логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

Беседа  за љубовта
 
 
Колку и да се правиме силни ,јаки ,паметни ,самоуверени или пак безгрешни ,доага во секој од нас ,момент, кога потклекнуваме на вистината и самите си признаваме дека навистина љубов ни е потребна за да успееме во овој живот , во овој свет…,, љубовта е единственото нешто кое што не одржува во живот,и таа не престанува никогаш.,,љубовта е долготрпелива,полна со добрина,љубовта не завидува,љубовта не се превознесува,не се гордее(и кор.13,4). И двете најголеми христијански заповеди што ни ги дал нашиот Господ Исус Христос се однесуваат на љубовта ,на љубовта кон Бога ,кон нашите ближни, кон самите себе си. Љубовта се радува на вистината(2 кор13,6).само вистината може да не покаже победници до крај ,и само таа може да ни дарува сила, поткрепа и во нас самите а и поткрепа во нашите блиски , роднини и пријатели.само ако вистински се однесуваме спрема оние околу нас ќе покажеме љубов, ќе покажземе искреност, а и тие ќе почнат вистински да не почитуваат и да не сакаат.Многу е тешко во овој огревовен свет да најдеме љубов од другата страна и  да најдеме личност која ќе не цени која ке размислува како нас која ќе ни даде до знаење дека навистина очи во очи можеме да поразговараме со таква личност. Зборувам за љубов-а не за страст. Зборувам за љубовта на Христос воскреснатиот ,која Тој ни ја покажал на нас луѓето, за љубовта на Христос распнатиот кој од љубов спрема нас претрпе крстни маки и ни покажа како треба да се однесуваме спрема нашите ближни,и спрема сите околу нас , спрема оние што не мразат и спрема оние на кои многу им значиме. Могупати нашиот помрачен ум може да дејстува спротивно од вистината , многупати знаејќи што е добро за нас го прекршуваме правилото и се свртуваме кон забранетото,кон она сто ни е душепогубно,но мора да признеме и ние слатко.Точно е дека она што ни е забрането и ние најслатко, но уште поточно е дека тоа пак ни е и за осуда. Љубовта никогаш не престанува(2 кор.13,8).никогаш нема да заврши венецот на љубовта и нема да има крај , затоа што венцот нема крај , кругот нема крај , тој е апсолутно вечен,се друго што и да е престанува , трае некое време и пак го однемува .Се едно нешто во животот може да го исфрлиме напред и да го имаме напред пред нас да се гордееме со тоа, но кратко време и потоа пага во вода , паѓа во бездна ,и можеби никогаш нема да го имаме .Љубовта не е таква .Во љубовта нема гордост , нема посилни  и послаби работи -љубовта е еднаква секогаш и на секое место , а и да сакаме ние спрема некој да зголемиме нашата љубов , ќе погрешиме во тоа и тоа ке помине во страст а потоа последиците се катострофални. Искрената љубов никого не навредува никого не потценува , ниту пак на некого му се срди.Љубовта пред се треба да биде делотворна, проследена со дела, кои вистински ке ги спроведеме во овој живот. Ако сакаме да живееме убаво треба пред се основно да се помириме со фактот дека преку љубовта се почнува и праку неа се и завршува. Ако љубов немам ништо не сум ,,(2 кор.13.2).амин.
 
Отец Душко Пецов-парох истибански(виница)

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3143
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7622
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

25/11/2024 - понеделник

Свети Јован Милостив; Светиот пророк Ахија; Преподобен Нил Синајски; Преподобен Нил Мироточив;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная