СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН - Покајна молитва
Јаден сум јас! Јадно е моето секојдневно покајание, бидејќи нема цврста основа! Секој ден поставувам основа на градбата, и пак со сопствените свои раце ја уривам! Моето покајание сеуште нема добро начело. А крајот на лошата моја волја не се гледа. Јас сум заробен од страстите и од злата волја на ѓаволот, кој ме погубува.