Св. Николај Жички - За суетата поради облеката
Додека св. Арсениј носел облека во злато исткаена во царскиот двор, никој не го нарекувал Велики. Велики го нарекле тогаш кога безобѕирно целиот се предал во служба на Бога и се облекол во партали.
Ти се воплоти во пештера тајно, но небото Те објави на сите, Спасителу, како уста употребувајќи ја sвездата, и таа Ти ги приведе мудреците кои со вера Ти се поклонија. Со нив и нас помилуј не. А кога се наврши времето, Бог Го испрати Синот Свој Единороден (Гал. 4, 4) за да се спаси човечкиот род. И кога се исполнија девет месеци од благовеста којашто архангелот Гавриил Ѝ ја јави на Пресветата Дева во Назарет велејќи: „Радувај се, благодатна..., еве ќе родиш и ќе зачнеш син“ - во тоа време излезе заповед од кесарот Август да се попише сиот народ во римското царство. Повеќе... |
Додека св. Арсениј носел облека во злато исткаена во царскиот двор, никој не го нарекувал Велики. Велики го нарекле тогаш кога безобѕирно целиот се предал во служба на Бога и се облекол во партали.
Покрај тоа што духовно разубавува, внатрешната убавина на душата и надворешно го осветува човекот, Божествената благодат го издава. Таа ги осветува и ги прави убави дури и парталавите алишта што ги носи облагодатениот човек Божји.
Но, Го распнале токму затоа што Он ја изобличувал нивната религиозност како лажна религиозност или, кажано со нашиот современ јазик, ги изобличил нив заради превратувањето на религијата имено во идеологија. Зашто целата смисла на конфликтот меѓу Христос и оние што Го распнале, се сведувал на едно. Он, Христос, го поставил човекот над сè друго, го направил него, и само него, предмет на љубовта, предмет на апсолутно внимание.
Факт е дека многу грешиме и никогаш не можеме да бидеме сигурни дали нашите гревови се простени или не. Затоа, пред почетокот на непрестајната молитва, пред отворањето на директен и јасен пат кон Бог, правилно е да се турка во сите врати. Впрочем, не знаеме која од нив ќе се отвори. Но, искуството на животот потврдува дека често се отвара онаа вратата за која ти не си размислувал.
Еве еден вечно жив и актуелен евангелски пример како човек, иако имајќи само почетна и несовршена вера, од преголема желба и копнеж да Го види Господ или да провери дали е Он, може да се откаже од својата човечка слава, знаејќи дека со својата постапка ќе изгледа смешен, или дури и споулавен, во очите на целата јавност ..
Споменот на праведникот е со пофалбите, а тебе ти е доволно и сведоштвото на Господа, Претечо, оти навистина се покажа најпочитуван меѓу пророците, бидејќи се удостои да Го крстиш во водите Оној за Когошто тие проповедаа. Затоа, откако пострада за вистината радувајќи се, и на оние во адот им Го благовести Бога Кој се јави во тело, Кој го зема гревот на светот и ни дарува милост голема.
Значи, капењето е мал подвиг, мал чин на самопожртвуваност, што го правиме заради смирение. Да го смириш телото - и духот ќе ја најде слободата. Поздрав до сите што дојдоа кај Бога во едноставност и се потопија во водите на животот осветени од Господ. Тие, како што пишува во Светото Писмо, добиваат "повеќе отколку што даваат ..."
Гревот, кој се обидувал да ја разруши Божјата промисла за светот и за луѓето, гревот, кој бил движен од ѓаволската сила, не успеал да победи! Не успеал, затоа што Христос, Синот Божји, постанал и Син Човечки, и однел победа над гревот, односно над злото. Господ Исус Христос Својот животен пат го поминал во целосно општење со Бог Отецот. Во целосно соединување на Својата со волјата на Божја...
На 19 јануари 2018 година, кога Црквата го слави Крштението Господово – Богојавление, во соборниот храм на Свети Димитриј во Крива Паланка, митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф служеше света Златоустова Литургија. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни. После Литургијата беше извршен Голем Богојавленски водосвет.
Оние пак, што ја оправдуваат својата злоба со божемно поправање на другите, а не на самите себеси, или со тоа што на светот му ги објавуваат црковните состојби и нешта, што не е во ред да ги обзнануваат, барајќи оправдување во она “Кажи ѝ на Црквата” (Мт. 17, 18) најпрво нека си ја уредат својата мала Црква - своето семејство или братство. Тогаш нека ја срамотат и Мајката Црква.
Исаија говориː Измијте се, очистете се, лукавствата пред Господа оставете ги; вие жедните, појдете за жива вода, зашто Христос поросува со вода, обновувајќи ги оние што Му пристапуваат со вера и со Духот за вечен живот ги крштава.
Пророче, дојди при Мене, простри ја раката и веднаш крсти Ме.
За да бидеме посилни, треба да помниме дека постојано нѐ очекуваат неочекувани разочарувања, маки кои не можеме да ги предвидиме, страданија, таги што како бура ќе ја снајдат нашата душа, но да сме свесни за неочекуваната радост што како на крилја ќе нѐ вознесе на небо… Страдањето ниско ја наведнува човековата глава, за да може човекот преку него да го познае претстојниот мир и да зајакне.
Ако го доживееме Богојавлението одвнатре, ќе Го видиме Господа насекаде околу нас. Псалмопевецот вели „Небесата ја објавуваат славата на Бога, а за делата на рацете Негови возвестува сводот небески“ (Пс. 18,1). Ако начуеме одвнатре, јасно ќе видиме што лежи однадвор. Сетилата се ослободени и светската бучава ја губи својата сила врз нашите умови и срца, та Господ може да се открие Себеси пред нас сѐ повеќе и повеќе.
Преподобен Серафим Саровски после Светата Тајна Исповед, на поклониците кои доаѓале во неговиот манастир, секогаш им давал да вкусат чаша света богојавленска вода.
Преподобен Амвросиј Оптински на еден човек кој бил на смртна постела, му испратил шише со света вода – и наизлечливата болест, била излекувана.
Во рајот нема да одиме со вратоврска. Ги гледате светителите? Кој отиде со неговата човечка мудрост во рајот? Еден без глава, друг без раце, трет без нозе, сиромашни, наклеветени, болни… Тесен е патот кој оди кон широчината на рајот, како што вели пророкот Давид: „Во маката моја дај ми простор“ (Псал. 4,1).
Но задолжително треба да бидат известени дека Богојавленскиот водосвет не ја заменува Божествената причест со Телото и Крвта Христови,
за која треба со покајание да се подготват, за да се ослободат од пречките на гревот,
та да се удостојат поскоро да се причестат.
На 18 јануари 2018 година, во навечерието на Богојавление, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф служеше света Василиева Литургија во храмот на свети Мина во Куманово. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни. После Литургијата беше извршен Голем Богојавленски водосвет.
Kако што Фотина, жената Самарјанка, која разговарала со нашиот Господ и Го молела да ѝ даде „вода жива“: „Господи дај ми таква вода за да не ожеднувам“ и ние сега Го молиме Бога, преку зборовите во чинот на Осветувањето: „Освети ме мене и водите, Спасителу, Ти, Кој го земаш гревот на светот“.
На 18. јануари, ден пред празникот на Крштението на Господ Исус Христос во реката Јордан – Богојавление, Црквата се подготвува за големото торжество што ја очекува следниот ден. Затоа, поради важноста на јавувањето на Света Троица во водите јордански, овој ден е наречен Навечерие на Богојавление (на мак. Водокрст, Водопост), и за него е определен еднодневен пост,
На 18.01.2018 година, Водопост, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во храмот „Пресвета Богородица“ во Тетово, служеше Света Василиева литургија со вечерна богослужба, во сослужение на повеќе свештенослужители од Тетовското архиерејско намесништво. Верниот народ се причести со Светите Христови тајни.