логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

  

Извор:

Епископ Велички   Гаврил Светогорец: ЧУДАТА НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА


Bogorodica.sv.nikola.jpgЧУДО 64.
За чудното видение на еден милостив и богобојажлив маж

Душеполезно е да се истакне што пишува епископот Викентиј за еден човек кој имал жена, деца, слуги и големо богатство, а бил многу милостив и примал во својот дом сиромаси и странци. Тој еднаш, откако вечерал и си легнал, паднал во постела и премрел. Утрината кога го виделе домашните, го кренале и му давале лекови да се освести, но напразно. По неколку дена, тој се освестил и го прашале што му се случило, но тој ништо не им одговорил се до пред својата смрт. Отпосле, кога сетил дека ќе умре, го повикал постариот свој син и му рекол: „Љубезен мој сине! Ти заповедам да правиш она што сум правел јас: да примаш странци во домот, да даваш милостиња на сираци и сиромаси. Исто така и вие, мои роднини, да правите богоугодни дела. Ете, веќе дојде мојот последен час, па чујте да ви раскажам за она мое страшно видение кога ме најдовте полумртов.

- Вие знаете дека јас уште од младост имав голема љубов и почит кон Пресвета Богороднца, па секој ден читав акатист и заради нејзините молитви Господ Исус Христос ме надари со многу дарби, а најмногу со милостиво срце кон сиромасите, како што ме гледавте секогаш. Во онаа ноќ кога паднав во бесвест, чув глас што ме викаше по име и ми рече: „Стани од постелата и врви по мене". Јас станав и некој како да ме фати за рака, па ме одведе на една ливада и ме остави таму сам, а мене ми беше многу тешко. И кога стоев така, не знаејќи што да правам, чув страшно викање и силна врева. Кога се свртев, видов како ми се приближуваат голем број ѓаволи, кои сакаа да ме грабнат како диви ѕверови. Од страв побегнав и се скрив во еден дом. Тие ја скршија вратата и сакаа сосила да ме грабнат. Но, да знаеш, чедо мое, дека пред три години бев нагостил тројца сиромаси и кога ѓаволите ја скршија вратата и влегоа, јас почнав да Му се молам на Бога да ме избави по молитвите на света Богородица. Тогаш видов три прекрасни мажи, кои ми рекоа: „Не бој се! Ние дојдовме да ти помогнеме". Кога ги истераа ѓаволите, ме прашаа: „Не познаваш ли?" Им одговорив: „Не ве познавам?" А тие ми рекоа: „Ние сме оние тројца странци што не нагости со Аврамовско срце, затоа не испрати Бог да ти помогнеме. За љубовта што си ја покажал кон нас, ние те спасивме од ѓаволските раце". Штом го изговорија тоа, станаа невидливи. Останав сам во домот и Му заблагодарив на Бога, велејќи: „Во името на Отецот, Синот и Светиот Дух" и излегов со надеж во Бога. Откако изминав малку, ги видов пак ѓаволите како трчаат и викаат: „Да отидеме веднаш и да го фатиме за да не ни избега!" Тогаш се уплашив, почнав да бегам и да викам: „Пресвета Богородице, помогни ми!"

- Бегајќи така, дојдов до една огнена река, полна со змии и други страшни адски ѕверови. Тие стоеја во огнот до гуша, а главите им беа над огнот, со отворени усти како да чекаа да јадат. Тогаш ѓаволите што ме гонеа, почнаа да ми викаат да скокнам во неа, ако ли не, сосила ќе ме фрлат. Јас почнав да гледам наоколу и да барам помош. Видов еден мост што беше широк само едно стапало, а толку висок што крајот му достигнуваше до небото. Така, бев во голема опасност и мислев како да постапам: да скокнам во реката, ми беше страв од огнот и од змиите; да отидам по мостот, се плашев да не ме фатат ѓаволите. На крајот решив да одам по мостот. И кога стапив на мостот со страв, видов дека ѓаволите идат по мене. Штом стигнав до врвот, ѓаволите ме стигнаа и јас почнав да плачам и да викам: „Пресвета Богородице, помогни ми!" Тој час пред мене се најде света Богородица, ми ја подаде својата пречиста десница и ми рече: „Не бој се, возљубен мој слуго! Бидејќи ти ми се молиш и си читал акатист и други пофалби, си примал патници и помагал сиромаси, кои се браќа на Мојот Син и Бог, затоа сум дошла да те избавам од овие неволји". Кога ми го зборуваше тоа, ме водеше за рака и ме доведе дома, каде што ме најдовте и лежев неколку дни онесвестен од страв.
Кажувајќи го тоа, овој богобојажлив маж го поучил својот син и роднините и ја предал својата душа во Божји раце.

ЧУДО 65.
Страшно чудо со оној што ги послушал своите родители и за Божествената Литургија

Во времето на цар Теодосиј Велики, имало во Цариград некој богат и добродетелен човек, кој имал единствен син, по име Теофил. На старост многу осиромашел, така што немал со што ни да се прехрани. Затоа му рекол на сина си: „Чедо! Гледаш дека осиромашевме, јас остарев и не можеме да се прехраниме, заради тоа намислив да те продадам тебе, та и ти да живееш, а и ние да се прехраниме". И така, го продал сина си кај еден богат човек. Но, пред да го продаде, го советувал кога ќе помине покрај некоја црква, ако се служи во неа света Литургија или се чита, да влезе и да стои до отпуст, та потоа да отиде на работа. Теофил ја исполнувал татковата поука и искрено му служел на својот господар, кој многу го засакал поради разумноста и секогаш го водел со себе.

Еден ден кога неговиот господар отишол во царскиот двор, го заборавил тефтерот, па го испратил Теофила да му го донесе што поскоро. Тој веднаш отишол во куќата на својот господар по тефтерот и ја видел господарката како прељубодејствува со еден слуга. Без да рече нешто, го зел тефтерот и му го однесол на господарот. Но, жената, плашејќи се да не ја каже вистината, штом дошол маж и, му рекла: „Тој што си го купил и со толку доверба - наградил, сакаше да ме изнасили во постелата, па, ако не бев го повикала другиот слуга, ќе ја осквернавеше и ќе ја погазеше мојата чест. Но Бог ме запази за да не се посрамам. И утре, ако не му ја отсечеш главата, нема веќе да живеам со тебе". Кога го чул тоа господарот, се разгневил на Теофила и ветил дека ќе и ја исполни волјата на жената. Утредента тој отишол при градскиот судија и му рекол: „Утре ќе ти испратам со писмо еден мој слуга да му ја отсечеш главата и да ми ја испратиш". Но, овој му рекол дека без свидетели не може. Тогаш господарот повикал еден свој пријател, кој ги потврдил неговите наводи.
Другиот ден наутро господарот му дал писмо на Теофила да му го однесе на судијата и овој, минувајќи покрај една црква, влегол внатре да слуша света Литургија и, според советите на татко му, останал до отпустот, па се забавил. Жената кога видела дека се уште не ја донесле неговата глава, не можела да се воздржи, па го испратила својот љубовник да ја донесе веднаш. Овој кога отишол при судијата, му ја отсекле неговата глава. По завршувањето на светата Литургија, дошол Теофил и нему му ја дале главата, завиткана да ја однесе на господарот. Без да знае што носи, стигнал во домот и господарите кога го виделе, се зачудиле, а жената се уплашила и дури премрела. Тогаш господарот го испитал случајот и го разбрал вистинскиот Божји суд. Потоа жената го исповедала својот грев и и опростиле, а Теофила уште повеќе го засакале поради неговата чистота и го имале како син и наследник.

И така, Теофил се прославил со своите добрини. Затоа, браќа, треба да ги слушаме родителите кога не учат за Бога и не поучуваат во законот Божји, зашто само оние што ги поучуваат своите деца се вистински родители. А тие што не ги поучуваат во Божјиот закон не се родители, но губители и убијци на своите чеда. Таквите подобро да не станеле родители, како што вели и Господ Исус Христос: „Тешко и горко на оние што грешат пред своите чеда!" Родителите се должни да ги учат своите деца на Божји закон за тие да стојат в црква до отпуст затоа што само тогаш ќе имаат духовна корист и ќе добијат спасение за своите души.

ЧУДО 66.
За две деца што биле затрупани од куќа и се најдени живи

Bogorodica.mala.vodno.jpgВо мај 1507 година, по раѓањето на Христа, на островот Крит се случил силен земјотрес, од кој пострадале голем број згради. Таму во некој дуќан, што бил надвор од градот, имало икона на света Богородица, пред која сите слуги секоја вечер палеле свеќи и кандила пред да отидат на спиење. Во ноќта кога бил земјотресот, во дуќанот оставиле да спијат две деца. По земјотресот, мајсторот веднаш отишол да ги извади децата, но кога видел дека дуќанот е урнат, помислил дека тие се загинати, па почнал да ги бара за да ги извлече. Барајќи така, чул како зборуваат под еден камен, па ги извадил и ги прашал како останале живи. Тие му одговориле: „Кога се тресеше земјата, ние стоевме пред иконата, плачевме, и се молевме на света Богородица да ни помогне. Тогаш видовме како од иконата излезе еден покров, кој се простре над нас и не им дозволуваше на камењата и на дрвата да паднат на нас. Потоа ни се јави света Богородица и ни велеше: Не бојте се, чеда! И ние ја гледавме се додека ти не не извади". Кога го чул тоа мајсторот, ги прославил Бога и света Богородица и раскажувал за тоа чудо по целиот град. Тамошниот судија Ероним, кога разбрал за ова, изградил црква на тоа место каде што била иконата и оттогаш секоја година на тој ден се празнува споменот на тоа чудо. А иконата со силата на света Богородица прави многубројни чуда дури до денешниот ден. Слава на нашиот Бог во веки. Амин.

ЧУДО 67.
Како света Богородица излекувала еден човек што паднал од карпа и се повредил

На островот Крит има и друга чудотворна икона на света Богородица во митрополијата на светиот апостол Тит, која и денес прави разни чуда. Таа икона секоја среда ја изнесуваат на едно место: протопопот, протопсалтот и множество народ, од кои повеќе се жени, па одат кон „Свети Марко" со литија, а литургија извршуваат секоја недела во друга црква. Од многубројните чуда што ги направила таа икона е и следното.

Некој војник, по име Јован, имал голема љубов кон света Богородица, па често одел во црквата „Свети Тит" и се молел со големо смирение и ревност. Еднаш, во 1599 година по Христа, во месец април, кога бил на стража ноќно време, за несреќа, тој паднал од карпата „Свети Петар", која била висока околу 10 растега и си ги скршил сите коски, та не можел да стане, ниту да зборува. Утрото кога го виделе, го однесле во болницата „Свети Петар" за да го погребат, ако умре, затоа што сите мислеле дека нема да живее. Но, по малку време, тој проговорил и рекол да му го подадат ќесето, во кое имало малку пари, па ги дал на еден свештеник за да му чита молбен канон на пресвета Богородица. По завршувањето на канонот, го кренале и го однесле во црквата „Свети Тит", каде што лежел целиот ден пред иконата на пресвета Богородица, а вечерта клисарот, кога сакал да затвори, го изнесол пред црквата, затоа што имале обичај да не оставаат ноќе никого внатре. И така, војникот лежел надвор цела ноќ иисе молел на света Богородица да го излекува. Околу полноќ, тој заспал малку и ја видел во сон света Богородица, која му рекла: „Ете, веќе си здрав, прослави го Бога". Кога се разбудил, станал на нозе наполно здрав. Утредента клисарот го видел и му јавил на митрополитот. Тој ги повикал оние што го однесле во црквата да му кажат за случајот на болеста. Кога ја чул вистината, го напишал овој чуден настан за спомен. Потоа заповедал да ја изнесат таа света икона и ја носеле три дена со литија низ градот. А тој, одејќи со нив, со висок глас проповедал за величието на Мајката Божја. И не само ова чудо, но станувале и многу други, па од сите страни донесувале болни и се излекувале со помошта на света Богородица, на која и прилега слава. Амин.

ЧУДО 68.
За чудотворното дејство на кладенецот во Трапсана

Во селото Трапсана, на островот Крит, се наоѓа црква посветена на Мајката Божја, оддалечена од селото колку да фрлиш камен, се вика „Госпоѓа Кладезница", бидејќи пред црквата има еден длабок бунар, преку кој света Богородица прави разни чуда. Од тој кладенец лее вода целото село и одвечер му ја исцрпуваат целата вода, а наутро пак го наоѓаат полн. Тој многупати бил загадуван затоа што нивото на водата е рамно со земјата, па многумина паѓале во него; но пак го одградуваат за да леат вода и кога ќе почнат да се туркаат кој попрво да налее, паѓаат внатре. Меѓутоа, кога ќе падне некој, истиот час водата нараснува и паднатиот го исфрла жив и здрав. Впрочем, има многу води по разни места, што имаат лековито дејство, но водата од овој кладенец не дејствува по природа, а со силата на света Богородица. Оваа вода ја нашле кога ја реконструирале црквата, бидејќи била многу стара, а во слава на Бога и на света Богородица.

ЧУДО 69.
Bolnicka.sv.nikola.jpgЧудно видение за тоа како со молитвите на света Богородица Бог може да биде измолен и приклонет

Во „Цветовен Лимонар", глава 8, дел III, се говори за некој свештеник што имал голема почит кон Божествената Литургија и се истакнувал со добро поведение и многу добродетели, поради кое Бог го удостоил со многу виденија и ангелски откритија. Најпосле, тој имал такво чудно видение што го даваме на крајот од книгава за да виде секој и да се покае.
Во таа книга пишува за гореспоменатиот свештеник како му се занел умот и Го видел Господа, нашиот Исус Христос, како седи на величествен престол, а од Неговата десна страна Пресвета Богородица и целото ангелско воинство како стојат со голем страв и трепет и дека Господ заповедал на еден силен ангел да засвири со страшната труба што била толку голема и громогласна што целиот свет затреперел како лист. Потоа Господ рекол и на друг ангел да засвири, и тој засвирил. Тогаш, сенепорочната Мајка на Исуса кога разбрала дека по третото свирење ќе биде за свршеток на светот, станала од престолот и паднала на колена пред праведниот Судија и се молела умилно, повикувајќи се на неговата неискажлива благост и милост за да и ги прими молитвите и да го продолжи времето на грешниците за да можат да се покаат за своите беззаконија, со коишто Го разгневиле. Господ и одговорил: „Знаеш ли, Возљубена Мајко, колку беззаконија прави неблагородниот свет, и тоа непрестајно. Затоа, не е праведно да ги помилувам, и тоа не само мирјаните, но и духовништвото и монаштвото секој ден Ми ја прободуваат утробата и ме распнуваат повторно. Сосема го извалкаа светиот образ и ангелското живеење со своите пороци". Но, света Богородица пак Му се молела и Му рекла: „Сладок Мој Сине, послушај ме поради Твоето благоутробие и пречистите Твои страданија, што си ги примил поради грешните". „О Мајко Моја, и рекол Тој, многупати си ме смирувала со твоите молитви и не ме оставаш да го извршам праведниот суд, но луѓето не се откажуваат од лошите работи, туку уште повеќе прават зло, го презираат Мојот Крст и страдањата. Владетелите нечовечки ги угнетуваат своите поданици и сиромасите и ги осквернуваат Моите закони со своите неправди и нечистотии, а и простиот народ ги погазува Моите закони и повелби, угодувајќи им на своите телесни страсти со прељубодејства, убиства, неправди и други беззаконија". „Сето тоа е вистина, одговорила Владичицата, но Те молам, Чедо Мое, смилувај се и со Твојата благодат испра-ти им светлина за да ја познаат својата заблуда и да се покаат. Еј, многублагоутробен Владико, послушај ме и исполни ги моите прозби, не дека тие ќе станат достојни за милост и опростување, но поради мојата љубов и заради сите светии кои за Твоето пречисто Име си ја пролеале крвта и си ги предале телата на различни страдања и смрт и за Твоја љубов презреле секоја утеха и световна слава". Тогаш сите светии и света Богородица се поклониле и Го молеле Бога да пројави милост.

И така, со молитвите на света Богородица и на сите светии се смилостивил праведниот Судија и одговорил со весело лице: „Си Ме победила, о Мајко! Со твоето молење си го скротила Моето негодување и гнев: нека биде Твојата волја. И вие, браќа Мои и љубимци, со вашето молење ми ги претворивте гневот и јароста во милост, затоа пак ќе испратам проповедници и учители по сиот свет да ги поучуваат и да ги поправаат грешниците". Откако тоа го рекол Исус, видението престанало и духовникот дошол на себеси и тоа го раскажувал на сите браќа во манастирот. За да се уверат; им кажал некои тајни гревови секому поодделно што Бог му открил, со цел да се поправат и да се покајат.
Откако го кажал тоа, преподобниот си ја предал душата во Божји раце.

Дојдете, браќа и отци, кои го слушате и го читате ова елате да поплачеме за нашите беззаконија! Сега да поплачеме овде малувремено за да не плачеме таму вечно. Да побрзаме за нашето спасение зашто смртта доаѓа ненадејно и ќе не грабне како лута ѕверка. Не само да читаме книги и да слушаме божествени поуки и пак да останеме исти, бидејќи на тој начин не сме го завршиле делото на спасението, како што вели Бог: „Не бо слушатели закона оправдатсја, но творци", т.е. нема да се спасат тие што слушаат, но кои ја творат Божјата волја. Да се потрудиме, браќа, за нашето спасение додека се уште има време. О наше безумие и непромисленост! Пресвета Богородица се моли за нас, а ние занемаруваме такво големо содејство... Впрочем, да престанеме, возљубени, од гревотворењето и да И благодариме на пресвета Богородица за нејзините неизброиви дарови секојдневно што ги примаме. Да го славиме Отецот, и Синот, и Светиот Дух, единиот Бог во Троица. Да ја почитуваме и да ја фалиме пречиста Дева Марија со сите светии, сега и секогаш и во вечни векови, Амин.


ЧУДО 70.
Bogorodica.Dostojnoest.jpgКраток расказ за направеното чудо од свети архангел Гаврил, којшто го испеал „Достојно ест" пред иконата на пресвета Богородица близу до Кареја, во местото именувано „Долина на пеењето"

Во деновите на благочестивиот цар Василиј Багренороден, којшто владеше во Римското Царство, а при патријархот Никола Хрисоверг, во 980 година стана следното чудо.
Близу до карејскиот скит, во околината на Светипантократорскиот манастир, во една обител, посветена на пресвета Богородица, живееше еден многу добродетелен старец свештеномонах, кој имаше побожен послушник, по име Гаврил.
Во една саботна приквечер, старецот отиде на бдение во протатската црква, а дома го остави својот ученик. На полноќ, кога овој стана да го пее своето црковно правило, еден брат потропа на вратата од ќелијата. Ученикот ја отвори вратата и виде дека тропал некој непознат што имал вид на монах, па го помоли заедно да го пеат црковното правило. Бидејќи ангелската посета секогаш донесува радост кај секој побожен човек, додека ѓаволското фантазирање - страв и смрт, ученикот радосно го прими новодојдениот да му помогне во црковното пеење, па така двајцата почнаа да го пеат Троичниот канон. По завршувањето на канонот, новодојдениот странец почна да пее побожно и со умилен глас: „Достојно ест јако воистину, блажити тја Богородицу, присно блаженују и пренепорочнују и Матер Бога нашего", а потоа додаде и „Честнејшују херувим"...

Со исклучителна сладост и милозвучност ја испеа небесниот ученик, архангелот Гаврил, оваа песна на Божјата Мајка, така што меѓу него и Јован Кукузел не може да се прави споредба. Слушајќи го ангелското пеење, ученикот на светиот старец, по име Гаврил, (така се викаше тој) беше вчудовиден и стоеше избезумен.

По завршувањето на правилото, а чувствувајќи ја сладоста на пеењето, послушникот му рече на новодојдениот: „Ние такво величание не знаеме, ниту сме чуле од некого, освен за ирмосот". Поради тоа го молеше да му ја запише оваа песна. Ангелот со радост се согласи и побара од него хартија и перо, но послушникот немаше и тогаш овој му заповеда да донесе една камена плоча. Добриот послушник забрзано најде и му ја донесе. Ангелот ја зеде, со левата рака ја држеше, а со показалецот од десната чудесно ја издлабочи песната. Така длабоко ги врежа буквите на тврдата плоча што тие изгледаа како да се втиснати во најмек восок. Потоа ангелот му рече на послушникот: „Отсега понатаму така да се пее оваа песна и од вас, а и од сите православни". Штом го рече тоа, веднаш стана невидлив зашто беше од Бога испратен да ја објави оваа ангелска песна достојна за Божјата Мајка.
Кога се врати старецот од бдение, ученикот му раскажал за се она што се беше случило и му ја покажа напишаната плоча, а потоа почна со радост да пее: ,Достојно ест", како што беше научил од ангелот. Потоа и двајцата ја зедоа напишаната плоча од ангелот и отидоа во Протатот да ја покажат на Светогорскиот прота и на другите старци од општиот собор, па им раскажаа за се што се беше случило.
Исто така, го известија и благочестивиот цар Василиј Багренороден, а плочата со писмото ја испратија до патријархот; овој со окружно писмо објави и заповеда по целиот свет во православните цркви оваа песна да се пее на богослужбите и на светата литургија. А иконата на пресвета Богородица, пред која беше испеана ангелската песна, ја пренесоа во Големиот протатски храм и ја поставија во Светиот олтар, на горниот престол, каде што се наоѓа и денес. Келијата беше именувана „Достојно ест", а долината во која стана ова чудо се именува „Долина на пеењето" зашто таму беше испеана од архангелот Гаврил оваа песна на Божјата Мајка.

Крај и на Бога слава!


МОЛИТВА КОН ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА


Bogorodica.sv.Dimitrij.jpgО пресвета Владичице Богородице! Ти си повозвишена од сите ангели и архангели и од се создадено најчесна; ти си помошничка на навредените, надеж на безнадежните, застапничка на сиромасите, утешителка на натажените, хранителка на гладните, облекло на необлечените, оздравување на болните, спасение на грешните, помош и заштита на сите христијани. О семилостива Богородице Дево Владичице! Со твојата милост спаси и помилуј ги благочестивите владатели, преосветените митрополити, архиепископи и епископи, целиот свештенички и монашки чин и сите православни христијани; со твојата чесна риза закрили ги и умилостиви ги, Госпого, од тебе бесемено воплотениот наш Бог да ни помогне нам со Својата виша сила да одолееме на невидливите и на видливи противници.
О семилостива Владичице Богородице, извади не од гревовната длабочина и избави не од глад, од помор, од потоп и од земјотрес, од оган и меч, од ропство и мегусебна војна, од ненадејна смрт и напад на непријатели, од смртоносна рана на пакосни врагови и од секое зло. Подари им, Владичице, мир и здравје на твоите слуги, на сите православни христијани и просвети им го умот и срдечните очи кон спасение. Удостој не и нас, твоите грешни слуги, да отидеме во царството на Твојот Син и нашиот Бог, оти неговата сила е благословена и преблагословена со Неговиот беспочетен Отец и со Пресветиот, благ и животворен Негов Дух, сега, секогаш и во сите векови. Амин.


