Византиското пеење на листата на УНЕСКО е можност за регионална соработка
Во рамките на единствената музичка научна манифестација „Струшка музичка есен“ во организација на Сојузот на композиторите на Македонија, преку научни трибини и концерти веќе половина век се одвојува посебно внимание за македонското византиско пеење. Но она што го категоризира византиското црковно пеење како нематеријално културно наследство се токму неговото културно и социјално значење и неговата жива трансмисија и изведба.