на молитва; навечер јаделе само посно јадење. Богатиот човек, бидејќи нов, не можел да пости и да живее монашки како другите, туку јадел во ќелијата она што му носеле пријателите. Меѓутоа, светиот игумен знаел дека тој јаде, па како нов му допуштал, но му се молел на Бога да го научи на Божји страв.