ПРАВИЛО ОД СВЕТИОТ СЕДМИ ВСЕЛЕНСКИ СОБОР

bogorodica.sv.andrej1.jpgОној што не верува со чиста еднодушност и со сето свое срце во Спасителот, нашиот Бог и во пречистата Негова Мајка, Владичица и наша Богородица, како и во сите светии, а ги отфрла и не ги прима прекрасните чуда што се посведочени со премудри докази или по свој разум ги толкува поинаку, да биде проклет.
Овој дел од Светиот собор што се наоѓа во Триодот, во Недела на православието, го приложуваме тука, на крајот од чудата на света Богородица, за оние што несмислено расудуваат и сметаат дека изнесените чуда во оваа книга се невозможни, па нека гледаат таму, во Триодот, и нека го отфрлат секое свое сомневање; нека се смират за да не паднат под искажаната клетва, но да веруваат и да исповедуваат не само за овие чуда што се тука напишани, но и за безброј други што ги прави Владичицата - Мајката Божја, преку чии молитви и ние да се удостоиме за вечно блаженство. Амин.

Слава на Света Троица - Единиот Бог!

Крај

 

„Чудесата на Пресвета Богородица“ (1984, превод)

 Епископот Гаврил станал прочуен и како автор на многу душекорисни книги. Познати се: неговата стихозбирка „33 песни за Ерусалим“ (1975), „Света Гора – Небесна земја“ (1978), „Пред најголемиот јубилеј на човекот“ (1980), „2000-годишнината на христијанството е на прагот“ (1981), „Чудата на пресвета Богородица“ (1984, превод), „Правила и одредби на Православната Црква за постот“ (1994), како и други научни студии со богословска, историско-национална и уметничка содржина. Освен тоа, службеното гласило на МПЦ има објавено десетина негови пократки написи со различна содржина. Некои негови наслови се објавени и во Руската задгранична православна црква во Америка.

 

СВ ГАВРИЛ ЕПИСКОП ВЕЛИЧКИ СВЕТОГОРЕЦ ЧИТАЊЕ НА ЕВАНГЕЛИЕТО ... 

Bogorodica.Pelagonitisa.z.jpg

 

 Bogorodica.Vodno.jpg

 

Bogorodica.Isus.z1.jpg

Bogorodica.Isus.z.jpg

Bogorodica.Vvadimirska.jpg

 Bogorodica.Studenica.jpg

Bogorodica.v.Dimit.jpg

 

  • Bogorodica.portaitisa.jpg

Bogorodica.markov1.jpg

 

 

 Bogorodica.refleksi.jpg

 

  • Bogorodica.dicho.jpg

 

Друго:

 

„На 28. 05. 2017 година, Недела 7 на Воскресението на Светите Отци, св. Ахил Преспански, преп. Пахомиј Велики, во годината кога МПЦ – ОА слави 50 – годишен јубилеј од возобновувањето на Охридската Архиепископија во лицето на МПЦ – ОА и канонизација на Светиот Епископ Велички Гаврил Светогорец, во Соборниот храм „Св. Николај“ во Штип, на утрената богослужба, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион и свештенослужители од МПЦ – ОА, а во присуство на многуброен народ, ги дочека Светите моштии на Светиот Епископ Велички Гаврил Светогорец, кои достојно, по повод канонизацијата, беа донесени од Лесновкиот манастир и внесени во Соборниот храм „Св. Николај“ во Штип.“

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3143
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7622
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

25/11/2024 - понеделник

Свети Јован Милостив; Светиот пророк Ахија; Преподобен Нил Синајски; Преподобен Нил Мироточив;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная