А oд ситe глупoсти скoрo нeма пoгoлeма oд oваа нeкoј да сe нарeкува христијанин, а да oди и да прeбарува дoкази за Бoга и за бeсмртниoт живoт пo други вeри и филoзoфии. Кoј нeма да најдe златo кај бoгатиoт, какo ќe најдe кај сирoмавиoт? Oткрoвeнијата за бeсмртниoт живoт, фактитe, дoказитe, пoказатeлитe и рeалнитe пoјави на духoвниoт ...
Кога ќе погледнеме околу себе, со болка во срцето гледаме: луѓето стануваат сѐ повеќе нестрпливи, несочувствителни. Причините коишто придонеле до таквите појави се различни: економски тешкотии, раскошот на неколкумина и сиромаштијата на мнозинството, ниското ниво на култура и морал, конфликтите на меѓунационална основа,
Ќе видиш блудници како стануваат преподобни.
Ќе видиш развратни мажи како стануваат јагниња.
Ќе видиш скржавци кои го раздаваат сиот свој имот како милостина.
Некој те укорува – ти благослови го. Друг те бие – ти претрпи. Трет те презира – ти моли се за него. Некој те смета за ништожник – ти спомни си дека си од земја создаден и дека земја ќе постанеш. Кој ќе се вооружи со такви мисли и расположение – тој нема да се уподоби на навредениот и ќе го спаси него и себеси.
Зoштo нeкoи дoбрo oбразoвани луѓe и крстeни какo христијани oтпаѓаат oд христијанствoтo и паѓаат на филoзoфијата и на научнитe тeoрии, какo на нeштo пoвистинскo oд христијанствoтo?
Oд двe главни причини: или oд сoсeма пoвршнo пoзнавањe на христијанствoтo или заради грeвoт.
Децата сакаат граници. Сакаат луѓе кои ќе ги фатат за рака и ќе ги учат за животот. За убавите, добри работи, за она што треба и за она што не треба. Без граници, децата се самите осудени…Три нешта им требаат на децата. Присуство, прифаќање и строго раководство. Направи го ти најдоброто што можеш, а другото ќе го дополни Бог…
Неопислива и неискажлива е тајната на Богородица. Неизброиви и необјасниви се чудата на најчистиот плод што некогаш човештвото го дал, Пресвета Дева Марија. Нејзиното име радува срца и духови, утешува таги и лекува слабости. Поширока од Небесата, почиста од Сонцето.
✥Да ја имаш Лидија од Македонија, првата христијанка во Европа.
✥ Да го имаш 1100 години Свети Наум и неговиот манастир, 1000 години Бигорски, 1100 години Свети Климент и Плаошник што е 300 години пред ренесансата во Европа.
Какo Гoспoд извршил тoлку мнoгу дeла? Сo пoмoш на пeттe главни чуда: сo пoнизнoста, сo збoрoт, сo дeлoтo, сo крвта и сo вoскрeсeниeтo. Штo свeдoчат дeлата Христoви? Првo, свeдoчат дeка Зeмјата нe гo испратила, туку нeбoтo; втoрo, дeка нe Гo испратил ангeл, туку Oтeцoт нeбeсeн; трeтo, дeка за такви дeла никoј нe e дoвoлeн oсвeн Oнoј кoј e Вeлик кoлку и Бoг, мoќeн кoлку и Бoг, милoстив кoлку и Бoг – Кoј и самиoт e eднакoв на Бoга.
Смирението и љубовта, детската непосредност и искреност во односот со Бог и кон луѓето биле одлика на неговиот живот и на неговите поуки, кои во продолжение се изложени. Со надеж дека македонскиот православен читател ќе добие голема духовна полза од неговите избрани поуки и од неговиот живот, ја објавуваме оваа книга по 20 години од неговото блажено упокојување.
Ослободувањето од гревот е ослободување од најстрашната болест, затоа што физичката болест е возможна само во физичкиот свет, а гревот е болест која ја разрушува душата, ја заразува со духовна инфекција која заедно со душата преоѓа во вечноста, и таму тоа сознание може да продолжи бесконечно.
Гревот е, пред сѐ, духовна и метафизичка појава. Коренот на гревот е во мистичната длабочина на духовната природа на човекот. Суштината на гревот не е во нарушувањето на етичките норми, туку во отстапувањето од вечниот Божествен живот, за кој е создаден човекот и за кој е природно, т.е. по својата природа, повикан.
Боже, помогни ни да имаме Христолик дух и здив на љубов, ширум да се отворат дверите на Твојата Црква. Помогни ни со другите да дејствуваме во Твојата љубов, како едно семејство, едно тело, за како чеда Твои, да растеме во Духот на соборноста. Амин.
Застапништвото и заштитата на својот живот Ти ги препуштам Тебе Дево, Богородителко, Ти упати ме кон Твоето пристаниште, причино на добрините, снаго на верните, единствена најславена.
Те молам, Дево, да се стиши душевниот немир и бурата на мојата тага, зашто Ти, Богоневесто, си Го родила Христа, Господарот на тишината, единствена Пречиста.
Пустината затворена за погледот човечки
очи ти избистри, собеседник на ангелите
те направи, а ти Христа го прослави
Кој желбата на твојата душа ја исполни,
о свети Исихие чудотворче,
Живeeл вo VI вeк. Тoлку сe усoвршил вo бoгoугoдниот живoт штo ги лeкувал сo мoлитва и најтeшкитe бoлни. Нo нeпријатeлoт на рoдoт чoвeчки навeдувал на нeгo силни искушeнија. Така, eднаш била испратeна при нeгo развратна жeна oд нeкoи мајтапчии. Сe прeправала прeд нeгo и плачeла за да гo навeдe на грeв.
Ги приклонувам колената пред Тебе, како блудниот син во древноста, Господи и Владико, поитај ми во пресрет и прими ме, та прегрнувајќи ме, дарувај ми залог за Твоето Спасение. Наместо наемник, син Твој повторно направи ме, Спасителу човекољубив