логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Мир на твојата душа…!

Зошто така паѓаш со духот? Каде е твојата вера? Зар Господ не ветуваше дека ќе му даде сè што е неопходно на секого кој го бара Божјото Царство и Неговата правдина! Преиспитувај се себеси – дали ти е својствено таквото барање, имаш ли вера во животот по смртта, веруваш ли во учењето на Светата Православна Црква, поточно во учењето на Самиот Господ дека секој ќе ја добие својата плата по смртта, според верата и делата свои?

Веруваш ли во Господовите зборови дека ни влакно од главата не паѓа без волја на Отецот Небесен? Ако веруваш во тоа, ако притоа веруваш дека Господ толку го засакал светот, што Го дал Својот Син, та секој што верува во Него нема да загине, дека Го дал да биде на потсмев и распетие. Тогаш треба без негодување потполно да се предадеш во Божјите раце и да плачеш не поради губење на положбата, туку поради тоа што на Божјата љубов ние одговараме со негодување, маловерие, нетрпение и секакво нарушување на Неговите заповеди.

Зар Самиот Господ не рече дека оној кој (Тој) го љуби, него и го казнува и преку маките го отргнува од земја – за да ни олесни да го „имаме срцето горе“ не само за време на Литургија, туку засекогаш. Зар ние имаме право да Му диктираме на Господ што треба Тој да прави со нас! Ако веќе треба да се покоруваме на Господа, тогаш да престанеме да негодуваме и да плачеме за работите од овој свет, но да ги оплакуваме своите гревови – т.е. постојаното нарушувањето на Божјите заповеди, навредите кои ги нанесуваме на Господа со своето маловерие, преку неверување во Неговите зборови и бесчувствителноста наша кон Неговата љубов. Ако, пак, не ги гледаме своите гревови, а плачеме двојно или тројно повеќе, тоа значи дека нашата душа подивела и дека се помрачила и ги изгубила здравите внатрешни очи.

Да Го молиме Господ со големи метании: „Дај ми да ги видам своите прегрешенија“. И кога ќе се очистиме со покајание, ќе видиме дека маките кои ни се праќаат се всушност – јавување на Господовата милост и љубов кон нас, и ќе видиме дека тие ни се повеќе потребни отколку сите земни блага. Единствената во целиот човечки род, почесната од Херувимите и неспоредливо пославната од Серафимите, Мајката на нашиот Господ, претрпела такви жалости, според кои и најголемите твои жалости не се ништо. Притоа, Господ не допушта било какви искушенија и маки над човечките сили. Ти сè уште не си се борела до крај, а ако воопшто си се борела против ѓаволот, не си ги навредувала ближните спротивно на своите страсти, зар не си била груба кон нив, зар не си зборувала напразно, итн. и итн? Завиткај го сиот свој живот со молитва, покај се за сè претходно, искрено, со солзи; дај Му ветување на Господ дека сите сили ќе ги вложиш во борба со гревот, во исполнување на Неговите свети заповеди, потруди се во тоа и набрзо ќе ја видиш Божјата милост кон тебе, и ќе Му благодариш на Господ за испратените неволји. Смирувај се пред Бога и пред луѓето.

Ако не се трудиш да работиш на ова, туку почнеш да грешиш и паѓаш со духот, тогаш без негодување, трпи ги испратените маки, и говори заедно со благоразумниот разбојник: „По делата свои ќе примам“.

Не очајувај, трпи пред Господа, плачи поради своите гревови, поради своето маловерие, поради неверието во Промислата Божја за нас и Господ ќе те утеши.

Прости ми, помоли се за мене. Господ нека те благослови, поучи и утеши.


Извадок од книгата: Игумен Никон Воробјов, Со трпение спасувајте ги своите души, Скопје 2001, стр. 58-59

Извор: Бигорски манастир

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3130
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7604
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

17/11/2024 - недела

Преп. Јоаникиј Велики; Св. свештеномаченик Никандар, епископ Мирски и Ермеј презвитерот;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Галактион и Епистима 5 ноември / 18 ноември 2024

Тропар на светите Христови маченици Галактион и Епистима 5 ноември / 18 ноември 2024

Вера имајќи повредна од животот земен,дарувана ви беше о Галактионе и Епистимо, времето дадено за преумување мудро го употребивте поучени...

Тропар на преподобниот Христов подвижник Јоаникиј Велики 4 ноември / 17 ноември 2024

Тропар на преподобниот Христов подвижник Јоаникиј Велики 4 ноември / 17 ноември 2024

Јоаникие оче наш преподобен, Тебе на кого надеж ти е Отецот,  прибежиште Синот, а покров Духот Свети,  моли се о ти...

Тропар на светиот Христов Победоносец Георгиј 3 ноември / 16 ноември 2024

Тропар на светиот Христов Победоносец Георгиј 3 ноември / 16 ноември 2024

Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните,помошник на владетелите,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная