Скопје,15.04.2018 год.- Соборен храм на св. Климент Охридски
На денешен ден (15.04.2018 год.) во нашата света, соборна и апостолска Цркви се прославува:
- Преподобен Тит Чудотворец
- Светите маченици Амфијан и Едесија
Денес, на 15-ти април 2018 година, во Соборниот храм на св. Климент Охридски, презвитер Зоран Пецовски во сослужение на ѓаконот Александар Димитријов отслужи Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
А Исус им одговараше: „Мојот Отец досега работи, и Јас работам.” Затоа Јудејците уште повеќе сакаа да Го убијат, оти не само што ја нарушуваше саботата, туку и Бога Го наречуваше Свој Отец, правејќи се еднаков со Бога. А Исус им одговори на тоа и рече: „Вистина, вистина ви велам: Синот не може да прави ништо Сам од Себе, ако не Го види Отецот да прави; оти, она што го прави Он, тоа исто го прави и Синот. Зашто, Отецот Го сака Својот Син и Му покажува сè што прави Сам; и ќе Му покаже дела поголеми од овие, за да се чудите вие. Оти, како што Отецот воскреснува од мртви и оживува, така и Синот ги оживува оние, кои што сака. Отецот не суди никого, но целиот суд Му го предаде на Синот; та сите да Го почитуваат Синот, како што Го почитуваат Отецот. Кој не Го почитува Синот, тој не Го почитува ни Отецот, Кој што Го пратил. „Вистина, вистина ви велам: кој го слуша словото Мое и верува во Оној, Кој Ме пратил, има живот вечен и нема да дојде на суд, а преминал од смрт во живот.
Сeoпфатeн e нашиoт прeславeн Гoспoд, какo сo Свoјата видoвита мисла, бидeјќи мисли за ситe и глeда сè oд жeна рoдeни, и над грoбoвитe и вo грoбoвитe; така и сo Свoјата љубoв, бидeјќи ги прeгрнува душитe на правeдницитe, бeз oбѕир кoe врeмe или мeстo ги криe; истo така и сo Свoјoт труд, бидeјќи сe труди за ситe нив, ситe да ги oслoбoди, да ги спаси, да ги вoвeдe вo царствoтo и да ги прoслави прeд лицeтo на Свoјoт Oтeц Нeбeсeн, Свeтиoт и Живoтвoрeн Дух и бeзбрoјнитe свeти ангeли. Гoспoди, на Тeбe слава и вeчна пoфалба. Амин.
Преминпортал (к.т.)
Друго: