логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Што треба за својата вера да знае секој православен христијанин?

Да се биде ВЕРНИК, односно, православен (правоверен/ ортодоксен) христијани, значи да се прифати и духовно осознае постоењето на надвременото и надпросторното Битие – кое е всушност Творец на се што постои – во сите димензии на постоењето. Тоа Битие го нарекуваме БОГ, а Тој самиот себе – во старозаветниот период – ни се откри со името „Јас Сум ОНОЈ кој вечно постои/ ЈАХВЕ – на еврејски“ (2.Мојсеева.3,14).
Истиот Тој – Вечнопостоечкиот - во новозаветниот период, во ПОЛНОТАТА на своето себеоткривање - ни се откри како наш единствен Небесен Отец кој има свој совечен Син (Слово/ Логос) и Дух Свети (Метеј. 3, 16 – 17/ Јован. 1, 1 – 18). Поточно кажано, Бог, Творецот – себеоткривајќи се – ни се објави дека е ЕДЕН и ЕДИНСТВЕН, со единствена божествена природа и со ТРИ совечни совршени љубовнотворечки ЛИЧНОСТИ – Отец и Син и Дух Свети – Троица единосушна и неразделна. (Матеј. 28, 19 – 20)

Kога се исполнија пророштвата на пророците од периодот на Стариот Завет (од прататкото Адам до последниот старозаветен пророк Малахија) Совечниот СИН (Слово/ Логос) на Вечнопостоечкиот Небесен Отец - во овој отпаднат и со зло инфициран свет - дојде како ветениот и очекуваниот МЕСИЈА (Христос/Помазаник/ Спасител). Тој – совечниот Син Божји – својата човечка природа ја прими преку пречистата девојка Марија (Богородица) и постана вистински Човек – не престанувајќи во исто време да биде и Син Божји. Затоа во Светото Писмо Тој е засведочен и како вистински Син Божји (според својата божествена природа), но и како вистински Син Човечки (според својата човечка природа) – а сите ние го знаеме под името ИСУС (Јешуа) ХРИСТОС (Месија).
Тој, Исус Христос, нашиот единствен Господ, Учител и Спасител, од Небесниот Отец - во овој со зло инфициран свет – беше испратен со цел да биде наш ОСЛОБОДИТЕЛ од сатанското ропство, злото, гревот, духовната и телесната смрт.
Целиот живот, сета мисија на нашиот Спасител во овој свет беше исполнета со сведоштво на Вистината – таква, каква што таа е.
Тој ни ја откри вистинат за тоа Кој и Каков е нашиот Творец. Ни ја откри и вистината за тоа како и на кој начин да го живееме нашиот живот во овој свет – за истиот да биде благословен и осмислен како во овој свет – така и во вечното постоење во Царството Божјо (совршената состојба на егзистенција промислена и создадена од Творецот).
Тој, исто така, ни ја откри и врвната вистина дека злото, и оној кој е изворник на злото – сатаната, можат да бидат победени и разобличени само со ЉУБОВ ШТО СЕ ЖРТВУВА. Моќта на оваа вистина нашиот Спасител особено на дело ја покажа преку својата искупителна љубовна жртва на КРСТОТ. Со силата на љубовната жртва Тој го разобличи и победи злото и злопричинителот – сатаната, а на целото човештво му овозможи искупување/ прошка (духовна амнестија) и можност за обновен и благословен живот и стекнување на вечност. Како кулминација на крсната љубовножртвена смрт на Месијата – беше Неговото ВОСКРЕСЕНИЕ од мртвите. Тој со своето воскресение – ни покажа и докажа – дека ја има власта и нас да не воскресне, односно - да ни го оживее/ пресоздаде - нашето смртно тело во последниот ден од овој свет и да не воведе – по Судот Божји – во вечното постоење.
Всушност, во последниот ден на овој и ваков свет, ќе се сличи со нас она што Месијата го нарекува наше „повторно раѓање“ (Матеј. 19, 28). Под наше „повторно раѓање“ се подразбира ослободувањето на нашето тело од власта на смртта и негово повторно спојување со нашата душа. По овој мистериозен настан – доколку дадеме вистински одговор пред Судот Божји за тоа како сме го живеале својот живот во овој свет – ќе го наследиме оној начин на постоење за кој всушност сме созадедени од нашиот Творец.

По сето она што е горенаведено се добива престава дека да се биде верник не е едноставна работа, а особено ако за себе велиме дека ја исповедаме православната христијанска вера и сме членови на Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква, односно, на онаа ЦРКВА (заедница на ученици Христови/ новозаветен народ Божји/ Тело Христово) која својот историски почеток го има од времето на Христос, од времето на Песесетница (денот кога апостолите ја примаат силата на Духот Свет за сведоштво на спасителната вистина – Дела. 2, 1- 47), од времето на ранохристијанските маченици, од времето на Светите Оци и подвижници - па се до денешен ден. Големе е честа, но и одговорноста да се биде православен христијанин и член на Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква (МПЦ – ОА, како помесна Црква, е нејзин органски дел).

Кога сме кај одговорноста, би сакал да наведам неколку нешта за што треба да биде одговорен православниот христијанин. Како негова примарна одговорност е остварувањето/ градењето на неговото лично СПАСЕНИЕ, односно, ослободувањето од сотонското ропство, злото, гревот, духовната и телесната смрт (Филипјаните. 2,12). За да може да ја оствари оваа своја одговорност православниот христијанин треба да ја познава својата ВЕРА. Под познавање на верата се подразбира осознавање на Откровението Божјо запишано во Светите книги на Стариот и Новиот завет (Библија/Свето Писмо). А, од особено спасително значење е секој православен христијанин преку својата предаденост/ доверба/ вера да има остварена – преку силата на Светиот Дух (1. Кор. 12, 3) - внатрешна духовна поврзаност со нашиот единствен Господ, Учител и Спасител – Исус Христос. Таа поврзаност се остварува преку нашето лично духовно будење/ покајание, преку внатрешното осознавање за тоа Кој е и Што е Исус Христос, преку нашето учество во Христовата искупителна/ опростителна крсна жртва преку Светите тајни Крштевање, Миропомазание и Причестување.

Сите овие горенаведени нешта ни ОВОЗМОЖУВААТ да го започнеме нашето чекорење по Патот на ослободувањето и спасението.
За православниот христијанин да може спасително да чекори по Патот на спасиението од неопходна важност е да ги исполнува заповедите на својот Господ и Учител. Преку извршувањето на заповедите постепено – преку водството на Светиот Дух, советите од духовниот раководител (епископ или презвитер) и помошта од црковната заедница – верникот ќе започне да осознава што е навистина добро и вистина, а што е зло и лага во неговиот живот, а и во овој свет. На тој начин започнува процесот на очистување, духовно заздравување и осознавање на смислата и убавината на постоењето – како во овој свет, така и на вечен план. Во овој процес на чекорење по Патот на спасението од неопходна важност е и учеството на богослужбите на црковната заедница, а особено учество на Литургијата и причестувањето/ засведочувањето на нашето љубовно единство со Христа. Секое наше причестување е чекор понапред по Патот на спасението. Доколку не се причестуваме или тоа го правиме неподготвени (без исповед пред духовниот раководител и без помирување со Бога и нашата совест ако сме направиле некој смртен грев) тогаш наместо да чекориме по Пртот на спасението ние отстапуваме од него и започнуваме да чекориме по сомнителни патеки и животни лавиринти.

Исто така православните христијани, доколку избрале смеен живот, треба да бидат препознатливи по тоа што се одговорни и чесни домаќини кои преку еден правдољубив искрено-љубовен пристап им ги сведочат вистинските животни вредности на своите деца (верност, чесност, одговорност, ненасилност, непорочност, послушност...).

Православното христијанско семејство е животворната клетка, како на Црквата, така и на општеството. Затоа истото треба бескомпромисно да се брани од сите напади на злото. Секој православен христијанин и христијанка - кои своето семејство го одржуваат во благословена состојба – со тоа покажуваат и докажуваат дека и нивниот духовен живот и чекорење по Патот на спасението се благословени и плодоносни.

Нашиот Небесен Отец, во името на својот Единороден Син и Спасителот наш Исус Христос во силата на Духот Свет, а по молитвите на сите светии кои пред нас чекореа по Патот на спасението - сите нас да не благослови, да не запази и да не води по Патот. Во овој живот да ни го дари познанието на вистината и вистинската радост, а во идниот век – по воскресението на мртвите и Страшниот суд – да не всели во своето вечно Царство.

презвитер Ивица Тодоров

23.03.2013 год.

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3143
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7623
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

25/11/2024 - понеделник

Свети Јован Милостив; Светиот пророк Ахија; Преподобен Нил Синајски; Преподобен Нил Мироточив;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная