Браќа, почитувајте ги своите свештеници. Тие се слуги Христови и претставници на апостолите Христови. Нивната служба е тешка и нивната одговорност пред Бога е огромна. Тие се молат на Бога за сите нас. Тие со своите раце и молитви ја подготвуваат светата Причест, преку која вие се соединувате со Бога. Тие ве дочекуваат кога се раѓате, тие ве испраќаат кога ќе умрете. Тие за вас пред Бога одговараат.
Св. Сава рекол: „Ако попот е грешен, неговата молитва не е грешна“. Не осудувајте го својот свештеник, не омаловажувајте го, не гонете го. Тој за своите гревови ќе одговара пред Бога повеќе отколку вие за вашите, затоа што е свештеник на живиот Бог. Ако свештеникот е грешен, почитувај го и со почитта ќе го засрамиш и тој ќе се поправи. Но ако го осудуваш и омаловажуваш, тој ќе стане уште полош. Браќа, почитувајте ги своите свештеници.
Не правете се попаметни во духовните нешта од свештеникот. Иако не прави сé како што треба да прави, по својата слабост, тој знае што треба да зборува. Прашајте го за патот на спасението и слушајте ги неговите зборови. Молете го да ви објасни и тој ќе ви објасни. Јас имам исповедувано такви кои се каеја што го осудувале својот свештеник.
Свештеникот има свој суд и свој судија. И ако греши, знајте дека казната нема да го заобиколи. Но, не бидете му вие судија. Тој носи тешко бреме и голема одговорност има. Поради тоа и неговото спасение е потешко отколку вашето. Затоа, браќа, ве молам, почитувајте ги своите свештеници.
Извор: О ПОШТОВАЊУ СВЕШТЕНИКА – Свети Николај Жички