логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

  Кондак 1

Избран мачениче и Божји угодниче, натопувајќи ја земјата со чесната твоја крв и испросувајќи од Бога плодородна земја, пофалби од длабочината на душата ти возгласуваме со песни. Ти кој имаш голема смелост пред Господа, од сите беди ослободи нѐ, за да ти повикуваме:

Радувај се, свештеномачениче Харалампие, милосрден наш застапниче пред Бога и прекрасен чудотворче!

Икос 1
Ангелите на небесата се радуваа на твојот непорочен живот, свештеномачениче Харалампие, зашто следејќи ги светите пророци и апостоли, ги упати луѓето на патот на спасението. Поради тоа ти повикуваме:
Радувај се, голем светилниче на Црквата!
Радувај се, проповедниче на правдата!
Радувај се, учителе на луѓето за вечниот живот!
Радувај се, изобличителе на идолослужењето!
Радувај се, од тебе сатаната се засрами!
Радувај се, со тебе верата Христова се прослави!
Радувај се, со Христовото Име демонската сила се сотре!

Радувај се, свештеномачениче Харалампие, милосрден наш застапниче пред Бога и прекрасен чудотворче!

Кондак 2
Гледајќи го твојот живот, исполнет со благочестие и чистота и слушајќи ги твоите пламени проповеди, слугите на Господ Исус Христос беа закрепнати во верата и благочестието, израдувани Му пееја на Творецот на сѐ: Алилуја!

Икос 2
Беше исполнет со разум просветен од Господа и украсен со долгогодишна мудрост, не сакаше да го послушаш советот на игемонот Лукиан за да пристапиш со жртва кон бездушните богови, и од големото мачење не се исплаши. Затоа ти повикуваме:
Радувај се, со пост и молитва стекна долголетие!
Радувај се, благ ревнителе против демоните!
Радувај се, победоносен носителе на Христовиот крст!
Радувај се, ги возљуби твоите мачители!
Радувај се, срцата кон Христос им ги обрати!
Радувај се, на нив вистинската вера се утврди!
Радувај се, од нив демонската прелест се посрами!

Радувај се, свештеномачениче Харалампие, милосрден наш застапниче пред Бога и прекрасен чудотворче!

Кондак 3
Закрепнат со силата од Вишниот, ги победи големите мачења, и стружењето со железните нокти. Се молеше кон Господа, да ги исцели болестите на твоите мачители и Му воспеа на Бога песна: Алилуја!

Икос 3
Имајќи голема милост Господова, се удостои свештеномачениче Харалампие на глас Божји од облаците да слушнеш, Него познавајќи Го благоволно да речеме:
Радувај се, земен светилниче!
Радувај се, се пресели во небесните населби!
Радувај се, собеседниче на ангелите!
Радувај се, сожител на пророците!
Радувај се, сопрестолниче на апостолите!
Радувај се, совоинствениче на мачениците!
Радувај се, се удостои на беседа од Господа!
Радувај се, ги услиша Господ твоите молитви!

Радувај се, свештеномачениче Харалампие, милосрден наш застапниче пред Бога и прекрасен чудотворче!

Кондак 4
Од голема бура секој град и село, трева и полиња се уништи; нашите човечки души се збунети од горката животна бура на злоба, неверие и злодела и нашиот живот го покрива мрак. Но, помогни ни, преславен свештеномачениче почитувајќи ги подвизите и твоите страдања, пеејќи за тебе на Прекрасниот во Своите Светии Бог: Алилуја!

Икос 4
Кога слушна нечестивиот римски цар Север, како во мачењето се јави несовладан, се исполни со гнев; ти со долготрпението кога остриот железен гребен беше прободен во твоето тело, не му рече ниту еден збор на твојот мачител, сето тоа со веселба и радост го претрпе. Поради тоа го почитуваме твоето долготрпение со овие зборови:
Радувај се, примере на духовната кротост!
Радувај се, поддржавателе на долготрпението на Господа Исуса Христа!
Радувај се, и безсловената твар на твоето прекрасно долготрпение се восхити!
Радувај се, Господ Бог со тебе беше во твоите мачења!
Радувај се, мноштво луѓе со твоето долготрпение ги приведе кон Господа!
Радувај се, од Господа прославен!
Радувај се, извор на исцеленија!
Радувај се, помошниче на човекот!

Радувај се, свештеномачениче Харалампие, милосрден наш застапниче пред Бога и прекрасен чудотворче!


Кондак 5
Боговодена ѕвезда си бил на некои жени, кога ги виделе твоите страдања и со умилно срце велегласно возгласиле:Божји човеку, чесна е твојата старост и Бог е со тебе, во Него имаме вера и Му пееме: Алилуја!

Икос 5
Кога ја виде царот Север чудотворната Христова сила во тебе, кога исцели некој човек во кого живееше бес, достојночуден свештеномачениче, се восхити на делото и рече: навистина е голем христијанскиот Бог! Затоа и ние, пофалувајќи ги твоите мачења и чудеса, преславен Христов исповедниче, ти повикуваме радосно:
Радувај се, прекрасен чудотворче!
Радувај се, победоносен поборниче за верата!
Радувај се, од огнот за жената неповреден остана!
Радувај се, со твоите чуда неверните луѓе со светото Богопознание ги осветли!
Радувај се, со твојот живот Божјото Име се прослави!
Радувај се, како добар Христов војник, ѓаволот трепери!
Радувај се, со молитва лекар на болните!
Радувај се, со твоето застапништво верните живот вечен наследуваат!

Радувај се, свештеномачениче Харалампие, милосрден наш застапниче пред Бога и прекрасен чудотворче!


Кондак 6

Мажествен проповедник беше сефален Харалампие, кога му зборуваше на царот: колку што рани ми нанесуваш што сето мое тело од нив се раздроби, толку во мене се радува духот мој. Разбирајќи ги овие зборови, мнозина луѓе го исповедаа Господа Исуса Христа и примија венец маченички, пеејќи на Бога: Алилуја!

 

Икос 6
Засветли Божјата семоќ и се јави страшната Божја закана, кога твоите нечестиви мачители хулеа на Христа Бога, зборувајќи бесрамно: земјата како лист се тресеше, и слушнаа сите од облакот страшен глас, имаше молњи и громови; ти сотвори молитва и престана страшната Божја закана. Затоа ти повикуваме:
Радувај се, разобличител на гордите!
Радувај се, духовен учител на бедните!
Радувај се, поразител на хулите за Господовото Име!
Радувај се, од Божјиот гнев луѓето ги избави!
Радувај се, небесните молњи и громови со молитва ги стивна!
Радувај се, луѓето од страв починати, ги воскресна!
Радувај се, големо незлобие спрема твоите мачители покажа!
Радувај се, поради тоа Господ загрме од воздушните облаци!

Радувај се, свештеномачениче Харалампие, милосрден наш застапниче пред Бога и прекрасен чудотворче!


Кондак 7
Сакајќи да ја спаси чистата душа на царевата ќерка Галина, за неа те јави Господ, о Харалампие, како светол ангел, мудар учител и апостол на Христовата вера. И разбирајќи ги твоите зборови, блажената Галина со умилно срце пееше на Бога: Алилуја!

Икос 7
Господ Бог те покажа како нов Јосиф, кога го разбра известувањето на блажената Галина од раскажаниот сон со видение, премудар. Видела голем сад покрај многу води, кое е дар на Светиот Дух, рај Господов, и во него прекрасно лозје, населби на праведните и стражар на тоа место, а Христос Бог носел овца на Своите рамења. Затоа ти повикуваме:
Радувај се, украс на старите!
Радувај се, хранител со дарот на Светиот Дух!
Радувај се, со ангелските хорови го славословиш Господа!
Радувај се, ги стекна рајот Господен и вечниот живот!
Радувај се, служител на нашиот Пастироначалник Христос Бог!
Радувај се, добар пастир на Христовото стадо!
Радувај се, украс во Господовото лозје!
Радувај се, утврдување на Христовата Црква!

Радувај се, свештеномачениче Харалампие, милосрден наш застапниче пред Бога и прекрасен чудотворче!

Кондак 8
Завршувајќи го текот на земното странствување, не сакаше да се покориш на волјата на нечестивите идолослужители и од вистинската вера да отстапиш, но вразумувајќи ги твоите мачители со твоите богомудри зборови, прими лути мачења за Христа, пеејќи победна песна на Господа Бога: Алилуја!

Икос 8
Сето свое срце исполнувајќи го со јарост, нечестивиот цар те даде на некоја жена вдовица за исмевање. Ти свет Харалампие, одејќи во нејзиниот дом, се потпре на некој дабов столб, набргу тој сув столб раззелени и порасна во големо дрво; тогаш таа жена од тоа се ужасна многу и кон Бога се обрати. Ние пак со умиление на срцето ти повикуваме:
Радувај се, Харалампие светол светилниче!
Радувај се, Христов угодниче, преисполнет со благодат!
Радувај се, и самото твое име со чудниот живот се оправда!
Радувај се, на вдовиците посредник и застапник!
Радувај се, со твоето учење мнозина кон Христа приведе!
Радувај се, на сиромашните надеж и закрепнување!
Радувај се, убавино на мачениците!
Радувај се, огледало на човекољубие!

Радувај се, свештеномачениче Харалампие, милосрден наш застапниче пред Бога и прекрасен чудотворче!

Кондак 9
Сето богатство на твојот ум, сите благодатни дарови, кој си ги примил од Господа Бога свет Харалампие си ги дал за служење на човекот, учејќи ги сите на вера и благочестие, и при крајот на твојата света смрт не се молеше само за себе, туку за спасение и благодејствие на сите, да го почитуваат светиот твој спомен и да се насладуваат со даровите од Господа Бога, пеејќи Му Нему: Алилуја!

Икос 9
Вештите многоглаголиви беседници не се способни достојно да ја величат твојата душа и твоето неискажано милосрдие, на кое ние недостојните се восхитуваме, во простота на срцата повикуваме:
Радувај се,светилниче, гревовниот мрак од луѓето со светата вера го отстрани!
Радувај се, со венец маченички повеќе од небесните ѕвезди заблеска!
Радувај се, по твоите молитви изданок за леб од Христа Бога испроси!
Радувај се, твојата чесна крв на земјата се проли!
Радувај се, со таа крв ја стекна Божјата добрина за нас грешните!
Радувај се, Господ ти рекол на тебе: нека биде твојот збор за исцеление на болните!
Радувај се, пријатно беше за Бога молењето од твоите усни!
Радувај се, на ожалостените благодатно утешение!

Радувај се, свештеномачениче Харалампие, милосрден наш застапниче пред Бога и прекрасен чудотворче!

Кондак 10
Сакајќи да ја спасиш твојата душа, во ништо твоето тело не го поштеди, свет мачениче и на тоа осудено мачење се радуваше, пеејќи со благодарност на Господ Бог: Алилуја!


Икос 10
Карпа и прибежиште ти беше, голем Харалампие. Господ Бог ти се јави во Својата слава во часот на твојот блажен крај. Затоа ти повикуваме:
Радувај се, пријателе Господов!
Радувај се, Господ ти го дава она за кое просиш!
Радувај се, ја виде страшната Божја слава!
Радувај се, заштитниче на луѓето од глад и море!
Радувај се, со Божјата сила прогонител на смртоносниот воздух кој ја погубува плодната земја!
Радувај се, учителе на трудољубието!
Радувај се, посредуваш за телесното здравје и спасение на душите!
Радувај се, за стоката која е создадена за потреба на човекот, се грижиш!

Радувај се, свештеномачениче Харалампие, милосрден наш застапниче пред Бога и прекрасен чудотворче!


Кондак 11
Сеумилно пеење, иако недоволно ти принесуваме, чудотворче: твориш чудеса, и нам грешните ни го покажуваш твоето милосрдие, на кое се восхитуваме, на Господа повикувајќи: Алилуја!


