Отец Ефтимиј (Дионисијат)
Вечерта излегов на балконот од својата ќелија. Се загледав во небото посеано со безброј ѕвезди. Отец Ефтимиј дојде тивко кон мене: -Гледате во небото? Видете какво е великолепието и убавината на созданието. А како тоа, и зошто, за тоа не треба да се размислува. А ќе дојде време, многу од тоа ќе се разбере, па и тоа како да ја достигнеме големата молитва. Со разум тоа нема да го сфатиш. Неопходно е просветление (со Духот).