Архимандрит Андреј Конанос: Вoздвижение на Чесниот Крст Господен – II дел
Ако те натераат да решиш некоја равенка, за неколку минути ќе заборавиш како се прави тоа. Ако си ученик и те прашаат за лекцијата, која ти ја предавале пред неколку дена, ти нема да ја паметиш. Ти кој имаш толку мал, оскуден, немоќен, ограничен ум, сега сакаш да го разбереш недостижното, да ги разбереш тајните, да го разбереш тоа што не можеш да го разбереш.