логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 



Во Стариот Завет Оној Кој Ѐ, разговараше и се договараше со избрани луѓе, поединци, од избраниот нарот Израил. Таква беше подготовката за животот на старозаветниот избран Народ Божји!
Новиот Завет беше само навестуван, преку праслики и пророци, преку Благовештението, и најпосле, преку Сретението на Симеон Богопримецот. Во Новиот завет Бог најнапред се јави како Младенец! Во Младенецот беше препознаен Месијата и проповедан, ама не само за Израил, туку и за народот Божји општо, како Божјо создание, како синови на Севишниот.
На денот на Сретението, се случи Средба на Бога и човекот. Во поширока смисла – се сретнале двата Завети. И Стариот, зaвршно, му го отстапил местото на Новиот… Сè произлегло од четириесеттиот ден после Рождеството Христово.
Еве како се случило тоа, според запишаното од евенгелистите и според светото Предание.
Според јудејските закони, жената после породувањето, четириесет дена не можела да се појавува во Храмот. Но ако таа родила првенец, и тој првенец – е машко, тогаш на четириесеттиот ден родителите биле должни да го донесат во Ерусалимскиот Храм за обредот – посветување на Бога. Притоа биле должни да принесат и жртва на Бога, кој е побогат – јагне, посиромавиот – гулаби. Богомајката и Јосиф, иако произлегувале од родот на цар Давид, не биле богати. Затоа тие во Ерусалимскиот Храм принесле две гугутки или две гулабчиња.
Кога Богородица со Јосиф дошле во храмот со Исус, Тој мирно спиел на рацете на Својата Мајка. Но се разбудил кога при Светото семејство пришол старец, Го зел на раце и изговорил нешто што не било вообичаено: „Сега го отпушташ Својот слуга, Владико, според зборот Твој, во мир, зашто го видоа очите мои спасението Твое, што си го приготвил пред лицето на сите народи; светлина за просвештение на незнабожците и за слава на народот Твој Израил”. (Лк 2:29-32).
Овој старец го викале Симеон. Бидејќи тој Го „примил” Исуса на раце, ние го викаме Симеон Богопримец. Тој бил праведен човек, учен, на кого, според Преданието, Птоломеј, царот на Египет, му порачал да го преведе Светото Писмо (кое во тој момент се состоело само од Стариот Завет), од еврејски на грчки јазик.Sretenie.Gospodovo5.jpg
И ете, кога Свети Симеон ја зел да ја преведува книгата на пророкот Исаиј, тој се «сопнал» од еден збор: «ете, Девица ќе зачне и ќе роди Син, и ќе Му го дадат името Емануил» – пишувало во книгата.
Симеон се подумал, па си рекол дека тоа е голема грешка, бидејќи девица не може да роди; се собрале седумдесттемина преведувачи ( оттаму Септуагинта) да го исправат тој збор со зборот «Жена». Но во тој момент ангел, којшто бил постојано со Симеон, така како што е и со секој од нас, му рекол да не поправа ништо, бидејќи во книгата сè е запишано правилно, и додал: затоа – Симеоне – нема да умреш, додека не се увериш во тоа и лично!
Светиот Симеон живеел долг живот. Во тој ден, кој ние го нарекуваме Сретение, се нашол во Ерусалимскиот Храм и се остварило сè. Тој се уверил дека, на земјата дошол Спасителот, којшто Го родила имено Девица; и сега можел спокојно да умре. Ете зошто Симеон и ги изговорил зборовите: „Сега го отпушташ Својот слуга во мир...”
А Јосиф и Приснодева „се восхитуваа на она што зборуваше за Него”. Симеон, пак, ги благослови и на Приснодева Ѝ рече: „Еве, Овој е поставен за паѓање и издигнување на мнозина во Израил, и е знак против Кого ќе се говори”. Овие зборови постанале почеток на една од првите молитви, наречена: «Песна на Симеон Богопримецот».
Според Преданието, Свети Симеон живеел 300 години. Завршетокот на земните денови на светиот станал симбол на завршетокот на епохата на Стариот Завет. «Во лицето на Симеон, целиот Стар Завет на неискупеното човештво, со мир отишло во вечноста, отстапувајќи му го местото на христијанството…» – напишал епископот Теофан Затворник.
Од Благовештението на Ангелот Божји, преку Рождество Христово па сè до овој ден, Богомајката и Јосиф добивале знаци на сведоштва за тоа, дека тоа што ќе се роди, и се родило, не е обично Дете – и од пастирите, кои дошле да се поклонат на Христос во пештерата под Витлеем, и од мудреците од Исток, кои Му принесле дарови, и од обидот на Ирод Детето да Го убие, па „се восхитиле и на она што го зборувал Симеон” (Лк 2: 33).
Симеон, пак, обраќајќи се кон Богородица и покажувајќи на Младенецот, рекол: «Ете, за Него ќе спорат народите: едни за спасение, а други за погибел. А и Тебе Самата оружје ќе ти ја прободе душата» (Лк.2:34-35).
На богородичната иконата « Омекнување на злите срца», илустрирани се, имено, токму тие зборови на Симеон Богопримецот, дека телото на Богородица ќе го пронижат неколку меча – тоа е самото «оружје».
Таму била и пророчицата Ана, ќерката Фануилова, од Асировото племе. Таа била во поодминати години, а со мажот поживеала само седум години по моминството свое. Била вдовица на околу осумдесет и четири години. Не се оддалечувала од Храмот и Му се молела на Бога со пост и молитва, дење и ноќе. Во тој час пристапила и таа, и почнала да Го слави Господа и да им говори за Него на сите што очекувале избавување во Ерусалим. Вака соопштува апостолот Лука (Лк 2: 36 – 38) .
Со оглед дека во Младенецот Го познала Спасителот, на сите ерусалимски жители им ја пренесла радостната вест за долгоочекуваното доаѓање на Месијата. Со словото на пророчицата Ана, искажано пред жителите на Ерусалим, впрочем, почнала благата вест за тоа, дека дошол Спасителот на Човештвото.
Во секој случај, Сретение е празник, којшто е, или треба да биде, секогаш со нас и во нас. Средбата со Бога се случува во секоја миг од нашиот живот, дури и тогаш, кога ние, за жал, не сме ни свесни ниту го забележуваме тоа.
Првите христијани биле длабоко свесни што значело Сретението Господово, па се празнувало уште од самиот почеток. „Торжественото” празнување на овој чудесен ден е востановено во 544 година, во времето на царот Јустинијан.
- ТЕШКО ВАМ АКО СЕ РАЗМИНУВАТЕ СО БОГА –
Во нашата Света Македонска Православна Црква, како и во сите помесни автокефални или автономни, сеедно, Цркви и годинава, како и секоја година, беше
прославен празникот Стерение Господово - торжествено! Меѓутоа, едно е да се прославува празник, а друго е да се живее празникот. Особено овој Господов Ден!
Ако празникот само обредно се прославува, без да има видливо влијание во секојдневието на верникот, на заедницата, би рекол на едноверните евхаристичари, чинам, прославувањето станува само култно, како обврска, како навика, како редот што носи, без да зрачи од секој од нас како единки, па и како Црква Божја на различните простори на Земјата.
Така, и годинава, како и години и децении наназад. Не само што отсуствуваше суштината на празникот Сретение, туку едноставно изостануваше дури и љубопитноста кај помесните едноверни верници и свештеници. Имено, на Божјата Црква во Македонија, иако здрава, Ѝ се наметна предзнакот „расколничка”. И, освен рускиот и српскиот првопрестолници на своите помесни православни Цркви во 1962 година, никој од првопрестолните претстојатели повеќе не дојде да види што се случува со Божјата Црква во Македонија, и дали има нешто спротивно на Православието. Се испраќаа некакви тајни агентури, но таквите доаѓаа само за да си го одработат задолжението, а не и за да „вкусат и видат”. СПЦ зазеде став како МПЦ-ОА воопшто да не постои, а со тоа и другите ги наведе да не го видат Божјото провидение за нашиот народ и нашата Света Црква. Значи, на нас се сопна сецелото Православие – не го живееја Сретението Господово онака како Бог што рекол. И не доаѓаат со децении, а сите православни низ цел свет, на секоја Литургија, при причестувањето со Телото и Крвта Господови, пееме: „Дојдете и видете, дека е благ Господ...”!
Дека е благ Господ веруваме и исповедаме и ние, еднакво на сите други еднакви во верата. Во годината што измина, прославувавме 45 години од возобновувањето на Охридската архиепископија во Македонска Православна Црква. Прославувавме? Прославувавме со прободено срце, како на Божјата Мајка, со срце кое крвари од тага за отсуството на љубовта, и уште повеќе затоа што сме биле „болни”, и што, на болниот „така му било пишано” – бидејќи роден – да мора да си почине! Несаканото Дете, иако само Дете, не требало да биде лулано, хрането, за да расте и порасне, иако овде не се работеше за новороденче, туку за прастара „Баба”, која излула многу помесни православни придобивки, се работеше за Црквата Божја од Македонија, која прозрачи во најраната Европа – од Солун и Охрид до Владивосток; се работи за вековна Црква Божја, чија јурисдикција, како и на Пеќската архиепископија, пред повеќе од 250 години, Ѝ беше неканонски одземена.
Ги немаше, не дојдоа апостолските преемници. Но ни милостив Самарјанин не дојде, за да не ни се накалеми втора дијагноза, полоша од онаа – првата. Но, не дојде ни опитен молитвеник, каноник, духовник, ниту сострадалник, некој од оние што се молат за сите и за сè, кој барем со добар збор ќе залечи рана отворена. Значи, се хранеше и натаму умислената дијагноза – болен – расколник, иако овде „болен” немаше.
Требаше ли Богомајката во Храмот да не дозволи Симеон да Му пријде на Младенецот само затоа што беше престарен и од „грижа” да не го испушти Детето од раце? Богородица не гледаше на формите, на ништо друго не гледаше освен што го следеше гласот на Ангелот за Детето Кое Ѝ Го навести дека, иако не знаеше за маж, ќе се роди со силата на Духот Свет...
И не само кај нас што не доаѓаат, туку и тие, „здравите”, се потешко комуницираат и меѓу себе – и многу ретко се гледаат. Значи, проретчија средбите во Господа.
Така не беше во почетокот, ниту Господ очекуваше такво однесување од „во Христа крстените, и во Христа облечените!”
Што се случува денес внатре во Православието? Имаме ли сите православни Средба со нашиот Господ, се познаваме ли длабоко едни со други, или токму взаемното непознавање го одржува формалното единство?
Жалосно е што и после над 2000 години Христијанство, сè уште има простор да си поставуваме вакви прашања. Навистина, што се случува со Православието?!
Ако крстените во Христа, во Христа облечените се разминуваат, тоа значи дека се разминуваат и со Господ Исус Хритос, а се разминуваат и со сопственото спасение.
Дојди, Господи, и види, и утврди нè, за да ги издржиме искушенијата, на кои одолевавме низ вековите.


Протоѓакон Славе П. Пројковски

5-ти април , лето Господово 2013

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3143
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7622
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

25/11/2024 - понеделник

Свети Јован Милостив; Светиот пророк Ахија; Преподобен Нил Синајски; Преподобен Нил Мироточив;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная