Почитувани браќа и сестри во Христа, за да не дојде до погрешно информирање на јавноста по повод канонизацијата на Светата преподобномаченичка Стефанида, наскоро ќе се објави Соопштение на Одборот за канонизација на Светата преподобномаченичка Стефанида.
Моштите на Светата Стефанида Битолско-Скадарска се наоѓаат во Слепченскиот Манастир чие Сестринство ја сотвори службата и акатистот на Светителката, како и истражувачка книга за нејзиниот живот и духовни подвизи. Оваа книга се работеше последните три години и на радост на сите наскоро ќе биде објавена заедно со нејзината икона и славословие.
Затоа, Ве молиме да не објавувате непроверени информации за Светата Стефанида, како не би дошле Вие, а и другите да ги доведете во забуна.
Светата Православна Црква ќе се собере на едно место, во едно време, на 29 и 30 јуни 2024 година, како би заблагодарила и воздала слава на Бога Троичниот, Кој ни ја испрати молитвеноста и застапништвото пред Него во лицето на Светата преподобномаченичка Стефанида Битолско–Скaдарска.
Сестринството на Манастирот Св. Јован Претеча Слепче