логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

„Денес сета твар се весели и радува“, „денес празнува сета вселена!“ Шепотот на Ангелот во празниот Гроб на Голгота, упатен до жените Мироносици: Не бојте се! Вие Го барате Исуса Назареецот, Распнатиот. Он воскресна, не е овде (Мк. 16,6) – денес како вик на најблескава победа, торжествено се пренесува по сите краишта на небото и на земјата. При Голгота, на Крстот Христов, се случила најсудбоносната средба од сите времиња: средбата на смртта и Животот. Со Своето сеславно Воскресение, Животот – нашиот Господ Исус Христос, го порази врховниот наш непријател, смртта и ни подари живот. Денес Христос ви вели: „Јас воскреснав за да имате живот вечен и да имате изобилие на радоста“ (сп. Јн. 10,10). А векови пред оваа чудесна пасхална вечер, вдахновениот од Светиот Дух тајновидец, пророк Осија, ја предвидел оваа преславна победа и во пасхален занес извикал: Каде ти, смрт, осилото? Каде тие, аду, победата? (Ос. 13,14).


Целосно оддадена на овој победнички и сепразничен занес, Бигорската Обител, озарена од Благодатниот оган, во ова ноќеденство беше вистинско средоточие на радост и пасхално свештенолепие. Истиот тој занес на осмиот, нечерниот Ден на Воскресението, го вдахнови нашиот Старец, Архимандрит Партениј, да ни го испрати од срцето своето пасхално послание:



или мои, се собравме во ова сесвештено утро, за со воскресенска радост да го прославиме „овој наречен и свет Ден, прв од седмицата, цар и господар; Празник над празниците и торжество над торжествата“ – како што пее денес сета православна екумена. Воскресението Христово е темел, суштина на нашата богооткриена вера. Доколку се замислиме подобро, нашето суштествување би било незамисливо без Христовата победа над смртта. Лесно е да заклучиме дека човекот не може да се помири со егоизмот, со страстите, со гревот, најпосле и со смртта. Тие не го прават внатрешно спокоен и среќен, а напротив – го збунуваат, обеспокојуваат и плашат. Затоа човекот, од длабината на душата, бара некаква промена на состојбата во која се наоѓа, некаков премин од тоа бедно положение, во друго, поубаво, порадосно. Да се изразам со библиски речник: човекот бара Пасха.

Во Стариот Завет, празникот на чудесното преминување на Црвеното Море се нарекувал Pesah, што во превод од старохебрејски значи ‘премин’. Тој бил најголемиот празник за древниот Израил, празник во кој сите, со благодарност и жртвоприношение, си споменувале за Божјото избавување од Египетското ропство. Во духовна смисла, секој човек има есенцијална потреба за ослободување од тиранијата на злото во светот и предимно во себеси, како и бегство од црната прегратка на смртта. Затоа и сите религии, философии, морални системи и идеологии целат кон тоа, да најдат подобар начин на живот, да го најдат правилниот пат, кој води до премин во некое безбедно и задоволително состојание. Сите тие, можеби донекаде го успокоиле човекот, макар и симулативно и привидно. Меѓутоа, во никој случај не нашле вистинско решение за најголемиот проблем којшто безмилосно го оковал човекот – смртта.

Единствениот Кој извршил премин од смрт кон живот е Христос. Тоа е несоборлив факт кој скоро две илјади години му светли на сето човештво, со зраците од избавителната пасхална светлина на славно Воскреснатиот. Исус Назареецот, Распнатиот, Богочовекот Кој воскресна и веќе не е овде во гробот (Мк. 16,6), е вистинската наша Пасха, „Пасха свештена, Пасха нова света, Пасха таинствена… Пасха која дверите рајски ни ги отвора, Пасха која ги осветува сите верни“. Он е вистинскиот премин на човекот од смрт кон живот; Он е нашиот Цар и Првосвештеник. И нема друг вожд кон воскресението освен Христос, Кој доброволно, како Човек вкуси смрт и самовласно, како Бог воскресна. Во Стариот Завет, Мојсеј, предназначен од Бога да биде пророк и водич, ги преминал Евреите, со големо Божјо чудо, преку Црвеното Море, за да ја избегнат смртта од фараонот. И кога ги довел до ветената земја, тој се искачил на планината Нево, на врвот Фазга, спроти Јерихон и оттаму Бог му ја покажал сета земја што беше им ја ветил на синовите Израилеви. Претходно, пак, Господ му го јавил на Мојсеја најголемото пророштво за неговиот народ, пророштво коешто ги надминува сите други, вклучително и тоа за ветената земја: Јас ќе им издигнам Пророк од браќата нивни, каков што си ти, ќе ги ставам зборовите Мои во устата Негова и Он ќе им каже сè, што Јас ќе Му заповедам (5 Мојс. 18,18); На никого друг не би можеле да се однесуваат овие пророчки зборови, освен на Самото Слово Божјо, бидејќи доколку не се јавеше таков Водач, Кој би можел да ги преброди и гробот и смртта, тогаш попусто би било од какви-годе други водачи, пророци, судии и цареви. Сите други ѝ подлегнале на смртта, како на крајна одредница. А Христос, иако сето зло на овој свет надвиснало над Него, Го распнало и Го затворило в гроб, сепак победоносно востанал. Он „легна како мртов лав, но како младо, силно лавче воскресна“. Не беше можно за силите на мракот да Го поразат Жизнотворецот и Жизнодавецот. Неговата сеспасителна пасхална светлина дваесет века ја грее со животворни зраци севкупната твар.

Некој можеби ќе се запраша што има заедничко овој свет со радоста на Воскресението? Втонат во страшен мрак на страсти, на спротивставености, на омраза, на меѓусебни истребувања, се чини како светот да не наоѓа место за Богочовекот Христос. Впрочем, овој свет и Го распна Христос. Но токму со тоа доброволно Свое Распетие, Синот Божји го освои светот, задржувајќи го цврсто во љубовната прегратка од Крстот. Изговореното оттаму: Оче, прости им, оти не знаат што прават! (Лк. 23,34) беше Неговиот светлозарен пробив низ темнината на омразата. Он докажа дека донесе спасение за сите, се распна и за Своите распнувачи. Неговата љубов, како несопирлив вруток, се излева на сите: и на оние кои се трудат праведно да живеат, но и на тие што прекумерно грешат, блудствуваат, што се оддале на современите пороци и зависности, па дури и на оние што се исполнети со омраза и завист.

Пораката од Крстот и Воскресението е упатена кон сите. Меѓутоа, единствено верните, кои својот живот го засноваат на таинствениот настан на Воскресението Господово, можат вистински и да го почувствуваат, да ја апсорбираат полнотата на радоста од него. Воскресенската радост нема магиски характер, не е нешто што ни се дава само за една ноќ. Пасхалното радование е реалност што се живее. Оние коишто преку подвигот на љубовта постанале пријатели Христови, го живеат Воскресението секоја недела, но и на секоја Литургија, којашто во суштина е објава и мистично доживување на пасхалното собитие. Спротивно на синовите од овој век – коишто во борбата за своите цели, па дури и во битката против злото, распнуваат други луѓе – овие деца Божји се распнуваат себеси за своите ближни, ги приковуваат на крстот на подвигот својот егоизам и страсти. Ете, токму тие се олицетворение, присуство на Христовата воскресна светлина во светот. Тие се и противтежа на сета поднебесна злоба, којашто очајно се обидува да ја побие вистината на славно испразнетиот Гроб на Голгота.

Но, мили мои, Христос навистина воскресна од Гробот и му подари неизмерна радост и светлина на овој свет. Наше останува да избереме дали ќе го прифатиме животот на воскресение. Да не дозволиме да се уподобиме на помрачениот свет од Велики Петок, кога при Распетието на Господа, настана мрак по целата земја, од шестиот до деветтиот час (Лк. 23,44). Надвор од Христа, светот е темнина, бездна на очајот и на пропадливоста. Затоа, да ги отвориме нашите срца и да се зарадуваме во „оваа спасителна и светлозарна ноќ, на светлоносниот ден на Воскресението – предвозвесница“, да Го воспееме Христа Воскреснатиот, Кој нѐ повикува да бидеме Негови пријатели, за да ни го дарува најскапоценото – живот вечен и неизмерна радост. И да не забораваме дека таа радост не е од овој свет и следствено, не е минлива како световното, туку продолжува и во вечноста.

Ви благодарам многу што сте во толкав број денес, за радост на Христа – нашето „вечно веселие“, за радост и на духовите на нашите отци, браќа и сестри коишто живееле и се упокоиле крстовоскресно, најпосле и за радост на ангелските чинови на небесата, коишто сега нѐ повикуваат, „со чисти срца“ да го славиме сесветлото Христово Воскресение.

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ПОВЕЌЕ

Извор: Бигорски манастир

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Божествена Литургија со монашење во манастирот „Пресвета Богородица Елеуса“ во Велјуса.

Божествена Литургија со монашење во манастирот „Пресвета Богородица Елеуса“ во Велјуса.

Во деновиве во кои, согласно светите Канони, се причестуваме секој ден, сакам да ве потсетам на една димензија од оваа Света Тајна која како да е малку подзаборавена. Сите знаеме...

БEСEДА за ужасoт на прирoдата при смртта на Гoспoда

БEСEДА за ужасoт на прирoдата при смртта на Гoспoда

И зeмјата сe затрeсe и карпи паднаа (Мт. 27:51). O какoв страшeн укoр на луѓeтo! И мртвата прирoда Гo пoзнала Oнoј Кoгo луѓeтo нe мoжeлe да Гo пoзнаат. Сeта нeма...

 Митрополит Струмички Наум : Потешко ни беше да бегаме

Митрополит Струмички Наум : Потешко ни беше да бегаме

Некаде, некој има убаво кажано дека колку повеќе се доближуваме до Голгота, следејќи Го верно Христос, толку помалку луѓе (духовни чеда, пријатели) гледаме околу нас. Но, ништо чудно. Знаеме и...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

презвитер Горан Стојчевски: ЛИТУРГИЈАТА – ДВИЖЕЧКАТА СИЛА НА СВЕТОТ

презвитер Горан Стојчевски: ЛИТУРГИЈАТА – ДВИЖЕЧКАТА СИЛА НА СВЕТОТ

„Благодарење. Тајна што не требаше да остане толку тајна. Непроценлив дар, незаслужен. Дело Христово во кое постојано се учествува иако само еднаш се случи. Соборно сведоштво во личен подвиг подготвено....

БEСEДА  за пoмирувањeтo на лoшитe заради злoтo

БEСEДА за пoмирувањeтo на лoшитe заради злoтo

И дeнeс мeѓусeбнитe прoтивници сe пoмируваат кoга трeба да сe нападнe и да сe oсуди Гoспoд. Има мнoгу кoи сe кoлат пoмeѓу сeбe дoдeка нe им гo спoмнeтe имeтo Гoспoдoвo....

БEСEДА  за наслeдникoт и за рoбoт

БEСEДА за наслeдникoт и за рoбoт

Зoштo дoјдe Христoс на Зeмјата, браќа? Да нè направи пoдoбри oд рoбoвитe, да ни дадe правo какo синoви и дoлжнoст какo гoспoдари. Правo на синoвитe e сo имeтo Христoвo да...

БEСEДА за oбјавeнитe тајни

БEСEДА за oбјавeнитe тајни

Злoстoрник станува oнoј чoвeк кoј ќe пoвeрува дeка дeлата чoвeчки мoжат да сe скријат. Така мислeлe и eврeјскитe старeшини кoи вo тајнoст гo пoдгoтвуваа свoeтo злoстoрствo над Христа Гoспoда, тајнo...

« »

Православен календар

 

25/04/2025 - петок

 Источен петок – Балаклија; Преподобен Исаак Сирин II (Исаак Сирин I се празнува на 28 јануари); Свети Василиј Исповедник; Преподобен Акакиј; Преподобна Атанасија;

 

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 25 април/12 април  2025

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 25 април/12 април 2025

Василие, преподобен оче наш,верата во Христа ти ја сочува,иако велијар во безумие кон тебе поита,стадото Христово по твоите молитви Господ...

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски  24 април/11 април  2025

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 24 април/11 април 2025

Велик те направи Спасителот тебе Антипопомеѓу ѕвездите небесни,и возвишено стана името твое во Црквата,на која како семе одбрано и послужии...

Тропар на св. Христови мач.Терентиј, Африкан, Максим, Помпиј, Зинон, Александар, Теодор, и др.33 со нив 23 април/10 април  2025

Тропар на св. Христови мач.Терентиј, Африкан, Максим, Помпиј, Зинон, Александар, Теодор, и др.33 со нив 23 април/10 април 2025

Рахила плачеше по своите деца,о свети пустињаци од дванаесетте манастири,а ние денес се радуваме на вашите венци невенливи,ангел Господов свитата...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная