Руските научници докажале: Молитвата има чудесна моќ на излекување
Неодамна руските научници од универзитетот во Санкт Петерсбург
материјално докажале дека чудесните излекувања се поврзани со духовноста
и откриле голем број телесни и душевни промени кои човекот може да ги
доживее во моментот на молитва или верски обред. Научниците докажале
дека кај верникот кој е продлабочен во молитвата потполно е исклучена
мозочната кора, а тоа ги означува потполната сигурност и отсуството на
стрес.Молитвата – лек против негативно размислување
Професорот Слезин успеал да ја измери моќта на молитвата и востановил дека кај монахот кој се моли потполно е исклучена мозочната кора, што е забележано само кај децата на возраст до три месеци кои се сигурни во близина на својата мајка. Како што растат луѓето, чувството на сигурност се повеќе се намалува, а се зголемува мозочната активност. Активноста се смалува единствено за време на длабок сон и молитва, а тоа добро влијае на луѓето.
Молитвата е моќен лек не само за регулирање на сите процеси во човечкиот организам, туку ја обновува и уништената структура на свеста, тврди Валери Слезин, директор на Лабораторијата за невропсихофизиологија на Институтот за истражување и развој на психоневрологија во Санкт Петерсбург.



























