логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Да бевте од овој свет, тогаш светот ќе го љубеше своето; но бидејќи не сте од светот, туку Јас ве избрав од светот – затоа светот и ве мрази. Помнете ги зборовите што ви ги реков Јас: ниеден слуга не е поголем од својот господар. Ако Мене Ме гонеа, и вас ќе ве гонат; ако Моите зборови ги запазеа, и вашите ќе ги запазат. (Јован 15, 19-20)

 

Вака му рече устата Господова на своето мало стадо, кога ги повика да Го следат, запечатувајќи го законот на љубовта во нивните срца. Среде тоа мноштво на сјајни духовни ѕвезди, блеска со својот свет пример големиот ни заштитник и Победоносец Георгиј. Затоа денес Црквата нѐ повикува да се собереме во храмот и таму да сплетеме раскошен венец, со кој ќе го крунисаме овој славен херој на нашата вера. А нема поубав венец и нема пораскошно цвеќе од нашите молитви и возвишени пофалби што го китат неговиот маченички подвиг. Па затоа зарем е чудно тоа што рајчичкиот храм е преполн и што секоја верна душа овде гори од благодарност и желба да го приложи кон сеопштата прослава на Великомаченикот и својот скромен молитвен принос. Се радува и монашкото семејство, заблескано со уште три факели на нова подвижничка ревност, а присутните ја умножуваат нивната радост со своите весели Пасхални поздрави. Славниот патрон веќе измолил од Бога небесна благодат за сите нив и ликува со овој благочестив собор во негова чест.

Каков прекрасен и достославен амбиент за вдахновеното слово на возљубениот ни митрополит Тимотеј, кој чиноначалствува со ова благодатно литургиско собрание:

               

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.

Драги браќа и сестри,
Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј

Свети Јован Богослов го започнува Светото Евангелие со зборовите: „Во почетокот беше Словото, и Словото беше во Бога и Бог беше Словото“ (Јн. 1,1). Всушност Божјото Слово е Божјата волја која се исполнува. Слушајќи Го Божјото Слово, човекот постојано се вклопува во Божјото создание и постанува Божји соработник и ја преобразува и обожува својата природа. Најголемата објава на Словото Божјо е токму Богочовекот Христос Спасителот. Затоа и се вели: „И Словото стана тело и се всели во нас, полно со благодат и вистина; и ние ја видовме Неговата слава, слава како на Единороден од Отецот“ (Јн. 1, 14). Бидејќи Господ Исус Христос е Словото Божјо, секој кој Го слуша Него, Го слуша Словото Божјо. Но тоа слушање не се состои само во отворање на своите уши, туку првенствено со отворање на својата душа и срце. Во Делата апостолски се споменува една жена која била продавачка на ткаенини, по име Лидија Тијатирска. Неа Господ и го отворил срцето за да внимава на зборовите на апостолот Павле, па така не само со слушање на Словото Божјо, туку и со отворање на срцето, таа постанала прва христијанка (Дела 16, 14). Но, не е доволно само да се посее Словото Божјо во човековото срце. Потребно е тоа семе да се одгледува за да порасне и да донесе плодови во животот и работата на човекот. На тоа ни укажува и нашиот Спасител кога вели: „Секој што ги слуша и ги исполнува овие мои зборови, ќе биде како благоразумен маж кој си направи куќа на камен. И заврна дожд, и надојдоа реки, и дувнаа ветрови, и навалија на таа куќа, но таа не падна, оти беше изградена на камен“ (Мт. 7,24-25).

Бог ни зборува постојано, многупати и на многу начини (Евр. 1,1). Бог зборува на луѓето преку сите негови дела во природата, во светот и во животот. Се што постои во светот сведочи за постоењето на Бога и сите созданија Го величаат Бога како свој Создател и тоа сите на свој начин. Бог исто така, секојдневно ни зборува преку устата на Неговите многубројни небесни гласници – ангели и архангели, кои на најразлични начини делуваат на човековите срца и на нашата совест. Исто така зборува и преку Своите свети луѓе, преку Пресвета Богородица, пророците, апостолите, светителите, мачениците, исповедниците и останатите Негови угодници.

Христовите современици ги слушале Неговите зборови со воодушевување и се восхитувале на Неговата наука. Некогаш имало толку многу народ, што поедини луѓе се качувале по дрвјата и по покривите од куќите за да Го слушаат и да Го видат. Во една прилика, слушајќи ги неговите поучни зборови, една жена со повишен глас извикала од народот: „Блажена е утробата што те носела и градите од кои си се хранел. На тоа Христос и рече: Блажени се и тие што го слушаат и пазат Словото Божјо“ (Лука, 9, 27-28). Во овие изминати дваесет века многубројни се луѓето кои ги слушале зборовите Божји и постанале блажени, односно свети. Помеѓу нив е и светиот великомаченик Георгиј Победоносец, чиј спомен денес го прославуваме во овој манастир кој го носи неговото име.

За време на земниот живот на овој маченик Божји владеел Римскиот император Диоклецијан, како жесток гонител на христијанството. Така, свети великомаченик Георгиј бил на распаќе во изборот на еден од двата пата. Од една страна ги слушал зборовите на Господа Исуса Христа Кој вели: „Земи го својот крст и оди по Мене. Бремето Мое е лесно и јаремот Мој е благ. Јас Сум воскресение и живот. Кој верува во Мене, ако и умре – ќе живее“. Од друга страна го слушал гласот на демонот кој говорел преку устата на императорот: „Појди по мене. Си добил голема положба. Ќе ти дадам уште поголема. Имаш големи богатства. Ќе имаш уште повеќе“. Слушајќи ги овие спротивставени гласови, свети Георгиј се определил за Христа. Го поделил целокупниот свој имот на сиромашните и пред царот јавно ја исповедал верата за вистинскиот Бог. Го осудил многубоштвото и заблудата на идолопоклонството. Ги презрел сите земни слави и власти. Затоа бил подложен на најсвирепи маки и страдања и маченички го завршил својот христијански живот.

И ние како некогаш свети Георгиј, кој се наоѓал пред спротивставените повици на Бога и нечестивиот, се наоѓаме во исти состојби. Бог ни порачува да се однесуваме во овој свет онака како што сакаме и другите да се однесуваат со нас. Лукавиот, пак, ни вели дека ќе ни го даде целото богатство, доколку му се поклониме нему. Бог ни вели најпрво да ја чуваме нашата душа. Нечестивиот не учи да бидеме среќни уживајќи во што е можно поголеми задоволства на телото. Така секој човек се наоѓа на крстосницата помеѓу Бога и нечестивиот, помеѓу доброто и злото, помеѓу вистината и лагата. Спасителот и денес на сите ни вели: „Кој има уши нека слуша. Кој е од Бога ги слуша Моите зборови, а кои не ги слушаат не се од Бога“ (Јн. 8, 47).

Свети Георгиј нека ни послужи за зацврстување на нашата вера и по неговите молитви да измолиме благослов Божји за спасение на нашите души, сега и во сета вечност. Амин.

 

 

 

 

 

 

 

 

 Извор: https://bigorski.org.mk/vesti/bogosluzhbi/torzhestvo-na-sv-georgij-vo-rajchica/

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

БEСEДА  за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

 Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА...

Ако не влеземе сериозно на првиот степен од духовниот развој, засекогаш ќе останеме во една падни-стани состојба од предворјето на духовниот живот;во еуфоријата на Лазаревото враќање од мртвите и Христовиот дочек...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

Бог, како добар и милостив небесен Отец, секогаш е во состојба да ја слушне молитвата на своите добри чеда. Но, секогаш Бог не ги исполнува нашите молитвени барања. Причината треба...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

Христовиот крст е најтежок, зашто Он не страда за сопствените, туку за нашите гревови. Нас и сопствениот крст ни е тежок, а колку само е тежок крстот за целото човештво....

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Но, големо прашање е како не ни здосади ние самите да сме стално исти, формални, непроменети, непреобразени и неосветени; и како еднаш не ја освестиме потребата од сопствена промена и...

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

 Тоа е основното начело и смисла зошто Бог го створил човекот. Во рајот човекот живееше во согласност со неговата природа, во појавата на гревот се разруши таа природна состојба, и...

« »

Православен календар

 

03/05/2026 - недела

Преп. Теодор Трихина; Преп. Анастасиј Синајски; Блажениот Анастасиј Синаит патријарх Антиохиски; Блаж. Григориј патријарх Антиохиски; Св. апостол Закхеј; Преп. Атанасиј Метеорит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил  8 април/26 март 2026

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил 8 април/26 март 2026

Тебе, кој благовестуваше спасение на целиот род човечки Архангелу од родот Серафимски,Гавриле Божји гласниче, те молиме и со љубов и радост празникот...

Тропар на Благовештение на Пресвета Богородица 7 април/24 март 2026

Тропар на Благовештение на Пресвета Богородица 7 април/24 март 2026

Денес е почеток на нашето спасениеи откривање на вечната тајна:Синот Божји станува Син на Дева,и Гаврил блага вест објавува.Затоа и...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная