логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

 

 

Светиот Гроб е затворен од средата, 25 март 2020, за една седмица, заради заштитни причини, поради епидемијата на коронавирусот.

Затворањето на Храмот било одлучено по средбата што се одржала меѓу претставници на израелската полиција и претставниците од црквите, рекол Уади Абу Насар, претставник на Синодот на католичките епископи на Светите Места, откако израелската влада претходно донесла построги мерки, со цел да се спречи ширењето на вирусот.

„Она што го разбравме е дека оваа наредба важи за една недела, иако никој не знае колку време ќе трае оваа криза“ – рекол Насар.

Абид Џудех, Палестинец, чијашто фамилија чува еден од клучевите на храмот, го потврдил ова решение преку Фејсбук.

Некој фоторепортер од Француската агенција рекол дека ги видел властите како го затвораат Храмот во 5 часот попладнето.

Затворањето на Храмот се случува додека Христијаните од сите деноминации се подготвуваат за Пасха, период кога вообичаено илјадници поклоници и туристи притекнуваат во Ерусалим, чиишто улици сега се речиси пусти. Пасхата на Римокатолиците оваа година се паѓа на 12 април, а на Православните една недела подоцна.

Абу Насар рекол дека „ако, не дај Боже, оваа состојба се одолговлечи и стигнеме до периодот на Пасха“, црковните власти се надеваат дека ќе се најде некое решение, за да би можело да се служат Богослужбите од Страната Недела и да би се прославило Воскресението, веројатно ограничувајќи го бројот на присутните во храмот.

Израелските власти вчера побарале да се затворат и сите синагоги, а молитвата да се одвива на отворено, без собирање на повеќе од 10 луѓе секој пат. Исто така, еврејските верници биле повикани да не ги целиваат камењата од древниот ѕид, на крајот од Гората на Храмот. Оваа недела престанеле и сите молитви во муслиманскиот храм Ал-Акса. 

 

https://bigorski.org.mk/vesti/svet/zatvoren-svetiot-grob-hristov-vo-erusalim/

 

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 3412
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 3241
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…