Божествена Литургија во храмот на св.пророк Илија, Скопје (02.07.2017)
Човековото спасение зависи од молитвата, бидејќи тоа е она што приближува и соединува кон Бог. Кога човекот се наоѓа во близина Божја, наполно природно е да не скршнува од етичкиот пат, зашто вложува внимание во секој свој чекор. И покрај сето наше внимание, ѓаволот не престанува да нe сопнува, зашто сака да нe изненади во миг на слабост и да нe одвлечка на својот пат, кој секогаш води вртоглаво надолу.