Венко Андоновски: Мажот на мојата жена
Судирот меѓу западниот и источниот начин на живот, за кои се напишани стотици брилијантни книги и од источни и од западни мудреци, на теренот на семејството станува многу подраматичен одошто на теренот на општеството. На општествен терен работите се разбистрија, барем површно погледнато (каков што е впрочем, површен денес и светот): постојат „прогресивна“ и „конзервативна“ општествена тенденција. „Прогресивната“ се вика либералкапитализам или глобализам, а „конзервативната“ – национализам (под што се сведува неправедно и патриотизмот, особено на Балканот).