логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


УТРЕНА


✜✣✜


Тропар, глас 7.

Си се преобразил на Гората, Христе Боже, Ти Кој на учениците им ја покажа Твојата слава, колку што поднесуваа. Да ни засветли и нам, грешните, Твојата вечна светлина, по молитвите на Богородица, Подателу на светлина, слава Ти.

✜✣✜


Седален, глас 4.

Покажувајќи ја измената што ќе ја претрпат луѓето со Твојата слава, при Второто и страшно пришествие, Спасителу, си се преобразил на Таворската Гора. Илија и Мојсеј говореа со Тебе, а тројцата од Тебе повикани ученици, кои ја видоа Твојата слава, Владико, му се восхитија на Твоето блескање. Како што нив ги осветли, така просветли ги и душите наши.

✜✣✜


Седален, глас 4.

На Таворската Гора си се преобразил, Исусе, и светол облак, што како шатор се протегаше, апостолите ги покри со слава. Затоа и со лицето паѓаа кон земјата, не можејќи да ја поднесат непристапната светлина на Твоето лице, беспочетен Спасителу, Христе Боже. Како што тогаш ги осветли нив, така просветли ги и душите наши.

✜✣✜


Величание: Те величаме, животодавче Христе, и го почитуваме преславното преображение на Твоето пречисто тело.

 

Избран псалм:

Голем е Господ и многу фален во градот на нашиот Бог, на Својата света гора. Господ ги подигна понижените, смирените ги вознесува. Кој може да излезе на гората Господова и кој ќе застане на неговото свето место? Господи, кој може да престојува во Твоето живеалиште? Кој може да се всели на Твојата света гора? Испрати ја Твојата светлина и Твојата вистина. Посветол си од светлината, повеличествен од древните гори! Вселената и она што ја исполнува Ти си ја основал. Тавор и Ермон за Твоето име се радуваат. Тие одат во светлината на Твоето лице, Господи. За Твоето име се радуваат цел ден. И благоволението на нашиот Господ Бог нека биде со вас, од сега и довека. Слава, и сега: Алилуја (3-пати).

✜✣✜


Седален, глас 4.

Кога се искачи на Гората со учениците, и кога болсна во славата на Отецот, Мојсеј и Илија стоеја крај Тебе, бидејќи Законот и пророците Ти служат Тебе како на Бога. А Отецот, признавајќи го Твоето синовство по природа, Те именуваше Негов возљубен Син. Со Тебе, Го воспеваме и Него, заедно со (Светиот) Дух.


Слава, и сега, глас 8.


Скриената молња под телото на Твојата природа, и божествената убавина, Христе, си ја покажал на Гората света, Добротвору, кога ги осветли апостолите што беа со Тебе; и, кога ја разбраа Твојата неподнослива слава, повикаа: Ти си свет, бидејќи, иако си непристапен, во светот си виден во тело, единствен Човекољупче.


✜✣✜

Стихира самогласна, глас 6.

Откако на оние што се искачија на Гората со Тебе им откри само мал зрак од Твоето божество, Спасителе, ги направи љубители на Твојата небесна слава. Затоа восхитено викаа: Добро ни е да бидеме овде. Со нив и ние Те воспеваме Тебе, Спасителот Христос Кој се преобрази, во вековите.


✜✣✜

Кондак, глас 7.

На гората си се преобразил, Христе Боже, и Твоите ученици ја видоа Твојата слава колку што поднесуваа; та, кога ќе Те видат како се распнуваш, да разберат дека Твоето страдање е доброволно, и на светот да му проповедаат дека си Ти, навистина, светлината на Отецот.


Икос: Станете, мрзливи, кои секогаш лежите на земјата, кренете се и издигнете се кон висините на Божјото вознесување; заедно со Петра и со синовите Заведееви да се искачиме на Таворската Гора, славата на нашиот Бог со нив да ја видиме, да го слушнеме гласот што тие го слушнаа од небото, и на светот му ја проповедаа Светлината на Отецот.


✜✣✜


Песна 9.


Припев: Величај Го, душо моја, Господа, Кој на Тавор се преобрази.


Ирмос: Твоето рождество се покажа нетлено: Бог помина низ твојата утроба, како носител на тело се јави на земјата и со луѓето поживеа. Затоа, Богородице, сите ние те величаме.


Учениците, од страв обземени пред новата светлина што ги озари, восхитени еден друг се гледаа и, на земјата паднати, Тебе, Господарот на сите, Ти се поклонија.


Потврдувајќи го чудото, од облакот се слушна гласот на Бога, Отецот на светлините, Кој на апостолите им викаше: Овој е Мојот возљубен Син, Него послушајте Го.


Кога на Тавор го видоа ова ново и необично чудо, и го слушнаа гласот на Отецот, слугите на Словото викаа: Овој е нашиот Спасител, сликата на првобитната убавина.


Неизменлива слико на Оној Кој Е, неподвижен, непроменлив печату, Сине, Слово, мудрост и моќ, десницо, на Севишниот – сило, со Отецот и со Духот Те воспеваме.

 

Вториот канон.


Ирмос: Секое уво беше обземено од чудење пред неискажливото Божјо понижување, зашто Вишниот доброволно слезе дури и во тело, кога стана човек од девствената утроба; затоа, ние, верните, Пречистата Богородица ја величаме.


За да ни покажеш јасно како ќе биде Твоето страшно Второ пришествие, Севишни Боже, и дека ги надминуваш сите богови, Ти неискажливо засветли на Тавор меѓу апостолите, Мојсеј и Илија. Затоа Христе, сите ние Те величаме

Дојдете, народи, и следете ме; да се искачиме на Гората света наднебесна, духовно да застанеме во градот на Живиот Бог, и мисловно да Го созерцаваме нематеријалното божество на Отецот и Духот, Кој во Единородниот Син засветли.

Ти ме привлече со љубовта, Спасителе, и ме преобрази со божествениот копнеж за Тебе. Но, со нематеријалниот оган, согори ги моите гревови, и удостој ме да се наситам со Твојата храна, та радосно да ги величам, Благи, Твоите величија.

✜✣✜


Светилен.

Светлино неизменлива, Слове, на неродениот Отец Светлина, во Твојата светлина, денес на Тавор покажана, ја видовме и Светлината на Отецот, и Светлината на Духот, Кој во светлина го води сето создание.

Подготви: Светланка Трајчева

 

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2089
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2107
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 550
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

15/05/2026 - петок

Свети цар Борис-Михаил Покрстител ; +Пренос на моштите на Свети Атанасиј Велики; Светите маченици Борис и Глеб; Светите маченици Еспер, Зоја, Киријак и Теодул;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на преносот на моштите на светиот Христов архиепископ Атанасиј Велики 15 мај/ 2 мај  2026

Тропар на преносот на моштите на светиот Христов архиепископ Атанасиј Велики 15 мај/ 2 мај 2026

Велик си ти Атанасие слуго на Бога Живиот, исповедниче на православието, учителу на верата која спасува, преку тебе Духот Свети...

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная