Во вторникот од Страсната седмица се сеќаваме на приказната за десетте девојки од Евангелието.
Затоа, Христе Младоженецу, вброј не со мудрите девојки и помилуј нè. Амин.
Христос проповеда во Ерусалимскиот храм. Старешините еврејски Го бараат да Го фатат и убијат.
Синаксар
Зошто спиеш, душо моја? Зошто ги губиш деновите во бескорисни грижи? Зошто си зафатена со минливи работи? Последниот час е близу и наскоро се разделуваме од овдешните работи. Додека уште има време, вразуми се и извикај: Ти згрешив, Спасителу мој, не сечи ме како бесплодната смоква, но, Христе, заради твоето благоутробие, сожали се на мене кој Ти викам во страв. Не оставај ме пред одајата на Христовите невести!
Утрена, Велик Вторник
Да ја отфрлиме леноста и да појдеме во пресрет на Христа, бесмртниот Младоженец, со запалени светилки и пеејќи песни: Сите дела Господови, благословувајте Го Господа.
Нека има доволно масло во садовите на нашите души и тела и тогаш нема да ја загубиме платата заминувајќи да купиме и, да запееме: Сите дела Господови, благословувајте Го Господа.
Примивте еднаква благодат од Господа, умножете ги талантите со помош на Христа кој ви ги даде и пејте: Сите дела Господови, благословувајте Го Господа.
Те фалиме, Те благословуваме, Ти се поклонуваме, Господи...
Утрена , Велик Вторник
Читање од Светото Писмо:
Свето Евангелие по Јован 12, 17-50
Подготви: А.Л.