Свети Василиј Велики: „ Пат се нарекува животот...“
Ти гледаш во тој пат: растенија, животни, вода, суша, луѓе и што ли не достојно за окото – ќе му се порадуваш и одминуваш. Понатаму, сретнуваш камења, пропасти, трња, скали, ѕверови и што ли уште не непријатно – ќе потажиш за тоа и го продолжуваш патот. Тоа е животот – тој нема задоволства постојани; ниту, пак, болки бескрајни.