Празнина
Се наоѓа во мојата рамнина
Со прст ја покажувам
А не е во далечина –
Нејзината големина да ја доловам.
Подај рака за разделба
Веднаш ќе притрча неуморна,
Покажи желба за спогодба
Нема да те остави на мира.
Место покрај срцето
На кое не расти житото
Иако не е предмет на продажба
Мирно седи во ложата.
Има ли полнота, исполнетост
Кои ќе ја земат неа за невеста
Или постои неразговетност
Не се знае кој јазик го зборува.
Сепак виистинско лице покажа
Иако ништо не докажа
Сам човек ја створи во себе
Едино тоа може да го направи од себе.
Едно својство има празнината
Ако не се лечи
Се претвора во пустина
Која пред човекот клечи –
Постојано се проширува.
Исполни ја оваа подмолна ширина
Барем со копнеж по љубов немирна
Па да стигнеш до лекот небесен
Кој рани залекува – иако невесел.
А кога дознаеш – па узнаеш
Љубов ке најдеш копнежна
Венчаница ќе носи надежна
Вера во себе ќе познаеш.
Ќе има крила на гулабица
Избриши солзи од оставеност
Нема повеќе празнина
Место завзеде – исполнетост
Од богољубивата поезија „Манастирски води“ на сестринството од Слепченскиот Претеченски манастир
Друго:
17- ми април 2018 лето Господово
ПП