Oдам да трчам сабајле во шума ... и ништо ново... Во понеделник е депонија околу секоја масичка,клупа, летниковец, висат кеси со ѓубре на дрвја ... какво богатство имаме, а нас ни е мало...не го цениме, не го чуваме тоа што го имаме, а имаме многу... какви зеленила, а ние со ѓубре сакаме да ги покриеме... какви раскошни дрвја, ние со ѓубре им ги украсуваме гранките...
Па дома кога јадат чипс и пијат кока кола, на теписон ли ги фрлаат отпадоците...
Пелени, улошки, кондоми.... фрлаат ли по ќошиња во станот каде нема да се гледаат директ...
Бреј што некултура има во нас...
Кога ќе чујам некоја баба како му вика на внучето фрли го повнатре ѓубрето да не се гледа тука на патот... а од повнатре не ли и пречи на природата, на некој друг што таму сака да му биде убаво, нели му пречи...
Не можам да верувам - каде се не стигна човекот во цел свој напредок... а во културата - до никаде...
користење на јавен или пак заеднички тоалет во болница - па да се згрозиш, да ти се повраќа што си човек... бре животните знаат дека не смеат сегде да мочаат низ стан, а овие луѓе бре, ќе речеш, ама џабе - само така си се викаме...
WC шолја има - мочаат на плочки ... и дома ли така прават, се прашувам?!
Како не им е срам да напуштат тоалет во неред во кој не го затекнале... па стварно е срамота, луѓе да се наречеме, а што правиме ?! ...
А од надвор ги гледаш дотерани, нашминкани, напарфемирани... а во пошироката надворешност - хаос... безредие... страшно... грозно...
Денес било ден на планетата Земја, а ден на будење за културата на однесување кога ќе ни биде?!
ФБ страна на: Радмила Јанчевска
23.04.2018 г.