Икос 11
Биди светилник патоводителен Харалампие, за нас кои одиме во гревовната темнина, моли се на Господа да отстрани од нас секакво суеверие, да го просвети нашиот ум со светото Евангелие и учење, корисност од трудот на земјоделецот и во секоја работа, та просветлени со умот, со умиление на срцето да ти воскликнуваме:
Радувај се, неискажано миро, на човечкиот труд излиено!
Радувај се, пролет на Господово благоухание!
Радувај се, прекрасно дрво во рајот Господов!
Радувај се, мирисно кадило, од Господа осветено!
Радувај се, од твојата молитва сета земја се загрева!
Радувај се, со росата на твоето застапништво пред Господа, земните плодови се оросуваат!
Радувај се, покровител на земјоделецот!
Радувај се, помошник Домостроителот на животот!

Радувај се, свештеномачениче Харалампие, милосрден наш застапниче пред Бога и прекрасен чудотворче!

Кондак 12
Ја повика благодатта Господова во сите дела твои, повикувајќи: "Те молам, Господи, дај слава на Твоето Име: на местото каде ќе бидат погребани моите мошти, на тоа место да нема глад и убиства, или смртоносен воздух, погубување на плодот, туку мир меѓу луѓето и телесно здравје, на душите спасение и да има изобилен плод на земјата". О, Господи Боже наш! Изли ја благодатта од Твојата сила и на сите нас, кои Ти пееме: Алилуја!

Икос 12
Опевајќи ги твоите чуда, преславен Харалампие, го славиме долготрпението, твоето мачење и прекрасниот крај, и чудејќи се на твоето милосрдие, ти повикуваме:
Радувај се, за благовремен дожд пред Господа посредуваш!
Радувај се, по молитвите твои од бури и град нѐ чуваш!
Радувај се, испроси плодородност на местото каде што пострада!
Радувај се, се молеше кон Господа, да Тој Милосрдниот го испрати на земјоделецот за трудот Своето благословение!
Радувај се, непобедлив и несовладлив мачениче!
Радувај се, Божји свештениче, за целиот свет посредуваш!
Радувај се, надеж за сите кои на тебе се молат!
Радувај се, на земјоделците светла радост!

Радувај се, свештеномачениче Харалампие, милосрден наш застапниче пред Бога и прекрасен чудотворче!

Кондак 13
О, прекрасен Харалампие, наш премилосрден застапниче! Слушни го гласот на недостојните наши молитви и моли се за нас на Господа, да нѐ сочува од глад и сотирање, и меѓусебни војни, во секоја мирна работа испрати му на човекот Божји благослов, за да во векови Му пееме Нему: Алилуја! Алилуја! Алилуја!
(Овој Кондак се чита трипати, потоа пак Икос 1 и Кондак 1).


Молитва прва*
О, света и многустрадална главо, добар пастире на словесните Христови овци, свештеномачениче Христов Харалампие! Магнезиска пофалбо и славо во вселената, мирољубив светилниче и голем наш застапниче и помошниче во жалостите, бедите и секакви потреби! Услиши нѐ нас грешните, кои кон тебе доаѓаме и ти се молиме, избави нѐ од секое зло што нѐ опкружува. Ти доби од Бога благодат и голема сила, и трпение за многуте твои мачења, која насекаде и за сѐ ни помага, а најпрвин го почитуваме твојот спомен со бдение, песна и усрдно молење. Целосна благодат ти се даде, Христов свештеномачениче од кога ти се јави Господ Царот на славата по твоето барање. Кога на посечување со меч те осудија, го слушна посакуваниот и сладок глас, кој ти рече: "Дојди, Харалампие, Мој пријателе, многу маки поради Моето Име претрпе, барај од Мене што сакаш и ќе Ти дадам". Ти голем светилниче, кажа со своите усни на Христос Господ: "Господи мој на невечерниот Свет, голема работа е за мене од Тебе кое ми го дарува ова да го видам. Ако му е угодно на Твоето величество, Те молам, благослови, дај ми ја сета Твоја милост: таму каде што ќе бидат погребани моите мошти и го почитуваат моето мачење, на тоа место да нема ниту глад, колера, или смртоносен воздух, уништување на плодовите, туку да има мир, телесно здравје и на душите спасение, изобилие на пченица, вино, масло и умножување на стоката за потреба на човекот". Ти пак, Христов угодниче Харалампие, многустрадален, го слушна гласот Господов кој ти рече: "Нека биде по твојата молба, Мој преславен војнику". После ова кажано ја предаде својата душа на Господа без да те посечат со меч, и замина следејќи Го Христа Господа со голема слава. Ангелите те сретнаа и испратија до Господовиот Престол со голема радост. И така прими венец на слава од Божествените Негови раце со хорот на светиите, вечно славејќи Го пресветото име на Господа. Таму пребивајќи во Небесна слава, погледни и нас грешните Божји угодниче, кои се молиме на тебе, спомни нѐ пред Господа, за да ни ја подари големата Негова милост во бесконечните векови. Амин.*

Молитва втора*
О, прекрасен свештеномачениче Харалампие, несовладлив мачениче, Божји свештениче, за целиот свет посредувај! Погледни на нашето молење, кои го почитуваме твојот свет спомен. Измоли од Господа Бога опростување на нашите гревови за да не се разгневи на крајот на нас Господ: грешиме и недостојни се јавивме за Божјото милосрдие. Моли го за нас, Господа Бога, да испрати на нашите градови и села мир, да нѐ избави од нападите на другоплемениците, меѓусебните кавги и секаква неслога и растројство! Утврди ја свештеномачениче, верата и благочестието во сите чеда на православната христијанска црква, да нѐ избави Господ Бог од ерес, раскол и секакво суеверие. О, милосрден мачениче! Моли се за нас пред Господа, да нѐ сочува од глад и секаква болест, да ни даде изобилие на земните плодови, стоката да ја умножи за потреба на човекот и сѐ што ни е потребно: најпрвин да се удостоиме по твоите молитви, во Небесното Царство на Христа нашиот Бог, на Кому Му прилега чест и поклонување, со Беспочетниот Негов Отец и Пресветиот Дух, сега и секогаш и во вечни векови. Амин.*

Молитва трета*
О, свештена главо, добар пастир на словесните Христови овци, свештеномачениче Христов Харалампие, голем застапниче за нас во жалостите, бедите и сите потреби! Услиши нѐ грешните и недостојните твои слуги (имиња), коишто се молат на тебе, та по твоите силни молитви Себлагиот Господ да нѐ избави од секое зло што нѐ опкружува, да ни ги прости сите согрешенија, сакани и несакани, да нѐ удостои следните години од нашите живот да ги завршиме во исполнување на Неговите заповеди и покајание. Испроси Божји угодниче од Царот Небесен благослов над името Македонија, да има на тоа место мир, здравје и спасение на душите. На тоа по твоето молење се надеваме, свештеномачениче Христов Харалампие, и да примиме голема милост од Господа во вечни векови. Амин.*

*Тропар, глас 4*
Како избран столб на Црквата Христова, и светилник кој секогаш сјае во целата вселена, се покажа ти, премудар Харалампие.
Засветли во светот твоето мачеништво, го разруши ти блажен, идолскиот демонски мрак, и сега бидејќи стоиш пред Христа, моли се за нашето спасение.

Крај, слава и пофалба на Бога!

 

Превод на сестринството на Слепченско Претеченската обител

 

Извор:

https://www.manastirslepche.mk/novost/akatist-na-svetiot-sveshtenomacenik-haralampij/

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3228
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7723
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

29/12/2024 - недела

Божикен пост (пост на масло)

Светиот пророк Агеј; Свети Никола Хрисоверг, патријарх Цариградски; Светата царица Теофанија;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Божји пророк Агеј 16 декември / 29 декември 2024

Тропар на светиот Божји пророк Агеј 16 декември / 29 декември 2024

Глас 2Агее свети пророче, ти кој поведен беше, храмот Господов духовно да го осознаеш, оној кој човек не го гради,туку Господ...

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная