логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 Korica.Pisma.Valaam.jpg

55.
17 февруари 1951 г.
...Ти постојано се осудуваш и сметаш дека за ништо не чиниш и дека си полоша од сите, но кај тебе тоа се само зборови, а всушност сметаш дека си многу добра. Да чувствуваш онака како што велиш, за ништо не би ги осудувала другите и не би се навредила поради тоа што реков дека X. е попаметна од тебе. Колку си будалеста! Уште пишуваш да Го молам Господа да ти биде како што треба! Колку будалеста молба! И смешна! Таа живее безгрижно, а јас да молам да и биде како што треба! Но, според духовното знаење, така не може да биде. Ни Бог, ниту јас нема да ти помогнеме, ако во побожноста не се трудиш самата, рекле св. отци.
Вчера дојде еден монах и ми рече: „Јас имам многу, многу голем грев, не знам дали Господ ќе ми опрости". Јас го прашав каков? „Хула на Бога и на Светите Тајни." Јас му одговорив дека во тие мисли нема грев, бидејќи тие се од ѓаволот и се нарекуваат „предлози", а предлозите не се грешни. Не обрнувај внимание на нив и мислите насочи ги кон некоја содржина од Светото писмо. Поразговарав со него на таа тема и му ја дадов Лествицата за во неа да го прочита делот за помислите.
Денес е 4 јануари, светата Црква ги слави 70-те св. апостоли. Од нив пет апостоли отпаднале: Јуда, еден од дванаеетмината, Николај, кој бил епископ, Тегел — исто така, епископ, Ермоген — епископ, Димас бил јереј, а потоа им служел на идолите. Од поодамна ме окупираа такви мисли: зошто Господ ги избрал меѓу своите ученици да го проповедаат Неговото Евангелие! Па знааел дека тие ќе отпаднат! Но, некако токму на службата, ми се разјасни. Господ, по Својата добрина, ги повикува кон Себе сите, но не ја повредува нашата слободна волја, а ако некој доброволно се оддалечи од добродетелта кон порочен живот, самиот е крив — по слободна волја не се потрудил да Му угодува, на Бога.
Некој ги засакал парите, некој овој привремен живот, така и останатите што отпаднале. Ние, по своја слободна волја, треба да се трудиме да Му угодуваме на Бога, тогаш и благодатта ни помага, а ако не се трудиме Божјата благодат нема да ни помогне — нашиот труд и Божјата благодат одат заедно.

56.

Писмо до послушничката
Чедо, не паѓај со духот и не очајувај поради спасението на својата душа! Тоа се мисли од лукавиот бес (ѓаволот), едоставно не прифаќај ги! А и духовниот патеводител, во книгата на преп. ава Доротеј, ти советувам почесто да го загледуваш. Ете, обидувај се да живееш според неговите совети, Господ нека те измудри! Остарев во манастир, а таа книга постојано ја „бубам" — секогаш ми е прирака и во неа гледам скоро секој ден, бидејќи таа е монашки буквар.
Кога работиш заедно со сестрите, можеш да позборуваш со нив, само да не кажуваш осуди и клевети. Впрочем, св. отци велеле: „Духовниот разговор е сребро, а молчењето — злато". За празнословието пресуди сама!
Еве што ќе ти кажам. Посебно пријателство со никого не склопувај, инаку ќе доживееш многу бескорисни жалости и животот ќе ти минува во многу воздишки. Труди се својата волја да ја оставиш зад себе. Не стреми се кон големи подвизи и не осудувај никого за ништо, туѓите слабости не забележувај ги, туку гледај на своите, кои, секако, ќе видиш дека не се малку. А страстиге за кои пишуваш, ние со сопствени сили без Божја помош не можеме да ги победиме. Треба да се трудиме да ги искорениме, а дали сосема ќе ги победиме — тоа зависи од Божјата благодат. Уште си млада, не тревожи се и не станувај малодушна, бидејќи ние не сме помудри од премудриот Соломон, ни покротки од св. пророк Давид, ни поревносни од апостол Петар. Господ ја знае нашата човечка немоќ и на помош ни го дал покајанието. Не постои грев што би го надвладеал Божјото милосрдие — сите наши гревови, какви и да се, во споредба со Божјото милосрдие се како рака песок фрлена во океан.
Нашиот манастирски живот, овде се уште тлее — многу старчиња одат со помош на бастум, нема искушеници, бидејќи во ова време младината не се воспитува во духот на побожноста. Според забележувањата на епископот Игнатиј Брјанчанинов, ние сме последните монаси. Но, патиштата Господови се непоимливи за нас грешните! Господи, во се нека биде Твојата волја!
Го повикувам врз тебе Божјиот благослов. Господ и Небесната Царица нека ти помогнат во тешкиот час!

57.
16 август 1951 г.
Се жалиш што не можеш да се сконцентрираш на твојата молитва, се уште постои некаква бесчувствителност, разбираш дека во прашање е твојата негрижа, а не влијанието на надворешните работи. Да, слатка е молитвата, но бара голем труд. „Молитвата до последната минута од животот бара — борба", рекол ава Агатон. Сепак, треба да знаеш дека секој начин на живеење има свој поредок. Ти живееш во светот, па труди се својата работа, на која си поставена по Божјата волја, да ја извршуваш совесно. Не осудувај никого за ништо! Сето она што самата не го сакаш, ни на другите не им одговара. Како што не сакаш тебе да ти зборуваат непријатности или да те прекоруваат, да ти досадуваат или грубо да ти се обраќаат, така ни ти не им ги прави тие работи на другите. Ете, тоа е поредокот на твојот начин на живеење и грижи се така да живееш, а за она за кое што твојата совест те изобличува, покај се пред Господа! Тоа, пак, кон кое сега тежнееш, својствено е на монашкиот отшелнички начин на живот и бара потполна безгрижност и, што е најважно, длабоко смирение. Без смирение, сите подвизи се - суета. Па ти по цел ден си зафатена со грижи и обврски! Како можеш да се концентрираш на молитвата? Ако се најде некој слободен миг, прочитај малку од Евангелието и од апостолските посланија и погледни во светоотечките книги.
Господ нека те измудри!
Што се однесува до твојот разговор, види самата! Сепак, ако човек самиог не тежнее кон ништо, а се случува други да му даваат некаква должност, тоа е Божјата волја и Господ ќе му помогне, а од проблемите никаде не можеш да побегнеш. Каде и да оди човек, тие ќе појдат со него.

58.
22 октомври 1951 г.
Те боли што зад себе немаш добри дела! А зарем добрите дела не се оние на работа, со кои си натоварена преку глава?! Ако на тоа се додаде уште дека не треба да ги осудуваш другите и тоа што за себе не го сакаш и на другите да не им го правиш, за тебе е доволно — биди спокојна! А да се крева носот поради добра општествена положба, по мое мислење, тоа е крајно безумство за христијанинот кој тежнее кон духовен живот. Господ нека те измудри!
Неразумно е, дури и погрешно, да мислиш дека без мене ќе пропаднеш. Читај го Светото писмо и светите отци и снаоѓај се. А што значат моите совети, кога и сам одам потпирајќи се? Ако нешти и напишам, од истите тие извори зафаќам. Јас сум како бања: другите ги мијам, а самиот останувам валкан.
Господ нека те варди!

(Продолжува)

 Извор:

Korica.Pisma.Valaam.jpg

Издавачка установа „Канео“ при Дебарско- кичевската епархија ,Охрид 2001

Главен и одговорен уредник

Митрополит Тимотеј

Друго:

 Писма на валаамскиот старец (1)

Писма на валаамскиот старец (2)

Писма на валаамскиот старец (3)

Писма на валаамскиот старец (4)

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3168
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7642
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

04/12/2024 - среда

Божикен пост (на риба)

Воведение на Пресвета Богородица- Пречиста
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. патријарх Калист Цариградски  и неговиот сотрудник Игнатиј 22 ноември / 5 декември 2024

Тропар на св. патријарх Калист Цариградски и неговиот сотрудник Игнатиј 22 ноември / 5 декември 2024

О вие мажи обручени за љубовта Божја,о вие тихуватели кои го запознавте гласот на срцето,Калисте и Игнатие отци наши преподобни,молете...

Тропар на воведение на Пресвета Богородица 21 ноември / 4 декември (04.12.2024)

Тропар на воведение на Пресвета Богородица 21 ноември / 4 декември (04.12.2024)

 Денес е почетокот на Божјата милости на проповедта за спасение на луѓето.Во храмот Божји јасно Дева се јавуваи Христа на...

Тропар на св. Христов Григориј Декаполит 20 ноември / 3 декември 2024

Тропар на св. Христов Григориј Декаполит 20 ноември / 3 декември 2024

Пример си бил на воздржание,со Божествен Дух сите просветувајќи ги,правоверно животот завршувајќи го,со учењето светот го просветли,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная