ШТО ЌЕ НИ КАЖЕТЕ ЗА ВЕРНИЦИТЕ КОИ ДОАЃААТ ВО МАНАСТИРИТЕ
Да знаете дека верниците не доаѓаат во манастирите поради нас, туку поради својата чиста вера дека во манастирите има повеќе вера и дека животот на монасите е повеќе побожен. Јас така мислам: дека Бог не ги држи манастирите поради нас монасите, бидејки сме грешни, туку ги држи поради верата на христољубивите верници.
Православниот народ е златен народ! Верниците мирјани се подобри од нас!
Поради тоа имаме голема должност да не ги соблазнуваме во нивната вера и да се жртвуваме за нив.
Светиот апостол Павле вели:
Никој да не го бара своето, и на друго место вели:
Станав роб на сите, та повеќето од нив да ги придобијам (1.Кор.9,19).
А свети Ефрем Сирин вели:
Секое парче откинато од тебе нека биде за корист на ближниот.
Тие душевно имаат корист од нас, од службите, кои се творат по манастирите, од пеењето, од советите на свештениците, од исповедувањето, од благословите, од молитвите, бидејки не ги даваме од себе, туку од она што ни го дава Бог. Ние, пак, монасите, душевно имаме корист од нивната чиста вера, од нивната љубов, од нивната искреност, од нивното трпение, смирение и послушание.
Такви се нашите манастири: отворени за сите, а особено за нашите верници од градовите и селата. И, како што знаеме, тие од секогаш биле такви.Та дури и испосниците од шумите и пештерите, примаа верници при своите ќелии, на кои им даваа совети и се молеа за нив, та и до нив стигнуваше парчето леб од нашите добри христијани.
А свети Јован Лествичник вели:
Ако видиш чудеса кај мирјаните, знај дека не поради тебе, туку поради нивната вера се покажани тие чудеса!
СТАРЕЦ КЛЕОПА
(Преземен текст од "ПравославноСлово")
Подготви: Снежана Корнет