На Литургијата, по покана на Архиепископот, чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, а во сослужение со свештенослужители од Соборниот храм, како и со протопрезвитер-ставрофор Петар Лукиќ и протоѓакон Радомир Перчевиќ од Српската Православна Црква.
Да научиме вистински да живееме во Црквата. Со звукот на камбаните, со темјанот и свеќите, со коленопреклонувањата и бденијата, со постите и празниците, со радосната тага и покајанието, со духовните песни и тивките молитви. Во Црквата коегзистираме блудници и девственици,
Свети Јаков беше син на праведниот Јосиф, свршеникот на Пречиста Дева. Од својата младост го беше засакал строгиот живот и никогаш не јадел маст ни зејтин, ниту употребувал разни јадења. Живеел само на леб и вода. Исто така никогаш не пиел ни вино, ниту некаков друг пијалок.
“Гледаме дека богатиот нема име, а сиромавиот има – Лазар, односно гледаме дека првиот нема личносен однос со Бог, а вториот има. Гледаме дека преку себичните уживања од овој свет се стигнува до пеколот, а дека преку трпењето на страдањата со благодарност се стигнува до Рајот.
-Андреј, каде си? Тој му одговори: -Во мрак и сенка смртна (Пс. 87, 7). Тогаш момчето го допре со расцветаната гранка Андреовото лице и рече: - Прими го оживувањето на своето тело. Свети Андреј го помириса тоа цвеќе. Неговиот мирис веднаш му се разлеа во срцето и целото тело за миг му се стопли и оживеа. Потоа слушна глас, кој говореше:
Богочовекот сака да ја покаже токму таа разлика со прашањето до Своите ученици, и тоа додека биле со Него насамо – од што се гледа посебниот однос: „А вие, за кого Ме мислите?“, и токму за да го предизвика одговорот на Петар, што очигледно произлегува од опитот на посебна лична заедница со Бог и ја потврдува истата: „За Христа Божји“.
"Единствено нашите волни и неволни страдања, кои со смирение и благодарност ги трпиме заради заедницата со Богочовекот Исус Христос, се Крст Христов; сите други страдања остануваат без своја смисла.
Одрекувањето од себе го покажува првиот степен од духовниот развој – чистење на срцето од страстите.
Великиот меѓу архиепископите на славната Охридска Архиепископија – светиот Константин Кавасила е вистинска пофалба и украс, не само на градот крај белото езеро, туку и на Православната Црква ширум вселената. Неговиот животен пат е специфичен по многу нешта.
Некои луѓе мирисаат на Бога.
Не знам дали ти се случило, но кога ќе им се приближиш
чувствуваш дека тука нешто се случува.
Нешто излегува од овие луѓе;
некоја сила, радост, благодат, светлина.
Откако стана епископ на Црквата и замина по белиот европски свет да ги собере сите Македонци, кои покрај куферите со себе ја понеле и верата во Христа Бога, за заедно да се молат на Бога во наши храмови и да Му благодарат на Христа Бога за сето тоа, отец Пимен повторно и повторно го бара и го сонува параклисот, и така секоја година.
Откако поверува во Господ, Св. Лука беше вбројан меѓу Седумдесеттемина апостоли и пратен на проповед. Заедно со Клеопа Го виде воскреснат Господ на патот за Емаус (Лука 24). По слегувањето на Светиот Дух на апостолите, Лука се врати во Антиохија и таму му стана сотрудник на Св. апостол Павле со когошто патуваше во Рим, обраќајќи ги во Христовата вера Евреите и незнабожците.
Штом послушниот монах пристигна до реката и виде дека е поплавена, веднаш сфати дека не е можно да се помине. Затоа клекна и почна со солзи во очите, но со затворени усни да се моли. Кога завршил со молитвата, се појавил еден крокодил кој застанал пред него. Тогаш монахот се качил на крокодилот и од него бил пренесен на другата страна од реката.
Сведоци Христови можат да бидат само оние кои ги чуле Неговите зборови, ги спровеле во дело и останале со Него докрај – и тогаш и денес. Клучно е претрпувањето докрај – со Него, само тоа се важи. Инаку, многу е битно на почеток, за еден духовен водач, да се посвети и да оспособи мал број, но добри ученици; како Богочовекот Исус Христос што ги собра само дванаесетте Апостоли.
Светот отсекогаш сакал да ги отстрани, на крај и да ги убие Божјите луѓе и пророци, а Бог со генерации ги негувал Своите светии, за на крај да добиеме плодови како Божјата Мајка – Пресветата Богородица и Секогашдева Марија, и светиот Јован Пророк и Крстител Господов. Светот сакал да ги запознае со цел да ги уништи светите луѓе:
Што да каже човек за жената од евангелието што го слушнавме, освен да заплаче – размислувајќи за она што таа го направи, и да се помоли Господ Христос да ни подари барем нешто од нејзинaта љубов кон Него. Пред средбата со Богочовекот Христос, Евангелието сведочи за неа дека е грешница.
Затоа, да имаме целосна доверба во Бога. Она што Он го допушта да го примаме.
За жал, и ние имаме огламници како и коњите. Немаме приближување кон нештата со набљудување. Бог сѐ знае, сегашноста, минатото и иднината. Знае што ни е од полза, а што не. Соодветно и ни дава. Затоа, да не негодуваме. Тоа што ни го дава да го примаме – болест, сиромаштија, што и да е тоа!
„Пристапија и Го разбудија, говорејќи: ’Наставниче, Наставниче, загинуваме!‘ А Он, штом се разбуди, им забрани на ветрот и на брановите; и тие се смирија и настана тишина.“ Еве што значи збор (слово) во сила. Богочовекот Христос кажа само збор и природните стихии се смирија. Божјиот збор, т.е. зборот во сила е извршен: