Што вели Преданието за содржината на Велики Четврток (21.04.2022)
Целоноќната служба на Велики четврток ѝ е посветена на Тајната Вечера, на којашто Спасителот ја востанови Тајната на Светата Евхаристија, оставајќи заповед Пасхата на Новиот Завет да се вкусува во Негов спомен, на Неговото Тело и Неговата Крв пролеана за отпуштање на гревовите. Во богослужењето на овој ден се говори и за предавството на Јуда.