логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 3.angeli.so.truba

Во почетокот беше Словото, и Словото беше во Бога, и Бог беше Словото...“ и „сѐ стана преку Него“ (Јн. 1, 1 - 3).



Човечкиот јазик е предназначен да изрази реалности од различни планови: постои житејски план на природни потреби; постои нему близок, а сепак од него различен план на примитивни душевни чувствувања и страсти; постои јазик на политичка демагогија; постои научен, философски, поетски јазик; на крај, највиш од сите – јазикот на Божественото Откровение, молитвата, богословието и другите односи меѓу Бога и луѓето - јазикот ЛИТУРГИСКИ.

Апстрактното познание на битието има метафизички корени; тука спаѓаат науката, философијата и, пред сѐ, Богопознанието. Зборовите кои ги изразуваат гореспоменатите видови познанија, исто како и Имињата Божји, потекнуваат од умната сфера, метафизичката. Истовремено, ним им е својствено во умот и срцето да предизвикуваат различни реакции, и во таа смисла они стануваат „условни рефлекси“ кои имаат непосреден, автоматски карактер. Пред секој јазик стои задача: да се воведе слушателот или читателот во областа во која дадениот јазик припаѓа. Сметајќи ја за „условно-рефлексивна“ енергијата на зборовите, ние сме должни особено внимание да обратиме на литургискиот јазик, кој е повикан во срцето и умот на оние кои се молат да предизвика чувствување на другиот, вишиот свет. Ова се постигнува со присуство на имиња и поими кои му припаѓаат исклучително на божествениот план; а исто така и со употребување на извесен број специфични форми изразување. Словените по промисла се обдарени со благословен јазик, кој векови служи само за богослужењето, Светото Писмо и молитвата, а никогаш на ниските животни потреби, па дури ни на црковната литература. Ние сме категорички убедени во неопходноста на употребата на овој јазик во богослужењето. Нема никаква потреба тој да се замени со јазикот на секојдневието, што неизбежно би го снижило духовното ниво и со тоа би причинило неизмерна штета. Неумесни се оправданијата како многумина современи, и тоа воглавно писмени, па дури и образовани, луѓе не го разбираат стариот црковен јазик. Совладувањето на невеликиот број слова кои не се користат во секојдневниот живот – за таквите луѓе е работа од неколку часови. Сите без исклучок трошат огромни сили за да ја усвојат комплицираната терминологија на разните области од научното или техничкото знаење; политичките, правните и социјалните науки; на философскиот или поетски јазик, и слично. Зошто тогаш да се принудува Црквата да го изгуби јазикот кој е неопходен заради изразување на за Неа својствените виши форми богословие или духовните искуства?

Сите кои искрено сакаат да се приопштат на вековната култура на Духот, лесно ќе најдат можност да го усвојат бесценетото богатство на свештениот славјански јазик, кој на чудесен начин соодветствува на великите тајни на богослужењето. Малкубројните особености на овој јазик го олеснуваат трудот на привременото ослободување од страсното секојдневие: „всякое ныне житейское отложим попечение“. 7

Кога при совршувањето на Литургијата би го употребувале јазикот на нашето секојдневие, во душите и во умовите на присутните би се раѓале реакции од нискиот план – на нашето физичко постоење. Човечкиот збор е образ на Превечното Слово на Отецот. „Преку Словото Господово беа создадени небесата... Он рече, и тие настанаа! Он заповеда, и се создадоа“ (Пс. 32, 6; 9). И нашиот збор поседува создавачка сила. „Словото на нашиот Бог останува вечно“ (Ис. 40, 8). И нашиот збор ја достигнува вечноста, ако е кажано на патот на Неговата волја. Со призивањето на Имињата Божји се совршуваат Светите Тајни на Црквата, вклучувајќи го и претворањето на лебот и виното во Тело и Крв Господова.

Зборовите на Литургијата и воопшто молитвите не се само човечки, туку и дадени Одозгора. Црковниот јазик се однесува на сферата на Божественото Битие; тој е должен да го изразува Откровението на Духот и од него предизвиканите умни виденија. Со слушањето на „словото Божјо“ (Рим. 10, 17) човекот се вдахновува на вера „која го победи светот“ (1 Јн. 5, 4; 1 Сол. 2, 13).


 

7,,Да ја одложиме секоја животна грижа“.

превод сестринството на манастирот


https://www.manastirslepche.mk/novost/liturgiski-jazik-arhimandrit-sofronij-saharov/

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3228
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7722
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

29/12/2024 - недела

Божикен пост (пост на масло)

Светиот пророк Агеј; Свети Никола Хрисоверг, патријарх Цариградски; Светата царица Теофанија;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Божји пророк Агеј 16 декември / 29 декември 2024

Тропар на светиот Божји пророк Агеј 16 декември / 29 декември 2024

Глас 2Агее свети пророче, ти кој поведен беше, храмот Господов духовно да го осознаеш, оној кој човек не го гради,туку Господ...

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная